(Видео) Искусните возачи секогаш носат неколку компири со себе во автомобилот! Тоа е нивното тајно оружје за 3 генијални трикови


Популарниот тиктокер Че тврди дека компирот може да им помогне на возачите во неколку ситуации. Иако компирот е најпознат како главен производ во многу кујни и може да биде исклучително вкусен кога е правилно подготвен, верувале или не, тие исто така можат да бидат корисни за вашиот автомобил. На прв поглед делува необично и смешно, […]

Акција за собирање кабаст отпад во општина Ѓорче Петров


Општина Ѓорче Петров, како дел од својата еколошка политика, организира голема акција за собирање кабаст отпад. Оваа иницијатива е наменета за граѓаните кои сакаат да се ослободат од мебел, бела техника и други предмети што повеќе не им се потребни. Во периодот од 30-ти август до 1-ви септември, ќе бидат поставени контејнери за кабаст отпад […]

Мицкоски во Хрватска ќе договара исти услови за учениците и размена на здравствени експерти


  Со интонирање на македонската химна и највисоки државни почести денеска во Загреб е пречекан премиерот Христијан Мицкоски од неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ. Во тек е тет-а-тет средбата по која треба да бидат потпишани два меморандуми за соработка во областа на здравството и образованието. Во областа на здравството, соработката меѓу другото, предвидува размена на […]

Тим Бартон објаснува зошто Алек Болдвин и Џина Дејвис не се во продолжението на „Beetlejuice“


Тим Бартон го објасни отсуството на Алек Болдвин и Џина Дејвис од неговото продолжение на Beetlejuice, на отварањето на Филмскиот фестивал во Венеција, вон конкуренција.  Иако Бартон ги врати оригиналните ѕвезди Винона Рајдер, Катерина О’Хара и Мајкл Китон за Beetlejuice Beetlejuice, неговото продолжение од 2024 година на класиката од 1988 година, Болдвин и Дејвис не […]

Како нашите банки се штитат од кибернапади?


„Народната банка има посебна организациска единица и регулатива за осигурување на дигиталната отпорност во финансискиот сектор, којашто е во согласност со најдобрите практики на Европската централна банка и Европскиот банкарски орган. Со оглед на брзиот технолошки развој и дигитализацијата, централната банка постојано ги следи најновите трендови за јакнење на свесноста од ризиците и врши надополнување […]

Поголем дел од Битола без вода за пиење


Голем дефект на потисниот цевковод на пумпна станица во Битола го  остави градот без вода за пиење. Од јавното  комунално претпријатие „Водовод“ информираа дека во текот на денот без вода за пиење ќе биде поголем дел од градот, односно до санирање на дефектот за чие решавање се ангажирани повеќе екипи на претпријатието. 

Осум совети како да се намали деменцијата


Грижете се за вашето здравје на време. Симптомите на деменција не ги погодуваат само постарите луѓе. За да го намалите ризикот од деменција, избегнувајте диета базирана на преработена храна, јадете што повеќе медитеранска храна и често се движите. Што друго можете да направите за да го намалите ризикот од деменција: 1. Избегнувајте високо ниво на […]

ЦИА потврди дека таа го осуетила планот за терористички напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена


Спречениот терористички напад на концертот на турнејата Тејлор Свифт Ерас во Виена имаше за цел „да убие огромен број, десетици илјади луѓе“, вклучително и Американци, според заменик директорот на ЦИА. На годишниот самит за разузнавање, во средата, во близина на  Вашингтон, Дејвид С. Коен ги сподели новостите за истрагатаза планираниот терористички напад порано овој месец, […]

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 15 лица од Кина (видео)


Во средата,  во 22.45 часот на Граничниот премин „Богородица“, на излез од државата, полициски службеници од РЦГР Југ го лишија од слобода М.А.(38) од Босна и Херцеговина, кој управувал товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со босански национални ознаки, затоа што при извршена проверка, во полуприколката биле пронајдени 15 мигранти од Кина, од кои едно е […]

