Германците пресметаа каде им е поповолно да летуваат: Ова не ѝ оди во прилог на Хрватска


Федералното биро за статистика во Визбаден објави дека трошоците за хотелски и гастрономски услуги во Шпанија се во просек за 26 отсо пониски отколку во Германија. Во Хрватска за овие услуги треба да плаќаат во просек 18 отсто помалку. За Германците одењето на одмор во странство обично е секогаш добра опција бидејќи, кога се во […]

Темата со финансирање на општините е болка за голем број градоначалници


Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ) – Штип денеска трет пат ја организираше конференцијата за децентрализација. На конференцијата „Децентрализација 3.0: Зајакнување на локалната демократија“ учествуваа претседатели на Советите на општините, советници и граѓански организации. Борис Шарковски од ФРЛЗ-Штип истакна дека на денешнава дебата се споделуваат искуства како општините ги консултираат граѓаните, кога зборуваат за […]

По 50 години истече американско-саудискиот договор за петродоларот


Американско-саудискиот 50-годишен договор за трговија со нафта во долари истече на почетокот на јуни, објави американскиот портал за финансиски вести Nasdaq. Вашингтон и Ријад го склучија „договорот за петродолар“ на 8 јуни 1974 година, по нафтената криза и американското напуштање на „златниот стандард“, потсетува Насдак. Саудиска Арабија потоа се обврза да продава нафта на странски […]

Мицкоски за реакциите за Стоиљковиќ: Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции


Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции и секој кој ќе излезе надвор од оваа патека, без разлика на „про“ какви било позиции, повеќе нема да биде дел од оваа Влада, изјави Мицкоски прашан за коментар за реакции во јавноста по неговиот предлог Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите да […]

Деспотовски: СДСМ ќе се врати на вредностите и традициите од АСНОМ


Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски продолжи со непосредни средби со членовите на партијата. На средбата во Велес беше истакнато дека една од клучните заложби на партијата ќе биде враќањето на вредностите и традициите од АСНОМ. „Доаѓам од семејство со долга традиција на слободарски вредности. Мојот дедо Јоле Деспотовски беше дел од партизанското движење […]

Битка против корупцијата, повисоки пензии… Мицкоски го достави предлогот за новата Влада


Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и злоупотребите на функциите на политичарите, но и брзи резултати во економијата, исполнување на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите се дел од програмата на новата влада која денес заедно со имињата и биографиите на предлозите за претседател и на членовите на Влада беа доставени во Собранието од страна […]

Се зголемува бројот на починати во Загреб кои беа заразени со легионела


Тројца пациенти заразени со легионела во Хрватска починаа, јавуваат хрватските медиуми. Како што дознава Danas.hr, во болницата биле заразени вкупно шест лица. Порталот наведува дека сите заразени имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани. Претходно беше објавено дека пет пациенти хоспитализирани во болницата „Ребро“ КБЦ Загреб се заразени со легионела, што го потврди и Миливој Новак, […]

Французинка исчезната на грчки остров испратила до хотелот порака за узбуна


Седумдесет и тригодишна Французинка исчезната на грчкиот остров Сикинос испрати порака за узбуна до својот хотел во која вели дека доживеала пад пред да исчезне. Во тек е потрага по жената, која не е именувана од властите. Таа е една од трите туристи кои исчезнаа во Грција, а петмина загинаа овој месец поради екстремното топло […]

Две лица заразени со легионела починаа во болницата „Ребро“ во Загреб


Двајца пациенти во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска откако се заразиле со легионела. Според Danas.hr, вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест и тоа во болница. Додаваат дека сите останати заразени имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани. Од КБЦ Загреб претходно потврдија дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во вода. […]

Водата од Дојранското Езеро е безбедна за капење


Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од страна на Центарот за јавно здравје Велес покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, повикувајќи се на добиените резултати од извештаите на здравствената установа. -Според неодамнешните извештаи од тестирањата на здравствената […]

Преживеана од холокаустот на насловницата на германски „Вог“


Бон – Маргот Фридландер која има 102 години и го преживеала холокаустот, ќе се најде на насловната страница на специјалното двојно издание на германскиот број на списанието „Вог“. Бројот за јули – август е посветен на љубовта, но и на една од ретките живи сведоци на прогонот и убиствата на Евреи во нацистичката ера. За […]

Студија: Поради екстремните горештини Летните олимписки игри се речиси „невозможни“


 Во најновиот извештај на непрофитната организацијата „Клајмат централ“ (Climate Central) и 11 олимпијци се предупредува на опасностите од екстремните високи температури на овогодишните Олимписки игри во Париз. Во извештајот под наслов „Огнени прстени“ се истакнува дека условите во Париз би можеле да бидат полоши од последните Олимписки игри во Токио во 2021 година. Интензивните горештини […]

„Мастеркард“ ги менува правилата за плаќање, некои работи одат во минатото


Почнувајќи од 2030 година, „Мастеркард“ повеќе нема да бара од Европејците рачно да ги внесуваат броевите на нивните картички, без оглед на тоа која платформа или уред ја користат. „Мастеркард“ ќе ги токенизира сите картички што ги издава на својата мрежа во Европа до 2030 година. Со други зборови, наместо 16-цифрениот број на картичката што […]

Раст на инфлацијата во ЕУ во мај 2024 на месечно ниво


Годишната стапка на инфлација во Еврозоната минатиот месец изнесуваше 2,6 отсто, што претставува раст за 0,2 процентни поени во однос во однос на априлските 2,4 проценти, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 отсто или за 0,1 процентен поен повеќе во однос на април 2024 кога изнесуваше 2,6 проценти, соопшти денеска Европската статистичка […]

На 92 години почина Анук Еме, актерска икона и муза на Фелини, Бертолучи и Лелуш


Анук Еме, француската актерска икона која се прослави во филмови на Федерико Фелини, Бернардо Бертолучи и Клод Лелуш, почина на 92 години, потврди нејзината ќерка, без да изнесе други детали. Еме беше номинирана за Оскар за најдобра актерка и за Златен глобус во 1967 за „Еден маж и една жена“ од Лалуш, а значајни улоги […]

Хасани: Членството на Западен Балкан во ЕУ, суштинско за стабилноста на Европа


Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, учествуваше на Меѓународната конференција за мир и одржлив раст што се одржа во Атина, од каде порача дека „членството на Западен Балкан во ЕУ, е суштинско за стабилноста на Европа“. Тој оценил дека интеграцијата на Албанија и на регионот со години остануваат во стагнација и нагласил […]

Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13. Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино


Mакедонските винарии освоија вкупно 162 награди на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што годинава се одржа во две држави Турција и Бугарија. Усшехот на македонски винарии е постигнат во конкуренција со над 1200 вински етикети презентирани од винарии на 16 држави учеснички, соопшти МЗШВ. Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар […]

Килијан Мбапе е глобална суперѕвезда, но не е општо прифатенa во Франција


Париз – Килијан Мбапе е момчето на францускиот фудбал, вистинска глобална суперѕвезда, која ја предводи новата генерација играчи кои ги заменија Лионел Меси и Кристијано Роналдо како најдобри во светот. Статистиката го потврдува аргументот. Мбапе на 25-годишна возраст има постигнато 47 гола за Франција на само 79 натпревари. Тој ја инспирираше својата екипа за победа […]

Северна Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната


Северна Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки.  Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади […]