Најниска температура измерена во Лазарополе, највисока во Скопје-Зајчев Рид


Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 11 Целзиусови степени, а највисоки 23 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид. Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија […]

Мицкоски има свои причини за одложување на Коридорот 8, а Бугарија не е најважна од нив


  Земен е огромен заем за проект кој ќе раселува семејства, е бескрајно тежок за реализација и ќе заврши со „слеп“ тунел на границата бидејќи другата страна не работи на тоа. Ова е резиме на учебнички аргументи за замрзнување на проект на претходната влада, неприоритетен за новата. Кабинетот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски ги користи […]

Ангелов: Состојбата со пожарите се влошува, внимателно да не предизвикате пожар!


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите повторно се влошува и апелира до граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожар. „Состојбата со пожарите на отворен простор повторно се влошува. Апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително поведение молам веднаш […]

Театарот „Војдан Чернодрински“ со „Аудиција“ гостува на фестивал во Србија


Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вечерва, 28 август 2024/среда/ од 20.00 ч. ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар, што до 2 септември се одржува во Чортановци, во близина на Нови Сад, Србија.       Нашиот театар со „Аудиција“ […]

Хрватска и Црна Гора рекордери по бројот на туристи по глава на жител


Во Шпанија граѓаните протестираат против премногу туристи. Во исто време, оваа земја не е ни блиску до врвот кога е во прашање бројот на туристи по глава на жител. Тука водат Хрватска и Црна Гора. Рекордер меѓу градовите е Дубровник. Кога станува збор за поимот „overtourisam“, повеќето луѓе пред се помислуваат на Мајорка, Венеција или […]

На Јужна Европа ѝ се гади од туристи


На Рим, Барселона и Атина им е преку глава од  туристите.Додека пандемијата „Ковид-19“ езбеди добредојден одмор за многу локални жители, проблематичните туристи повторно ги размрдуваат нервите.Толку многу што локалните жители и активисти излегуваат на улиците во различни градови низ Шпанија, Италија, Португалија и Грција, некои вооружени со водени пиштоли и налепници кои им кажуваат на  […]

Макрон пристигнува во Србија. Ќе разговара за борбени авиони и нуклеарна енергија


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска доаѓа во дводневна посета на Србија, во време на големи предизвици со кои се соочува неговиот домаќин Александар Вучиќ, пред се поради се помасовните и пожестоки протести против ископувањето на литиум. Шефот на француската држава во Белград се очекува како „традиционален пријател на Србија“, а од кабинетот на Вучиќ најавија […]

Имигранти третирани како робови во Италија, умираат работејќи на 40 степени


Италија е шокирана од извештаите за „бруталниот“ третман на мигрантите кои работат на фарми ширум земјата и смртта на собирач на цвеќе на температура од околу 40 Целзиусови степени. Десетици илјади мигранти  берат домати и други култури низ Италија во исто време кога земјата е зафатена од последователни горештини од средината на јуни.Италијанското метеоролошко друштво […]

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)


Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот. Празник на мајката на животот Именден празнуваат: Марија, Мара, […]

Премиерот Мицкоски во посета на општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети општините Пробиштип, Македонска Каменица и Берово. Како што е најавено од владината прес-служба, тој ќе присуствува во Општина Пробиштип по повод Денот на рудари и ден на градот. Мицкоски ќе ги посети и Општина Македонска Каменица и Општина Берово.

Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри


Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше на пробното лансирање ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи за лансирање, пренесоа севернокорејските државни медиуми. Како што се наведува, новите лансирни системи покажале „супериорна мобилност и прецизност“ за време на пробните лансирања, пренесуваат светските агенции. Претходно оваа недела, Ким присуствуваше на пробен лет на нова серија […]

Новиот британски премиер сака подобра трговија со ЕУ. Тој преговара за договор во Германија


Британскиот премиер Кеир Стармер пристигна во Берлин вчера вечерта, во својата прва странска билатерална посета по преземањето на власта во средината на јули. Лидерот на лабуристите стана премиер во јули, по 14 години владеење на конзервативците во кои Велика Британија ја напушти Европската унија. Стармер ја отфрла можноста повторно да се приклучи на европскиот единствен […]

Почина уругвајскиот фудбалер кој колабираше на теренот минатата недела


Уругвајскиот фудбалер Хуан Изкиердо (27) почина во болница откако колабираше на теренот минатата недела. Дефанзивецот на уругвајската репрезентација колабираше за време на натпреварот од Копа Либертадорес против Сао Паоло во Бразил. Изкиердо колабирал во 84. минута, а откако лекарите му укажале прва помош на теренот, итно бил префрлен во локалната болница. Таму беше задржан до […]

Шалтерите за наплата, за рекламација и телефонистите во скопски водовод денеска ќе работат во две смени


Шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и телефонистите во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе работат во две смени. Како што информираат од ова комунално претпријатие работното време ќе биде во периодот од 07:30-19:00 часот. 

Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга не ја помина безбедносната проверка


Јапонската нуклеарна агенција потврди денеска дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не […]

Одличен старт на Олмо во Барселона. Флик: Ја направи разликата во второто полувреме


Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик го посочи засилувањето Дани Олмо како клучен играч во победата над Рајо Ваљекано. Каталонците синоќа како гости забележаа победа со 2:1 во 3. коло на Шпанското фудбалско првенство. – Првите минути од натпреварот не одеа како што сакавме. Немаше притисок и не се справивме добро со топката. Барселона беше […]

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица


Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед. – Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите […]

Ивица Талевски, претседател на МАР: Во поголемите рудници платите се повисоки и за 60 проценти од просечната плата


Расте бројот на вработени и на платите, но се намалува производството во рударскиот сектор, за 1,6 проценти во однос на 2022 година, а ваквиот тренд продолжи и во првата половина од 2024 година, кога е регистрирано намалување од 5,8 проценти. Кај извозот пак минатата година забележано е намалување од 9,1 процент, а во првите шест […]

Крводарителска акција во Домот на Армијата


Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ денеска по 22-ви пат ќе   организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ во Скопје од 9 до 17 часот. Како што соопшти Црвениот крст, целта на […]

Одбележување на Денот на македонските рудари во Радовиш


 По повод Денот на македонските рудари и Денот на Радовиш денеска во овој град ќе биде организирана музичка вечер. – Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе своите најголеми хитови. Спектаклот започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, […]