Бугарија: Ништо од еврозоната


Бугарија нема да влезе во еврозоната и да стане полноправна членка на Шенген зоната до 2026 година, се наведува во извештајот на аналитичарите на британски Економист. Според нивните августовски прогнози, главниот проблем на Бугарија во моментов е политичката нестабилност. Бугарија технички би можела да го усвои еврото до 2025 година доколку земјата има стабилна влада […]

Нови 24 случаи на вирусот Западен Нил во Грција, за една седмица починаа три лица


Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 24 нови случаи на вирусот Западен Нил, додека пак починале две лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 124, а регистрирани се вкупно 15 смртни случаи на возраст меѓу 61 и […]

Формирани шеширите пред денешната жрепка во Лигата на шампионите


Познато е кои екипи од кој шешир ќе го чекаат денешното извлекување во фудбалската Лига на шампиони за главната фаза сезона 2024/25. Шешир 1: Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Барселона. Шешир 2: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Клуб Бриж, Шахтјор, Милан. Шешир 3: Феенорд, Спортинг, […]

Престрелка во Арачиново: Рането е 24-годишно момче


А.И. (24) е ранет по синоќешната престрелка во Арачиново, информираат од МВР. Ранетиот со брза помош веднаш бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Нема повеќе информации за неговата состојба. Од МВР велат дека се води истрага за утврдување на точните околности на престрелката во Арачиново.

Носат лоша среќа: Овие работи не ги подарувајте на оние што ги сакате


Според народните верувања, одредени предмети никогаш не треба да се подаруваат. Ако верувате во старите народни верувања тогаш не заборавајте дека има работи за кои се смета дека не се подаруваат бидејќи привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на личноста на која и ги подарувате. Остри предмети Ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат […]

Ѓоковиќ се пласира во третото коло на УС Опен


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Грен слемот УС Опен.  Неговиот противник, сонародникот Ласло Ѓере го предаде мечот при резултат 6:4, 6:4 и 2:0 во корист на Новак. Мечот одигран ноќта среда кон четврток траеше 2 часа и 12 минути.  Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ сервираше три аса, направи 8 двојни грешки […]

Промашување? Законот создаде дефицит на имотите за изнајмување во Холандија


Новиот холандски закон дизајниран да го направи домувањето подостапно заврши со зголемување на дефицитот на понудениот недвижен имот. Со цел да ги заштити станарите со ниски приходи, владата во јули воведе контрола на киријата на илјадници домови, воведувајќи систем за оценување на имотите врз основа на фактори како што се состојбата, големината и енергетската ефикасност. […]

УНИЦЕФ: Над 2.000 деца во Франција се бездомници


Повеќе од 2.000 деца во Франција се принудени да спијат на улица, покажуваат податоците на УНИЦЕФ Франција и Федерацијата на актери на солидарноста (ФАС). -Неприфатливо е едно општество да се однесува на овој начин со своите деца. Многу сме загрижени што ситуацијата секоја година се влошува, трагедија е кога знаеме за погубните последици и за […]

Најмалку 28 жртви во поплавите во Индија за три дена


Најмалку 28 лица загинаа во последните три дена во поплавите во западна Индија, соопштија локалните власти. Реките во Гуџарат, држава на западниот брег на земјата, се излеаја од коритата и повеќе од 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови. Во акциите на припадниците на итната помош и армијата беа спасени околу 1.850 луѓе. Властите […]

Зголемен број инциденти во Холандија во кои учествуваат лажни полицајци


Во Холандија е зголемен бројот на инциденти во кои измамниците се претставуваат како полицајци, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека минатата година имало околу 400 такви случаи, додека годинава биле евидентирани над 2.400. „Бројот на инциденти со лажни полицајци е значително зголемен. Измамниците се претставуваат како полицајци. Во 2023 година имало околу 400 случаи, но годинава […]

Црногорската влада ги ограничи маржите за 66 производи


Црногорската влада усвои нови мерки за ограничување на маржите во продавниците на големо и мало, а како и досега, „ограничените цени“ нема да важат за најмалите пазари, односно оние чија вкупна квадратура е помала од 600 квадратни метри на национално ниво.  Овие мерки ќе важат до 31 јануари следната година. Премиерот Милојко Спајиќ рече дека […]