Одбележување на Светскиот ден на животната средина со „зелени“ активности во Свети Николе и Тетово


Со отворање на инсталацијата на ветерниот парк „Богословец“ во Свети Николе и Јуроп Хаус во Тетово денеска „TeamEurope“ ќе го одбележи Светскиот ден на животната средина, соопшти Делегацијата на Европската Унија во Скопје. „Богословец“ е втор ветерен парк во државава, по паркот „Богданци“ пуштен во употреба во 2015 година. Двата ветерни паркови се резултат на […]

Презентација на истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“


 Во организација на Форумот за разумни политики денеска ќе биде презентирана истражувачката студија „Извештај за изборната етика: водич за доблесни политичари 2.0“, реализирана за време на и по парламентарните и претседателските избори во април/мај 2024 година. Документот е изработен во рамки на проектот „Етика и политика – врзување на јазолот“ поддржан од National Endowment for […]

Сончево и топло, температура до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, во северозападните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени. […]

Државниот испитен центар ќе објави имиња на тестатори кај што имало масовно препишување


 Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.  – Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во […]

Филипче, Петровска и Деспотовски ќе ги поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ


Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска во текот на утрешниот ден се очекува да ги поднесат кандидатурите за претседател на СДСМ.  Кандидатура за претседател на СДСМ најави и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, кој утре ќе одржи […]

Хорор во Охајо: Жена уби тригодишно дете на паркинг пред очите на неговата мајка


 Тригодишно момче починало како последица на повредите што му ги нанела жена на паркинг во продавница во американската сојузна држава Охајо, соопшти денеска локалната полиција, наведувајќи дека се работи за „случаен напад“. Момчето и неговата мајка се враќале во својот автомобил откако пазареле во самопослуга во понеделникот, кога една жена ги нападнала со нож, повредувајќи […]

Путин го назначи Шојгу за координатор за развој на одбранбената индустрија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го именуваше секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу за координатор за развој на воено-индустрискиот комплекс.  Путин нагласил дека е неопходно да има независен координатор на активностите за Министерството за одбрана да добие соодветна опрема, а тоа да биде Шојгу. Тој нагласи дека станува збор за приоритетните задачи на одбранбената […]

Прилагодете ја исхраната на високи температури: Што треба да се јаде во јуни?


Иако летото се уште официјално не започнало, многу лекари, диететичари и нутриционисти советуваат дека е важно да се прилагодиме на полесна и поздрава исхрана за полесно да ги поднесуваме високите температури. Во овој поглед, диететичарите Никол Родригез и Венди Џо Петерсон открија која храна е пожелна да се јаде во јуни. Иако најчесто се работи […]

Повторно лоши вести во автомобилската индустрија


Расположението во германската автомобилска индустрија повторно се влоши во мај по краткиот подем во април, е заклучокот од извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Показателот кој го мери деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна во мај од минус 2,4 поени во април на минус 8,6 поени, според IFO. – […]

Германскиот воен гигант се шири: „Ја таргетираше“ оваа земја


Германски Рајнметал ќе инвестира повеќе од 180 милиони евра во нова фабрика за муниција во Литванија, соопшти владата во Вилнус. Се очекува да се отворат најмалку 150 работни места во фабриката, која според претходните најави ќе произведува артилериски гранати со калибар 155 мм. Инвестицијата е „исклучително важен чекор во задоволувањето на непосредните одбранбени и безбедносни […]

Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада


На конститутивната седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2024 година, уредно беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници во eдинаесеттиот состав на Собранието. Притоа Собранието констатираше дека „на претседателот на Владата и на одреден дел на членовите на Владата со верификацијата на мандатот за пратеник, согласно член 8 став 1 од […]

Лекарите задоволни од резултатите од персонализираната вакцина против меланом што ја намали смртноста


Резултатите на Светскиот фонд за истражување на ракот за 2020 година покажуваат дека повеќе од 150.000 луѓе ширум светот заболуваат од меланом секоја година. Сепак, првата персонализирана мРНК вакцина против рак на кожа во светот го намали за половина ризикот од смрт на пациенти или болеста да се врати. Пациентите кои ја примиле вакцината по […]

Тревога над Балтичкото Море: НАТО испрати авиони да пресретнат руски авиони


Борбени авиони на германското воено воздухопловство пресретнале руски авиони кои наводно оперирале „без план за лет и радио комуникација“ над Балтичкото Море. Тимот на Луфтвафе утринава на социјалната мрежа Х напиша дека авионите на Еурофајтер кои летаат од Лиелварде, Латвија, како дел од мисијата на НАТО за зајакнување на балтичката воздушна полиција (ВАПБ), морале да […]

На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата


На меѓурадониот аеродром во Тирана уапсени се шеснаесет припадници на  граничната полиција,  осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми. Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200  албански […]

Без струја утре делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода


 Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче […]

Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во ноември


„Македонската радио телевизија“ објави повик за аудиција на вокален интерпретатор кој ќе нѐ претставува на Детската Евровизија што во ноември ќе се одржи во Мадрид, Шпанија. – Пријавените кандидати треба да се на возраст помеѓу девет и 14 години на денот на финалната манифестација, 16 ноември, пишува во повикот. Најавено е аудицијата да се одржи […]

Баерн даде 1 милион евра на настраданите од поплавите во Германија


Баерн Минхен донирал 1 милион евра за настраданите од поплавите во јужна Германија, објави баварскиот клуб преку официјално соопштение. -Поплавите предизвикаа големи штети и страшни страдања. Особено во такви исклучителни ситуации, потребен е посебен дух на заедница, што многу луѓе во моментов го демонстрираат на теренот. Баерн сака да покаже солидарност и да ги поддржи […]

Со картичка може да се купи и шише вода, ограничувањата ги прават трговците, не банките, велат банкарите


Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите […]

Театрите од Велес и Пловдив ги почнаа подготовките на заедничката претстава „Без крв“


Во Драмски театар Пловдив, започнаа пробите за претставата „Без крв“ по истоимениот роман на Алесандро Барико. Претставата е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ заедно со Драмскиот театар Пловдив. Како што денеска информираат од велешкиот театар, текстот на претставата е на Александар Секулов, додека сценската адаптација и […]

Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери


Пратеничката група на Левица денеска до претседателот на Собранието поднела официјално писмено Барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.   -Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира […]