Малолетник на мотор удрил во 60-годишна скопјанка на почеток на „Водњанска“


Фото: Б. Грданоски

Во понеделникот,  во 19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.