Горивата поскапуваат и од 1,5 до 2,5 денари


Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари […]

Шокаровски повторно медицински директор на Кардиохирургија


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија за време на викендот од страна на заменик-министерката за здравство Маја Манолева само со нејзиниот потпис и дека ја одобрува таквата одлука. – Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија […]

Штип ќе добие нов затворен спортски центар со капацитет од 1.000 гледачи, поставен камен-темелник


Општина Штип официјално започна со градба на нов затворен спортски центар „Џексон“ со капацитет од 1.000 гледачи. Проектот е со вредност од 66 милиони денари, а рокот на изведба е осум месеци. На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и премирот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот Иван Јорданов, министри, пратеници и советници од Штип. Градоначалникот Јорданов рече […]

Хамилтон: Мерцедес е на својот максимум, ни требаат новини за да се бориме со најдобрите


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, зборуваше за потенцијалот на неговиот болид и шансите за победа. Тој смета дека неговиот тим напредувал, но се уште е тешко да се натпреварува со Ред Бул, Мекларен и Ферари. – Мислам дека во моментов ова е максимумот што го имаме. Значи, ние постојано дотеруваме, правиме мали промени, но ни […]

Муцунски: Владата ќе биде фокусирана на европските интеграции


Новата Влада на Северна Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе биде силно фокусирана на евроинтеграциите на земјата, изјави денеска новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, јави дописникот на МИА од Белград. -Ќе бидеме силно фокусирани на спроведувањето на реформите, рече Муцунски по пристигнувањето на неформалниот состанок на […]

Актерот Феѓа Штукан е „безбедносна закана“ за Србија, ќе биде депортиран во БиХ


Актерот Феѓа Штукан од Босна и Херцеговина денеска ќе биде депортиран во Сараево, откако вчера беше приведен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а полицијата му врачила решение дека претставува безбедносна закана за Србија, потврди неговиот адвокат за Хина. Штукан во неделата вечерта требаше да биде гостин на регионалниот фестивал „Крокодил“, но беше приведен на аеродромот […]

Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука, најавува многу промени


Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што соопштија од МОН, по средбата Јаневска посочила […]

Две состојки се спас ако изгоревте од сонце


Прекумерната изложеност на сонце нема да ви ја направи кожата поубава и исончана, туку може само да ви направи дополнителен проблем – изгореници. После тоа останува само црвенило, чешање и печење на кожата. Ако не сакате да бидете „црвени како рак“, избегнувајте прекумерно сончање во периодот од 11 до 16 часот, бидејќи тогаш се најсилни […]

Преку дијалог со сметководителите, ИСОС најави подготовка на анализа и препораки за цените на услугите во овој сектор


Доследната примена на законската регулатива, на меѓународните стандарди за финансиско известување, на етичките принципи на професијата, како и континуирано стручно усовршување на сметководителите, беа дел од темите за кои се дискутираше на новиот серијал средби помеѓу членовите на раководниот тим на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и претставниците од сметководствените друштва ширум земјата. […]

Некој им се заканува на уставните судии


Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд. Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот. Претседателот Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани […]

Таравари ги разрешува економските директори, а ги посети и хируршките сали


Новиот министер за здравство Арбен Таравари, по примопредавањето на функцијата, веднаш излезе на терен да види што е проблемот со дисфункционланоста на хируршките сали во Клиничкиот центар. Таравари разговарал со сите директори и со директорот на општите служби, пруи што констатирал дека некои сали воопшто немаат никаков мирис, а во некои како на абдоминална хирургија […]

Напредок во третманите за епилепсија со длабока мозочна стимулација


Момче со потежок облик на епилепсија е првиот пациент во светот на кого му е вграден новиот уред за контрола на напади, директно во неговиот череп и чија состојба е значително подобрена, објави Би-би-си. Операцијата е направена во октомври 2023., како дел од испитувањето во болницата „Грејт Ормонд стрит“ во Лондон, во соработка со Универзитетот […]

Судијката Билјана Иванова времено упатена за вршител на должност претседател на Основен суд Берово


 Судскиот Совет на Република Северна Македонија денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршител на должност претседател на Основен суд Берово. Беа донесени и одлуки за престанок на повеќе судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот, а беа и избрани нови судии поротници во […]

ИКС: Левица и Димитар Апасиев со најмногу штетни наративи на социјалните мрежи во мај


Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави седмиот и последен едномесечен извештај во рамките на истражувањето„Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), којшто претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во медиумите во мај 2024. Карактеристично за мајскиот извештај е што мониторингот се […]

Вархеи го честиташе изборот на новата Влада


Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор. – Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеи во честитка објавена на Икс. […]

Пенов му посака успешна работа на Перински во интерес на сите граѓани


Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за […]

Билјана Иванова ќе биде вршител на должност претседател на Основен суд Берово


Судскиот Совет денеска донесе одлука судијката Билјана Иванова од Основен суд Струмица да биде времено упатена како вршител на должност претседател на Основен суд Берово. Беа донесени и одлуки за престанок на повеќе судии поротници на Основен суд Струга поради истек на мандатот, а беа и избрани нови судии поротници во судот во Струга. На […]

Кандидатот за шеф на Интерпол е осомничен за киднапирање и обид за изнуда на двајца бизнисмени


 Кандидатот за иден шеф на Интерпол, Мубит Нава од Замбија, е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување, напад и обид за изнуда на двајца индиски бизнисмени. Адвокатите Винод и Удит Саду му пишаа на Интерпол велејќи дека обвинувањата против Мубита Нава, заменик – полициски комесар во Замбија, укажуваат на тоа дека тој е „очигледно неподобен“ […]

ДСЗИ иницира формирање комисија за да се утврди дали имало пропусти во лекувањето на новороденчето од Ресен


Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина 30 часа од породувањето.  Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека на 20 јуни е извршен вонреден инспекциски надзор во битолската Болница и на […]