Влатко Стефановски, Карлос Сантана и Полска во фокусот на „Скопје синема сити“


Со изложба на концертни фотографии како и архивски материјали, насловена „The Vlatko Stefanovski Experience“, која ќе се отвори на 26 јуни во 21 часот во галерискиот простор на Мала станица, ќе биде означен почетокот на јубилејното, десетто издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Програмата на фестивалот е организирана во два дела: изложба на фотографии во […]

Професорот Драги Димитриевски е избран за нов претседател на Универзитетскиот сенат на УКИМ


Избран е нов претседател на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за периодот 2024-2025 година, соопштија од најголемиот државен универзитет. Според резултатите од тајното гласање што се одржало вчера, за претседател на ова универзитетско тело е избран професорот Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје. […]

Беше како дете кое го гледа светот низ шарена џамлија: Урошевиќ и Андоновски за ликот и делото на Петре М. Андреевски


Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денеска (25 јуни), во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, беа Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што […]

Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година


Украинската вицепремиерка Олга Стефанишина изрази очекување дека нејзината земја ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година. Стефанишина денеска разговараше со новинарите во Луксембург, каде што учествуваше на отворањето на пристапните преговори. Според неа, доколку ЕК е подготвена, преговорите може да завршат и порано. На прашањето дали очекува пречки од Унгарија, таа изрази […]

Договорено кој ќе биде на клучните позиции во ЕУ. Орбан лут


Шест водачи на ЕУ кои преговараат за највисоките позиции во блокот постигнаа договор. Тие се согласија Германката Урсула фон дер Лајен, Португалецот Антонио Коста и Естонката Каја Калас да ги добијат првите позиции во Европската комисија, Европскиот совет и Службата за надворешна политика, потврдија за Политико пет претставници на ЕУ. Шестте преговарачи се грчкиот премиер […]

Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат


Албанскиот специјален апелациски суд денеска ја потврди двегодишната затворска казна на избран градоначалник од грчкото малцинство во земјата, што се очекува дополнително да ги влоши тензиите со соседна Грција. Судот одби да ја поништи пресудата на судечкиот суд во март против Фреди Белери (51), кој беше затворен поради обвинение за купување гласови на минатогодишните општински […]

Индустриската политика е носталгичен сон


На неодамнешниот „самит“ во Берлин, истакнати економисти од левиот центар објавија „нов консензус“ за индустриската политика. Нивната заедничка декларација потоа беше објавена во целост од страна на економскиот историчар Адам Туз од Универзитетот Колумбија, кој ја опиша како „извонредна и поради нејзиниот обемен договор за принципите на економската и индустриската политика и начинот на кој […]

Ќерката на Том Круз се откажува од неговото презиме


Изгледа дека Сури Круз ги следи стапките на децата на Анџелина Џоли и Бред Пит, бидејќи наводно го исфрлила „Круз“ од своето име во еден важен момент. Се чини дека 18-годишната ќерка на Кејти Холмс и Том Круз се дистанцира од својот славен татко со овој најнов потег! Тинејџерката дипломирала во елитното средно училиште „Ла […]

Аргентина влезе во рецесија


Аргентина во првиот квартал од годината влезе во рецесија, со повисока невработеност во услови на строги политики за штедење воведени од претседателот Хавиер Милеи. Според Заводот за статистика, бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци. Додека економската активност на […]

Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери


Косовскиот премиер, Албин Курти упати честитка за изборот на Христијан Мицкоски за претседател на македонската Влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на владината прес-служба, Курти во честитката нагласил дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и „сојузници и блиски партнери во НАТО-ориентацијата, регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија“. […]

Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против З.Т.(59) од Пробиштип кој неовластено подигнал туѓи парични средства од банкомат. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, З.Т. се сомничи дека сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.  – На 04.05.2024 пријавениот, искористувајќи го моментот кога оштетениот од банкомат на […]

Москва ќе го блокира во Русија пристапот до веб-страницата на АФП и уште 80 медиуми 


Москва – Руските власти денеска соопштија дека ќе го блокираат пристапот до почетната страница на новинската агенција – АФП и до порталот за клиенти на нејзина територија како дел од нејзиниот „одмазднички“ одговор на европските ограничувања за руските медиуми. Руското Министерство за надворешни работи објави список од 81 медиум, вклучувајќи ги и веб-страниците на АФП afp.com […]

Петре не можеше без Слоештица и Слоештица не може без Петре


Во родното село Слоештица, Демирхисар,  местото на неговиот творечки аџилак и непресушен бунар на инспирација, каде е отворена спомен- соба во кои се изложени негови лични предмети, денеска се одбележаа 90 години од раѓањето на македонскиот поет и раскажувач Петре М. Андреевски, во организација на Македонското научно друштво – Битола, при што претседателката на друштвото, […]

Затвореник уби друг затвореник во Идризово


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово. Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените […]

Калдерон: Ветерниот парк треба да се изгради за 24 месеци, првите бенефити се очекуваат во втората половина од 2027 година


Бенефитите од проектот на „Алказар Енерџи“ за развој на ветерен парк со 55 ветерници во земјава, ќе бидат намалување на цената на електричната енергија, отворање на работни места и директни странски инвестиции во македонската економија, изјави денеска ко-основачот и управувачки партнер во компанијата Даниел Калдерон, кој присуствуваше на официјалната презентација на проектот. – Бенефициите од […]

Таравари: Има недостиг на кадар во здравството, се надевам на огромен број вработувања до крајот на годината


Новиот министер за здравство Арбен Таравари, денеска во изјава за медиумите, рече дека е свесен за недостигот на кадар во јавните здравствени установи. Таравари се надева дека до крајот на годината ќе има огромен број на вработувања, особено во здравството. Министерот беше во посета на Здравствен дом – Скопје, каде разговарал за состојбата со апаратура, […]

Хаос во училиште во Германија: Вооружени полицајци влегоа во зградата, учениците со часови затворени во училниците 


Училишниот центар во Либек од засега непознати причини е во состојба на готовност, а во училиштето влегла тешко вооружена полиција. „Полицијата сега влезе во зградата и го пребарува големиот училишен комплекс“, пишува германски Билд. Како што пишува овој весник, на терен се и единиците на специјалните сили. Учениците веќе четири часа се забарикадирани во училниците, […]

На трошок на изведувачот повторно се санираат дел од оштетените улици од минатогодишните поплави во Делчево


Во Делчево ви тек се градежни активности за санација на дел од оштетените улици кои беа реконструирани по невремето со поплави што го зафати Делчево. Со санацијата како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски се опфатени дел од улиците „Вера Јоциќ“ и „Браќа Миладинови“.   -Санацијата се прави по констатирани забелешки на надзорниот орган […]

Зеленски по повод отворањето на пристапните преговори со ЕУ: Историски ден за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изрази задоволство од официјалното отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, велејќи дека тоа е „историски ден“ за земјата што е борба против руската инвазија. -Денеска е историски ден. Никогаш нема да дозволиме да скршнеме од патот кон обединета Европа, кон нашиот заеднички дом на сите европски […]

Софија: Повторното преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само дополнително ќе го одалечи Скопје од почеток на преговорите со ЕУ


Бугарското Министерство за надворешни работи денеска со соопштение реагира на изјавата македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ. – Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија […]