Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка – 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 52, Скопје, кај Петровец – 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на […]

Измамник ѝ го понудил на жена од Далмација нејзиниот апартман на Фејсбук. „Полицијата вели дека не може ништо“


Жена која издава апартмани на туристи од Имотски, Хрватска преку Booking и Airbnb во последните три години, ја контактирала гостинка која ѝ рекла дека станот го нашла во група за изнајмување на Фејсбук. За среќа, жената го нашла бројот на мобилниот телефон на сопственикот и се јавила, по што им станало јасно дека се работи […]

Молотов пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, повреден полицаец


 Бомба молотов била фрлена пред домот на претседателката на Врховниот суд на Грција, при што бил повреден полицаец и пренесен во болница со повреди на лицето и раката, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил во населба во северниот дел на Атина, кусо еден часот по полноќ, а било запалено патролно возило на […]

Поплавени куќи, улици, прекини во снабдувањето со струја – хаос во Скопско, Кумановско и Тетовско


Поплавени се куќи, улици, имало пријави и за прекини во електричната енергија, по синоќешното невреме што ги зафати скопскиот, кумановскиот и тетовскиот регион. На единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле пријавени, а сѐ уште и се пријавувале, поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, […]

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах. Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница. Галант, исто […]

Хакерски напад врз Клиничката болница во Загреб, морале се да исклучат


Денес во утринските часови имаше сајбер напад врз системите на КБЦ Загреб, јавија хрватските медиуми. „Од наведената причина, принудени сме да ги исклучиме сите системи за дополнителни проверки, а ќе ги вратиме во производство кога ќе се увериме во нивната исправност. Наведената состојба нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, велат од КБЦ Загреб.

Формирани двојките за осминафиналето на Евро 2024


Со одигрување на натпреварите од последното коло во групната фаза, познати се сите учесници во плејофот за ЕП 2024. Двојки за осминафиналната фаза на Европското фудбалско првенство: Шпанија (1Б) – Грузија (3Ф) Германија (1А) – Данска (2С) Португалија (1F) – Словенија (3C) Франција (2D) – Белгија (2E) Романија (1E) – Холандија (3D) Австрија (1D) – […]

Неуспешен пуч во Боливија, генерал уапсен пред камера


Боливискиот претседател Луис Арсе го разреши шефот на вооружените сили на Боливија, генерал Хуан Хозе Зунига, обвинувајќи го за обид за државен удар, а боливиските власти го уапсија, објави во средата боливиската државна телевизија. Зунига беше уапсен и принуден во полициско возило додека зборуваше со новинарите пред касарната. „Ти си уапсен, генерале! Му кажал секретарот […]

Кина одвои 316 милиони долари итна помош за справување со последиците од смртоносните поплави


Кинеската влада додели итна помош во вредност од 316 милиони долари на градските власти за справување со последиците од смртоносните поплави во земјата. Средствата се за поддршка на спасувачките операции, за итни случаи и планирање за спречување на штети од поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од поројните дождови кои паѓаат речиси две недели. Министерството […]

Поплавени патишта во Крива Паланка од Осички мост до Техничкипреглед и кај село Станци


Во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А2 Куманово – Крива Паланка од местото викано Осички мост до Технички преглед од ноќеска во 23.40 часот. Сообраќајот е во прекин во двата правци поради нанос на песок од невремето, информира АМСМ. Поплавен и отсечен е и патот кај кривопаланчекото Село Станци со околните места, како и […]

Стапува во сила законот што го олеснува стекнувањето германско државјанство


Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето […]

Концерт на триото „Балкан Ашк“ вечер во Музејот на македонската борба


Во Музејот на македонската борба во Скопје вечер концерт ќе одржи триото „Балкан Ашк“. Триото ќе настапи во состав на диригентот на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“, Ерхан Шукри – виолина, соло харфист во НУ Филхармонија, Мерсиха Шукри – харфа и надворешен соработник на оркестарот во Филхармонија, Енис Аљи – виолончело. Триото […]

Претставата „Фирма“ вечер на „Скопско лето“


На сцената на Драмскиот театар во Скопје вечер ќе биде изведена претставата „Фирма“, во рамки на 45-то издание на фестивалот „Скопско лето“. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ, а текст е на авторот Роланд Шимелфенинг. Премиерата на „Фирма“ беше изведена на отворањето на фестивалот РУТА во Драмски театар на 3 октомври. Режисерката Витошевиќ ликовите […]

Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар


Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Промоција на монографијата за Заре Лазаревски, творецот на СКИ – центарот Маврово


Монографија „Приказна за големиот визионер, креатор и градител Заре Лазревски, Ски-центарот и Маврово“ вечер ќе биде промовирана во ресторанот Воденица. По повод 100 годишнината од раѓањето на Заре Лазаревски, за неговата животна определба Маврово да го направи признат и познат регионален ски и туристички центар, ќе зборуваат авторите Јасмина Миронски и Бранко Станчевски, како и […]

„Куќата што се распаѓа“ вечер во Музејот на Северна Македонија


Во продукција на Факултетот за работи што не се учат (ФРУ), а во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“ поддржан од ЕУ, од 27 до 29 јуни во Музејот на Северна Македонија ќе се одржи меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“. Како што соопштија организаторите, изложбата и […]

Де Вевер доби задача да се обиде да обезбеди мнозинство за формирање белгиска Влада


Белгискиот крал Филип на лидерот на десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер му довери задача да се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање на нова Федерална влада на Белгија. Како што соопшти белгиската Кралска палата, Де Вевер разговарал час и половина со кралот при што го информирал за резултатите од неговите активности […]

Европските лидери ќе решаваат за избор на врвните функционери на ЕУ


Изборот на носителите на водечките раководни позиции во ЕУ, Стратешката агенда 2024-2029 година, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, безбедноста и одбраната, конкурентноста, миграцијата, хибридните напади и прашања од надворешната политика, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Унијата што почнува попладнево во Брисел.  Во поканата упатена до шефовите на држави или влади […]

Изложба на Вангел Наумовски во галеријата Остен


Во галеријата Остен како дел од ОСТЕН Биенале Скопје 2024, вечер ќе биде поставена изложбата на ликовниот уметник Вангел Наумовски. Во колекцијата на ОСТЕН се наоѓаат 65 дела од Наумовски – слики, цртежи и графики. Наумовски е добитник на награда „Светско културно наследство“ и изложбата се поставува во негова чест со цел да се слави […]

РКЕ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија, не се очекуваат ценовни шокови


Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1 јули. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вчера изјави дека ќе нема ценовен шок и оти просечната цена на електричната енергија за домаќинствата нема да биде зголемена повеќе од […]