Германската државна банка KfW продаде 110 милиони акциии во Дојче Телеком, ќе инвестира во засилувањето на Германски железници


 Германската државна банка KfW објави дека продаде 110 милиони акции на Дојче Телеком, а приходите од 2,43 милијарди евра треба да бидат насочени кон зајакнување на сопственичкиот капитал во Дојче Бан и модернизирање на железничката мрежа. Британските медиуми пренесуваат дека акциите се продадени по цена од 22,13 евра, а пакетот одговара на сопственички удел во […]

Мицотакис ќе биде главниот преговарач на ЕПП по европските избори


  Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во понеделникот изјави дека тој најверојатно ќе биде главен преговарач на Европската народна партија (ЕПП) од десниот центар на ЕУ по европските избори на 9 јуни. Во интервју за радио станицата Скаи, грчкиот лидер ги повика граѓаните да гласаат за неговата владејачка партија Нова демократија и да ја зајакнат што […]

Изградба на нова улица и пешачка патека во Јака, Oпштина Илинден


Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за rеконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општината. Како што информираат од Општина Илинден, станува збор за улицата „109“ во должина од 430 метри, а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица ќе добие […]

Платформата X дозволи содржини за возрасни


Платформата X воведе нови правила кои им овозможуваат на корисниците да споделуваат содржини за возрасни под одредени услови. Промената доаѓа во време на напорите на компанијата да ги зголеми приходите и да привлече нови корисници. Новите правила дозволуваат споделување на „содржини за возрасни што се создадени и дистрибуирани со согласност“, под услов содржината да биде […]

„Итно Копче“ почна од Кисела Вода – услугата ја користат 100 изнемоштени


Од Општина Кисела Вода денеска почна новата услуга „Итно Копче“, наменета за нашите постари и изнемоштени сограѓани. Засега оваа бесплатна услуга ја користат 100 лица во територијата на Градот Скопје. Интеннцијата на Црвениот крст е во наредните две години услугата да ја користат илјада лица. „Итно Копче“ е иновативен аларм-уред кој на нашите сограѓани им […]

Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?


Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува тој адреналин што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за […]

Формирани собраниските комисии за политички систем и законодавно-правната


Собраниската Комисија за избори и именувања денеска ги прифати предлозите за персоналните состави на Комисијата за политички систем и на Законодавно-правната комисија. Претседател на Комисијата за политички систем е Љупчо Пренџов, а негов заменик Јован Јаулевски, додека претседател на ЗКП е Александар Велјановски, а заменик Бобан Николовски. Членовите на Комисијата го прифатија барањето на поранешниот […]

На Доналд Трамп му се заканува забрана за влез во 37 земји по пресудата


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше прогласен за виновен по 34 обвиненија во Њујорк, а оваа пресуда може да значи дека актуелниот претседателски кандидат не може да влезе во 37 земји во светот. Трамп беше осуден за фалсификување финансии за време на неговата претседателска кампања во 2016 година, а случајот е поврзан со поранешната ѕвезда […]

(Видео) Грчка телевизија случајно пренесувала во живо кражба на плажа кај Атина


Повозрасна жена остана без нејзиното ланче на атинска плажа откако во моментите кога се подготвуваше да влезе во море, непознато лице насилно и го извади од вратот и побегна, а сето тоа го сними грчката телевизија Скај за време на вклучувањето во живо за сосема друга тема, јави дописничката на МИА од Атина. Додека новинарот […]

Украина погоди ракетен систем на руска територија со западно оружје


  Украинските сили во понеделникот тврдеа дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ на руска територија користејќи оружје доставено од Запад. „Прекрасно гори. Тоа е руски ‘С-300’. На руска територија. Првите денови по дозволата да се користи западно оружје на непријателска територија“, објави украинската владина министерка Ирина Верешчук на Фејсбук заедно со слика која […]

„Наместо да снимаат, можеле да ја спасат“: Потресни зборови на мајката на девојчето кое се удави со својата другарка


Во неделата од надојдената река кај Удине во Италија беа извлечени телата на две девојчиња од Балканот, кои во петокот ги однесе поројот. Потрагата трае веќе четврти ден, а италијанските медиуми ги пренесоа шокантните зборови на мајката на една од жртвите. Мајката на Патриша Кормос (20), чие тело беше пронајдено на околу километар од местото […]

Сончево и топло до 38 степени, попладне дожд и грмежи


Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде до 38 степени, соопшти УХМР.  Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Одлуката е донесена: Се зајакнува армијата, се регрутираат странски државјани


Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс денеска изјави дека земјата ќе започне со регрутирање на неавстралиски државјани во армијата. Марлс изјави дека целта на овој потег е да се пополни недостигот од 4.400 регрути во австралиските одбранбени сили, чија цел е да има вкупно 63.400 луѓе во активните сили, пренесува АП. Австралиската влада си постави […]

Малолетник на мотор удрил во 60-годишна скопјанка на почеток на „Водњанска“


Во понеделникот,  во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница. Извршен бил увид […]

4 јуни во историјата – Почна битката за Мидвеј


  На 4 јуни 1942 година, започнува битката за Мидвеј – една од најрешителните победи на САД против Јапонија за време на Втората светска војна. За време на четиридневната битка на море и во воздух, побројната американска Пацифичка флота успеа да уништи четири јапонски носачи на авиони додека изгуби само еден од своите, „Јорктаун“, од […]

Лекарска комора одбележа 32 години постоење


Лекарската комора одбележа 32 година од постоењето како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја на свеченоста организирана во „Куќата на уметноста“, во село Кнежино, во присуство на претставници на органите и телата на Комората, претставници на државни институции како и доктори од целата држава. Пригодни обраќања имаа претседателката на […]

Во Прилеп е отворена несекојдневната изложба „Коперникус 551“ на мејл-арт уметност


Во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски. Станува збор за несекојдневен проект од мејл арт уметноста насловен „Коперникус 551“. Со ова се одбележуваат 551 година од раѓањето на Никола Коперник. Изложени се преку 100 дела на педесеттина уметници од 34 земји кои […]

Панел дискусија „ЕУ како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” (во живо)


По повод одбележување на Денот на Европа – 9 Мај, Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење во Република Северна Македонија организираат настан во чии рамки ќе биде организирана и панел дискусијата на тема: „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација”.

Нов фронт против Фон дер Лајен во Брисел, Мишел подготвува одмазда


Нов фронт против Фон дер Лајен во Брисел, Мишел подготвува одмазда На неколку дена пред изборите за Европскиот парламент изгледа дека во Брисел се бори секој против секого Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, отвори нов фронт против Урсула фон дер Лајен обидувајќи се да го спречи нејзиниот избор за уште еден мандат на чело […]

Во Штип околу 50 дечиња се на листа за чекање за прием во градинките


Околу 50 дечиња се на листата за чекање за упис во штипските детски градинки. Раководителката на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека ова се должи на малите капацитети на детските градинки, но и недостаток на кадар. Над 40 работни места  се испразнети во детските градинки по основ на пензионирање, а […]