Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд


Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч. Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир. Дваесет и четиригодишниот Дуплантис освои златен медал на Игрите во Париз, станувајќи двократен олимписки шампион.

Изјавата на Курти за инцидентот со Османи „студен туш“ за Косово


Поранешниот косовски амбасадор, Едон Цана  е шокиран од изјавата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје дека инцидентот со Вјоса Османи не е провокација на македонските власти, оценувајќи дека тоа е тежок удар за Косово. „Малку сум шокиран од реакцијата на премиерот Курти и не би очекувал ништо поразлично од Мицкоски, бидејќи неговата претседателка, која […]

Зголемена фреквенција на возила на Табановце и Богородица без подолги задржувања


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, […]

Во Бугарија одат на седми парламентарни избори за три години


Софија – Бугарија оди на седми избори по ред во изминатите три години. Претседателот на Националното собрание Раја Назарјан го одби претседателот Румен Радев да биде следниот вршител на должноста премиер. Двајцата разговарале за можноста за средба во претседателството, откако политичката партија „Има таков народ“ го врати неисполнетиот трет мандат. Гласањето најверојатно ќе биде во […]

Најмалку петмина американски војници ранети во напад на воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак


Вашингтон – Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници. Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на […]

Почина новинарот Саше Димовски


  По долги и тешки здравствени компликации на 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат во однос на следењето на случувањата во правосудниот систем. Тој боледуваше од дијабетес, по што му беше ампутирана ногата, а се собираа и средства за негова рехабилитација. За жал, Димовски не ја издржа битката до крај.  […]

Црвен ќилим, награда, мастерклас: Мег Рајан доаѓа во Сараево


  Сараево – Како признание за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност, холивудската актерка Мег Рајан ќе ја добие наградата „Почесно срце на Сараево“ на 30. Сараевски филмски фестивал. Холивудската ѕвезда позната по својата разноврсност и природен шарм во секоја улога што ја игра, Рајан ќе ја претстави и специјална проекција на нејзината романтична комедија […]

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски


Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии […]

Нејзината убавина пресуди на Олимпијадата- пливачка обвинета за „несоодветен ефект врз нејзиниот тим“


Париз- Олимпијадата се уште е во тек, но Луана Алонсо, парагвајска пливачка, нема да може да ужива во придобивките од селото на спортистите. 20-годишната девојка е едно од гламурозните лица што ги украде срцата на игрите во Париз во 2024 година. Сепак, нејзината убавина можеби е премногу за да се справат нејзините соиграчи. На пливачката […]

Пресудата за Гугл може да го смени интернетот засекогаш


Њујорк – Американски судија пресуди дека Гугл ги прекршил антимонополските закони трошејќи милијарди долари за да создаде нелегален монопол и да стане стандарден пребарувач во светот, што е првата голема федерална победа против доминацијата на технолошките гиганти на пазарот. Пресудата на окружниот судија дека Гугл има нелегален монопол над онлајн пребарувањето претставува историска победа, објави американското […]

Со ребалансот на буџетот се обезбедени пари за избирачките одбори и за медиумите


Ребалансот на буџетот ја помина собраниската Комисија за финансирање и буџет, по што треба да добие поддршка на пленарна седница, која може да трае најмногу три дена. Општата расправа на Комисијата за ребалансот траеше три дена, а амандманската заврши вчера. За ребалансот пратениците поднесоа вкупно 58 амадмани, дел од нив повлекоа, другите беа одбиени. Прифатени […]

Без вода дел од корисниците на општина Центар


 Корисниците на дел од улиците „29 Ноември“, „Радњанска“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар денеска од 8 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот на водоснабдувањето е поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Дебарца“ бр. 64 и ќе трае до завршување на интервенцијата.

Фудбалерите на Шпанија први финалисти на олимпискиот турнир


Марсеј– Машката фудбалска репрезентација на Шпанија е првиот финалист на олимпискиот турнир, откако вечерва со пресврт го совлада Мароко со 2-1 во полуфиналниот натпревар одигран на стадионот „Велодром“ во Марсеј. Мароканците поведоа со голот на Суифан Рахими од пенал во 37. минута. Фермин Лопез израмни во 66. минута, а истиот играч во 85. минута му […]

Кина со најмногу златни медали по десеттиот олимписки ден


Париз – Кинеските спортисти со 21 златен медал го задржаа водечкото место по десеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Париз. Со едно златно одличје помалку се САД, пред Австралија со 13, додека домаќинот Франција, како и Велика Британија имаат освоено 12 златни медали. Меѓу првите десет најуспешни нации се и Јужна Кореја (11 златни медали), […]

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер


Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 6 август 2024 година, 219-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 147 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 33 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

„Хуго Бос“ конечно замина од Русија


  „Стокман“ го купи рускиот бизнис на германскиот производител на облека и додатоци „Хуго Бос“, пренесува Ројтерс, цитирајќи соопштение од компанијата. „Можеме да потврдиме дека нашата руска подружница е продадена на ‘Стокман’, компанија во сопственост на еден од долгогодишните партнери на големо на ‘Хуго Бос’ во земјата“, соопшти „Хуго Бос“. Финансиските услови на договорот не […]

Фантастичен светски рекорд на Дуплантис, прескокна 6,25 метри со стап


  Мондо Дуплантис го собори сопствениот светски рекорд во скок со стап во понеделникот вечерта на Олимпијадата, прескокнувајќи 6,25 метри за да го заврши својот втор последователен настап за златен медал на најголемата сцена во спортот. На Дуплантис му успеа тоа во неговиот трет и последен обид. Тоа беше деветти пат кога 24-годишникот роден во […]

Турска компанија за производство на лешник и кондиторски производи заинтересирана да инвестира, вели Трипуновски


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска остварил средба со претставници на турска компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи. -Остварив работна средба со претставници на турска компанија, потенцијален инвеститор во Македонија, што произведува и преработува лешник и кондиторски производи. Се работи за компанија што има годишен обрт од над […]

Без струја утре села во Петровец и делови од Волково и Долно Лисиче


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре од 6 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на општина Петровец. Струја ќе немаат корисниците зад ЕУРО Италија (пат кон село Огњанци), селата Бадар, Катлановско Блаце, Тотинци, Огњанци, ТС Еуроланд, ТС Арадико, ТС Фаз, Јасен, ТС Старолија-Катланово, ТС Тунел Катланово и село […]