Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри


Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри. Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Влен. […]

Европејците сметаат дека имаат полза од меѓународната трговија


Над шест од десет граѓани на Европската Унија веруваат дека имаат корист од меѓународната трговија, што претставува зголемување во споредба со последното такво истражување спроведено во 2019 година, покажува најновата анкета на Евробарометар посветено на меѓународна трговија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето открива дека Европејците ги ценат придобивките што ги носи […]

Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари


Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. На настанот ќе се обратат Даниел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Инвестицијата на Алказар […]

ГАК ќе расправа за претстојниот Самит на ЕУ


Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ закажан за 27 и 28 јуни, како и дискусијата за нацрт-заклучоците од оваа средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, ќе бидат главна тема на денешното заседание на европскиот Совет за општи работи (ГАК), што ќе се одржи во Луксембург. Главни теми предвидени за Самитот […]

Премиера на документарниот филм „Се извинувам Кежаровски тука живее?“


Премиера на документарниот филм „Се извинувам, Кежаровски тука живее“ од Миле Бошњаковски ќе биде одржана вечер во 19 часот во киното „Фросина“ во Младински културен центар. Во видео записот во два дела во вкупно времетраење од педесет минути, како се содржани директното сведоштво на Кежаровски за настаните поврзани со неговото брутално приведување, судскиот процес и […]

Чествување на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски


Со повеќе настани денеска во демирхисарското село Слоештица, ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски. Одбежелувањето во Слоештица, неговото родно село и вечно почивалиште, го организира Македонското научно друштво – Битола, во соработка со Педагошки факултет – Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, […]

Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“


Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“ ќе биде одржана денеска во хотел Мериот во Скопје. Проектот е финансиран и спроведен од Фондација Отворено општество – Македонија и Блупринт групата за реформи во правосудството. Клучните резултати од работењето на Блупринт групата ќе ги презентира Александра Цветановска, претседателка на […]

„На одмор сум во Скопје сум“ од 25 до 28 јуни во Општина Центар


Под мотото „На одмор сум во Скопје сум“, Општина Центар од 25 до 28 јуни ќе реализира серија настани наменети за сите деца и млади кои овие жешки денови ги поминуваат во главниот град. Во вечерните часови, на повеќе локации ќе се одржуваат спортски активности, театарски претстави за најмладите, креативни работилници. „Ако сте на одмор, […]

Национални натпревари „Microsoft Office Specialist“ и „Adobe Certified Professional“ во Семос едукација


Во просториите на Семос едукација, денеска ќе се одржи финалето на националните натпревари „Microsoft Office Specialist“ и „Adobe Certified Professional“, на кои ќе учествуваат натпреварувачи од средните училишта во земјава. Националните натпревари се одржуваат во рамките на проектот за унапредување на дигиталната писменост на младите на возраст од 13 до 22 години во земјава кои […]

Промоција на „Антологија на иднината“ во Градската библиотека во Скопје


 „Антологијата на иднината“ содржи песни, проза и есеи на 23 млади автори, учесници на работилницата за креативно пишување иницирана и реализирана од ГБСК. Двомесечната работилницата ја водеше писателот Александар Русјаков, кој е и уредник на изданието, а автор на корицата е еден од учесниците – Борис Дебси. Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) – ЈУ Градска […]

Претпладне сончево, попладне можност за пороен дожд и грмежи


 Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од […]

Презентација на резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција


Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција. Анкетата е дел од активностите на проектот „Граѓаните против корупцијата“ што Комората го спроведува од април 2023 година. Станува збор за петгодишен проект, финансиски поддржан од УСАИД, кој се реализира преку Конзорциум на разновидни […]

Хрватска испушти победа против Италија, Шпанија ја совлада Албанија


 Бранителот на титулата Италија со гол во последната минута избегна пораз (1-1) од Хрватска и обезбеди пласман во осминафиналето на ЕВРО2024 како второпласирана во групата Б во која Шпанија го освои првото место со максимален ефект по вечерашниот триумф над Албанија (1-0). Хрватска на дуелот во Лајпциг беше на чекор до осминафиналето, откако Лука Модриќ […]

Николоски: Можно е да се воведе градски воз во Скопје


Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина пред крајот на мандатот на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. -Можеме да размислуваме за воведување на таканаречен […]

Извлечено 16-годишно девојче паднато во увала во Струмичко


  Центарот за управување со кризи вечерва информира за успешна акција за извлекување 16-годишно девојче кое паднало во увала во Струмичко во близина на манастирот „Свети Илија“, кое имало повреди на главата. Девојчето е пронајдено и зивлечено и во моментот е на лекување во струмичката болница. Како што сооптија од ЦУК, вечерва околу 20.30 часот […]

Најчудните даноци во светот: Од пуштање вода во тоалетот до данок на боровинки и имиња на бебиња


Даноците се неизбежен, иако донекаде непосакуван дел од нашите животи. Некои од најчестите даноци вклучуваат данок на доход, данок на дивиденда, данок на имот и данок на промет, меѓу другото. Некои земји наплатуваат даноци и за работи како наследство, долгорочни и краткорочни капитални добивки, како и акцизи и премии за осигурување, пишува Јуроњус. Сепак, дали […]

Ребаланс на Буџетот во втората половина на јули, најави премиерот Мицкоски


 Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку се биде како што треба, во втората половина на јули ќе има ребаланс на државниот Буџетот.  -Ако биде се како што треба, во втората половина на јули ќе има ребалансот во Парламентот и во првата половина на август ќе биде повикот до општините да алицираат со проектите. Според […]

Расположението во германската економија продолжува да стагнира


Расположението во германската економија продолжува да стагнира. Индикаторот за економска клима, кој го пресметува минхенскиот институт за економски истражувања Ифо, во јуни во однос на мај е намален за 0,7 поени на 88,6 поени, но само поради попесимистичките очекувања. Сегашното расположение останува непроменето како што беше во мај. Во производството, состојбата се влоши по три […]

Откриено ново суштество: Има заби слични на човечките (фото)


Нов вид риба слична на пирана, наречена паку, неодамна беше пронајдена како се крие меѓу неколку речиси идентични видови во реката Амазон. Истражувачите ја именувале по Саурон од „Господарот на прстените“. Нов вид риба слична на пирана е откриен во реката Амазон по долгогодишно коегзистирање со речиси идентичен вид за кој се сметаше дека припаѓа […]

Националниот џез оркестар заедно со Рамбо Амадеус на три концерти во Хрватска


Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус. Оваа мини турнеја низ Хрватска започнува на 25 јуни кога Оркестарот ќе настапи во Тврдината Св. Миховила, Шибеник.  По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во […]