Прв брифинг со медиуми на собранискиот спикер Гаши


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе одржи неформална средба со претставниците на медиумите, на која, како што е најавено, ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. Во меѓувреме, не престануваат партиските преписки за неговата интерпелација која е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември годинава, поднесена […]

Сончево и топло време, температура до 36 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во северозападните планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки […]

Зголемувањето на платите во фокусот на политичките препукувања


Власта и опозицијата со спротивставени ставови околу барањата на синдикатите за зголемување на платите. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да разговара со синдикатите и дека поголеми плати ќе има тогаш кога за тоа ќе има услови, додека за лидерот на опозицијата Венко Филипче, барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците, а власта […]

Новиот француски амбасадор е дипломат од кариера


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Франција во Скопје, Кристоф ле Риголер. Посакувајќи му на амбасадорот Ле Риголер срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија, министерот Муцунски изрази задоволство од досегашниот политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави посветено […]

За Дуров има 12 обвиненија во Франција, вклучително за дрога, детска порнографија и перење пари


  Основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој беше приведен во Париз, е осомничен за 12 кривични дела. Ова се наведува во официјалното соопштение за печатот на француското обвинителство. Конкретно, Дуров е обвинет за: – соучесништво во администрирање на онлајн платформа за спроведување нелегални трансакции на организирани групи; – одбивање да се обезбедат информации или документи […]

Тотален цинизам: Како веќе никој во ништо не верува во Бугарија


Мојата генерација е една од оние кои генерално се скептични за партиски организирано изразување на чувствата, затоа што се сеќаваат на преносите на конгресите на БКП, задолжителните манифестации и дефилирањата со плакати, обрачи и други реквизити на младите луѓе во маици без ракави и шорцеви пред трибините на геронтократијата на Комунистичката партија. Овој неизбришлив спомен […]

Зеленски: Украина подготвува одговор на руските ракетни напади


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со главниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за одговорот на денешните руски ракетни напади. „Денот го започнав со подолг разговор со началникот на Генералштабот Сирски, каде што разговаравме за одбивањето на ракетниот напад и нашиот одговор на Русија. Подготвуваме одговор, како во однос на употребата на […]

Макрон отфрла можност за левичарска влада, започнуваат нови консултации во Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во име на „институционалната стабилност“, ја отфрли опцијата за формирање левичарска влада и најави нови консултации „со одговорните во партиите“ и „со истакнати личности“, се наведува во соопштението од Елисејската палата. Макрон ги повика социјалистите, еколозите и комунистите да „соработуваат со другите политички сили“. Притоа, тој не ја спомна партијата […]

Патниците имаа среќа: Авиокомпанија случајно продаде билети од прва класа евтино


 Авиокомпанијата „Qantas Airways“ случајно продала билети од прва класа за лет до Соединетите Американски Држави за помалку од 3.300 долари или со попуст од 85 проценти. На 22 август патниците подигнале 300 билети во рок од осум часа, соопшти денеска авиокомпанијата, објави Блумберг. Qantas моментално нуди повратни летови од прва класа од Сиднеј до Лос […]

Шестмина загинати во најмасовниот руски воздушен напад на Украина досега


Најмалку шест лица загинаа, а десетици се ранети во денешниот руски воздушен напад, кога беа истрелани проектили и беспилотни летала во повеќе од половина од регионите на Украина. Како што пренесува Би-Би-Си, исто така погодена е енергетска инфраструктура, предизвикувајќи широко распространето затемнување, откако целата земја беше ставена под тревога за воздушен напад и на населението […]

Монсунските поплави во Бангладеш однесоа 20 животи и погодија повеќе од пет милиони луѓе


Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 5,2 милиони луѓе се погодени во Бангладеш од поплавите предизвикани од монсунските дождови и излевањето на реките, соопштија властите. Поплавите оставија многу луѓе изолирани и итно им е потребна храна, чиста вода, лекови и сува облека, особено во оддалечените области каде што патиштата се блокирани, што го отежнува […]

Запалил кабел, изгореле 10 илјади метри квадратни: Приведен кичевец поради предизвикување пожар


Полициски службеници денеска околу пладне на булеварот „Ослободување“ во Кичево го лишиле од слобода Р.Х.(27) од Кичево под сомнение дека предизвикал пожар. Тој се сомничи дека во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу десет илјади метри квадратни. Во гасењето […]

Каја Калас пристигна во Брисел: „Нови почетоци“


Поранешната премиерка на Естонија, Каја Калас, која лидерите на ЕУ ја назначија за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, пристигна во Брисел за да се сретне со своите нови колеги во дипломатската служба на ЕУ и Европската комисија. . „Нови почетоци: Само што пристигнав во Брисел и со нетрпение очекувам да […]

Изложба по повод роденденот на Мајка Тереза во Приштина


Косовските здруженија „Организација албанство“ (“Organizata Shqiptaria”) и „Уметници за уметници“, заедно со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија од Скопје, ја отворија денеска манифестацијата “Денови на Мајка Тереза“, со изложба во центарот на косовската престолнина во чест на роденденот на светицата и добитничка на Нобеловата награда за мир, јави дописникот […]

Министерство за енергетика: Почнува имплементацијата на Патоказот за праведна транзиција


Под претседателство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржан е состанок на Советот за праведна транзиција на кој се дадени насоки за идните активности што треба да се спроведат во рамки на Патоказот за праведна транзиција.  Од Министерството за енергетика информираат дека е ревидирана сегашната структура за водење на овој процес […]

Хорнер: На Верстапен ќе му биде многу тешко да го победи Норис доколку Ред Бул не најде решение за проблемите


Директорот на тимот Кристијан Хорнер предупреди дека на Макс Верстапен ќе му биде „многу тешко“ да го запре Ландо Норис во трката за светската титула во Формула 1 доколку Ред Бул не може да најде одговор за извонредниот напредок на Мекларен. Норис го победи Верстапен за повеќе од 20 секунди на трката за ГН на […]

Косовските партии можат да потрошат најмногу до два милиони евра на кампањата за идните избори


Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) одлучи дека секој политички субјект, кој ќе биде сертификуван за учество на парламентарните избори на 9 февруари 2025 година, за изборната кампања има право да потроши до два милиони евра. Според одлуката на ЦИК, дозволената точна сума за максимални трошоци е два милиони 47 илјади 149 евра и таа […]

Објавена Шангајската листа за 2024: И годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 1.000


На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа. Во првите десет, само два се од Европа, и тоа британските Кембриџ, […]

Комерцијална банка ја објави понудата за преземање на Стопанска банка Битола, краен рок за прифаќање е 22 септември


Комерцијална банка Скопје денес официјално ја објави понудата и проеспектот за преземање на Стопанска банка Битола. Според информациите доставени до Македонската берза, понудена е цена од 3.200 денари за една акција, а крајниот рок до кога же може да се произнесат акционерите на Стопанска банка Битола е 22 септември оваа година. „Комерцијална банка АД Скопје […]

Капетанот на суперјахтата  „Бејжн“ се соочува со истрага за убиство од небрежност


Капетанот на луксузната јахта „Бејжн“ што потона во близина на Портчело, крај брегот на Сицилија, минатата недела,  ќе се соочи со истрага за можни обвиненија за убиство од небрежност и бродолом од небрежност, објави во понеделникот италијанското обвинителство. Џејмс Катфилд (51) беше шеф на екипажот на јахтата долга 56 метри (184 стапки) кога минатиот понеделник […]