Убиен раперот Фулио


Раперот Фулио, чие вистинско име е Чарлс Џонс, бил застрелан и убиен вчера наутро во Тампа, Флорида, САД, потврди неговиот адвокат. Раперот во петокот го прославувал својот 26 роденден, според објавата на Инстаграм.  Фулио имаше речиси милион слушатели на „Спотифај“ месечно, а со музика се занимава од 2015 година.  

Отпадот од лозјата може паметно да се искористи, презентација пред лозари и винари во Кавадарци


Отпадот од лозјата може паметно да се искористи, беше заклучокот од денешната презентација пред лозари и винари во Кавадарци. На средбата беа презентирани анализи за искористување на отпадот од лозјата и овоштарниците.   Био-отпадот од лозјата наместо да се гори може да се користи за повеќе намени, подвлекоа Александра Караевска Димовска и Билјана Матевска, вклучени […]

Судбината на француските обврзници носи важни пораки за Америка


Насилната одмазничка реакција на инвеститорите во државни обврзници против расипничките француски политичари е важен потсетник за Соединетите Држави: пазарот најверојатно ќе ја одреди пресвртната точка за одржливоста на долгот, а тоа ќе биде тешко да се предвиди. Во текот на изминатите неколку месеци, финансиските директори и инвеститорите слушаат се повеќе и повеќе за растечкиот фискален […]

Уапсен Словенец кој крадел во Ѓорче Петров


Во неделата, во 12.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(39) од Р.Словенија. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ по чл.236 од КЗ на РСМ.  Бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Џафери му ја предаде премиерската функција на Мицкоски


Во Владата на Република Северна Македонија, досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, ја предаде премиерската функција на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски. По пристигнувањето, премиерите имаа кратка средба во премиерскиот кабинет. Досегашниот премиер, Џафери, му го честиташе стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Мицкоски, пришто му посака успешна и ефикасна работа, […]

Наместо 45 минути со траект, седум минути со воз: Се гради најдолгиот подводен тунел во светот


Цената на проектот кој треба да ги поврзе Германија и Данска е околу осум милијарди долари, а покрај железничкото поврзување, тунелот ќе има и автопат со четири ленти. Тоа нема да биде само најдолгиот подводен тунел, туку и најдолгиот тунел за шински возила во светот. Кралот Фредерик Десетти го посети градилиштето по повод поставувањето на […]

Астрологијата открива кои хороскопски знаци ќе ги доживеат најголемите финансиски промени во јули 2024 година! На списокот се пет знаци


Месечниот хороскоп за јули 2024 година веќе предвидува интересни настани, но кога се парите во прашање, многу хороскопски знаци речиси преку ноќ ќе доживеат драматични промени во финансиите. Станува збор за спојот на Марс и Уран во знакот Бик, кој се случува на 16 јули, што значи дека во деновите околу овој датум многумина би […]

ЕУ со нови санкции за Русија


Советот за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург усвои нови санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон области од висока вредност за руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и имаат за цел да го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ. Санкции се воведени и […]

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија


На свеченост пред Министерството за одбрана, новоизбраниот министер за одбрана Владо Мисајловски денеска ја презеде функцијата од досегашниот заменик министер Тирон Јајага. Вети дека ќе се ангажира посветено во ресорот и оти МО и Армијата ќе бидат огледало на државата, бидејќи, како што рече, како земја членка на НАТО, Армијата е најголем амбасадор на државата. […]

Ѓоковиќ го надмина Алкараз на АТП ранг листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата. Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата. Лидер […]

„Демони“ на Пројковски прогласена за најдобра претстава на сезоната во Унгарија


Претставата „Демони„ од Достоевски, во режија на Дејан Пројковски во Националниот  театар во Дебрецен, Унгарија, е прогласена за најдобра претстава на сезоната. Специјалната  награда ја додели директорот на театарот, Mátyássy Szabolcs на свечена церемонија што се  одржа на 20 јуни.  „Оваа претстава ми е на ум со денови. Таму сликите и звуците се силни. Дејството, […]

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда


Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, а тој на ова место доаѓа од постизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Министерот најави дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните […]

Скопје се чисти по синоќешното невреме


ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје. Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. […]

Грчките медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име


„Северна Македонија: Новата Влада положи заклетва под уставното име откако доби доверба од Собранието“; „Мицкоски: Го карактеризираше „срамен“ терминот „Северна“ во уставното име на неговата земја“; Северна Македонија: Изгласана доверба од Собранието за новата Влада на Мицкоски“; „Владата на Мицкоски доби доверба – Заклетва со уставното име на земјата“, се дел од насловите на текстовите […]

ДЗР: Институциите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи


Институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита на критичните информациски системи поради отсуство на законска регулатива од областа на безбедноста на информациските системи, неусогласување со европските директиви и недоволната кадровска екипираност, оценува Државниот завод за ревизија (ДЗР). ДЗР изврши ИТ ревизија како ревизија на успешност на тема „Ефективност на преземените мерки на надлежните […]

Касперски: Користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за катастрофа“


Многумина имаат навика да користат иста лозинка за секоја корисничка сметка на интернет – без оглед дали се работи за е-пошта или за социјалните мрежи, луѓето ја користат истата комбинација за сѐ. Тоа е така најчесто затоа што на тој начин шифрата најлесно се помни. Сепак, користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за […]

Се поизвесна војната помеѓу Израел и Хезболах


Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас меѓународната заедница предупредува на проширувањето на конфликтот низ целиот регион и вклучување на Иран поотворено отколку за време на конфликтите што се водеа меѓу Израел и Хезболах во 1996 и 2006 година. Иран во април испрати порака со тоа што директно го нападна Израел од своја територија, […]

Во Тетово 53 литри дожд на метар квадратен


Најмногу дожд во изминатото деноноќие во државава наврна во Тетово, , 53 литри на метар квадратен,  по што следуваат Попова Шапка со 29 литри,  Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка со 28,  Скопје-Петровец со 15,  Маврови Анови со девет литри, Куманово, Демир Капија и Пожаране со два,  Кавадарци со еден, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки […]

Прекин на водоснабдувањето од Студенчица поради дефект, опфатени повеќе населени места во Крушевско


Прекин на водоснабдувањето во населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица, поради дефект на територија на Општина Прилеп. Како што соопштуваат од крушевското ЈП „Комуна“, станува збор за крушевските дела Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино, односно за целосната територија која ја покрива овој водоснабдителен […]

Одбележување на Меѓународниот ден на бегалците – 20 јуни


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците – 20 јуни. Воведни обраќања по тој повод, како што најави собраниската прес-служба, ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, евроамбасадорот Дејвид Гир, постојаната координаторка на ООН во Северна Македонија Росана Дуџак, претставникот на УНХЦР во државава, Габриел Гуалано де Годој, […]