Четири хороскопски знаци во јуни ќе донесат важна животна одлука


Првиот месец од летото ќе биде клучен месец во 2024 година за четирите хороскопски знаци, кои ќе се најдат на пресврт во нивниот живот, бидејќи ќе треба да донесат значајни животни одлуки. Изборот што ќе треба да го направат е поврзан со промена на кариерата, или важна промена на лично ниво, како што е предлогот […]

Организацијата на потрошувачи повика сите оштетени од поскапите авто-полиси да го пријават проблемот кај нив


Организација на потрошувачите на Македонија ги повика сите оштетени од осигурителните компании при плаќање на авто-полисите во периодот од 25 април до 5 мај да поднесат приговор.  – Доколку сте биле оштетени од некој од наведените даватели на финансиски услуги, преку оваа онлајн алатка можете својот проблем да го пријавите до Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), […]

Драматичен говор на шефот на ОН: Забранете им рекламирање на господарите на хаосот – собираат трилиони


Компаниите за фосилни горива се „господари на климатскиот хаос“ и треба да им се забрани рекламирањето во секоја земја, изјави генералниот секретар на Обединетите нации. Во големиот говор во Њујорк, Антонио Гутереш ги повика медиумите да престанат да овозможуваат „уништување на планетата“ со преземање пари за рекламирање од индустриите за фосилни горива, предупредувајќи дека светот […]

Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген


Двегодишно дете загина, а мајка му е тешко повредена кога торнадо вчера урнало дрво кое паднало врз нивната куќа во предградие на Детроит, Мичиген. Детето починало на лице место, а мајката е пренесена во болница во критична состојба, додека бебе кое било во креветче во друга соба, не е повредено и е пренесено во болница […]

ДЗР: ПИО има недостаток на средства за исплата на социјални бенефиции – се зема од Буџетот


ДЗР: Фондот и покрај зголемување на приходите по основ на придонеси од ПИО, има недостаток на средства за исплата на расходите за социјални бенефиции Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции, истите се покриваат со одвојување на средства од Буџетот и учествуваат со […]

 Европа се движи кон својот „Трамп момент“


  Екстремно десничарскиот политичар Оливер Кирхнер им понуди на симпатизерите на неговата партија неочекуван жежок бакшиш за следниот голем тренд: „Инвестирајте во пелени“. Неговата логика? Подемот на неговата екстремно десничарска Алтернатива за Германија (АфД) толку ги шокираше „старите партии“, објасни тој, што естаблишментот сега ги извалка своите панталони. Отфрлајќи го ваквиот хумор, Кирхнер,  потоа го […]

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација […]

Перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ


 Во МКЦ денеска и утре ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“. Перформансот е развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. „Испробување Феминистички Иднини 2.0“. Перформансот имаше две распродадени изведби на минатогодишното издание на фестивалот МОТ. Перформансот „Мачката Елеонора“ е сработен по истоимената монодрама на Карен Јес, со авторски текстови од колективот […]

Се судрија возови во Чешка, најмалку четворица загинати, 23 повредени


 Четири лица загинаа, а уште 23 се повредени кога патнички воз се судри со товарен воз во чешкиот град Пардубице, соопшти министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за државната телевизија рано утрово. – Судирот на двата воза во Пардубице е голема трагедија, напиша чешкиот премиер Петр Фијала на Х, изразувајќи сочувство. – Нашите мисли се […]

Тркалезна маса „Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес”


„Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес” е насловена тркалезната маса што ќе се одржи денеска организирана од Сојузот на здруженија на дијабетес. На тркалезната маса, како што најавија од Сојузот на здруженија на дијабетес, ќе бидат прикажани резултати од испитување кое го спровеле, а се однесува на дијабетот и […]

Без вода дел од улицата „Ванчо Мицков“ и намален притисок во фабриката „Реплек“


Поради изведување водоводен приклучок ф-125 мм на ул. „Ванчо Мицков“ 4а, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето во фабриката „Реплек“, пак, ќе биде со намален притисок од 09:30 часот до завршување со работните активности.

Без струја дел од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, соопшти дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без струја ќе останат дел корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода. Од 08:00 до 14:00 часот, без елекстрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Славеј Планина“, […]

Три партии во Бугарија ќе се борат за второто место на парламентарните избори


Три партии ќе се борат за второто место на предвремените парламентарни избори во Бугарија,  а до крај нема да се знае како ќе бидат распределени нивните позиции. Ова предвидување го даде социолошката агенција „Алфа Рисрч“ во своето последно истражување пред гласањето на 9 јуни. Резултатите покажуваат дека ГЕРБ ќе победи убедливо, а „Продолжуваме со промената […]

Европските избори почнуваат денес од Холандија


Во четврток во Холандија започнуваат изборите за Европскиот парламент, кои со преференцијално гласање треба да изберат 31 пратеник во 750-члениот Европскиот парламент. Изборниот праг е 3,23% од сите гласови за едно место. Прогнозите покажуваат дека повеќето холандски европратеници ќе бидат од екстремната десница, која тесно победи на предвремените парламентарни избори во октомври. Но, резултатите ќе […]

Светските лидери ќе ја одбележат 80-годишнината од Денот Д


Светските лидери од двете страни на Атлантикот денеска се очекува да присуствуваат на меморијалните настани во Франција по повод 80-годишнината од истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија за време на Втората светска војна. Пристигнувањето на трупите го означи почетокот на успешната кампања за ослободување на Европа од нацистичка Германија. Меѓу највисоките лидери кои ќе присуствуваат […]

Македонската филхармонија со традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“


Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт насловен „Младите доаѓаат“, посветен на новите музички таленти од земјава. Под диригентство на маестро Ангел Спироски, како што соопштија од македонската филхармонија, на концертот ќе настапат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола. На програмата се инспиративни и комплексни дела од Ј. С. Бах […]

Единаесет македонски писатели на 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“ во Софија


Со учество на 11 македонски писатели од сите генерации, од денеска до 8 мај во Софија ќе се одржи 15-тото издание на „Македонската книжевна визита“, чија цел е афирмација на македонската литература во соседна Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски. Организатор на оваа традиционална манифестација е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје во соработка […]

Путин: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во случај на закана


Рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за ризиците од нуклеарна војна со Украина, вчера предупреди дека Русија може да ги искористи сите расположливи средства за да се одбрани доколку нејзиниот суверенитет или територијален интегритет бидат загрозени. Путин кажа дека Западот повеќепати ја обвини Русија за закани со нуклеарно оружје, но дека тоа е погрешно, бидејќи токму […]

Почнува ОФФ-Фест 2024, вечерва „пустински блуз“ со БОМБИНО и јужноафриканските ѕвезди БИ-СИ-ЈУ-СИ


Во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на Република Северна Македонија од денеска до 9 јуни, со осум концертни настапи и два документарни филма, ќе се одржи 23 – то издание на ОФФ-Фест 2024, најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот.  – ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на […]

Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите


Апелациски суд во Џорџија синоќа нареди запирање на процесот против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп во кој тој и уште осуминна останати се обвинети за вмешаност во изборите. Судската одлука, донесена синоќа, значи дека процесот против Трамп, во кој тој се обвинува дека сковал криминален заговор да влијае врз резултатот од изборите во Џорџија […]