Агенцијата на ОН за помош на Палестинците го означи раселувањето на жителите на Рафа како нехумано


Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска го означи присилното раселување на стотици илјади Палестинци од градот Рафа на југот на Појасот Газа како нехумано. Агенцијата оцени дека веќе никаде не е безбедно за цивилите кои бараат засолниште од конфликтот меѓу исламистичкиот Хамас и израелската армија во таа мала енклава. УНРВА на социјалната […]

Малески: Силјановска ѝ објави војна на Грција


Во моментот кога повторувајќи ги зборовите на заклетвата кажани од претседателот на собранието одби да го употреби новото уставно име на државата, таа, така да се изразам, ѝ објави војна на Грција, беше реакцијата на поранешниот министер за надворешни работи Денко малески за инагурацијата на Гордана Силјановска-Давкова денеска во Собранието. „Со својата постапка таа му […]

Силјановска сама на инагурацијата, не дојдоа претседатели од регионот


На денешната церемонија не присуствуваа лидерите на соседните земји, Бугарија, Србија и Албанија и Косово, за разлика од заклетвата на Стево Пендаровски, каде беше присутен и бугарскиот претседател Румен Радев. Грчки „Катимерини“ објави дека овие држави тврдат дека, наводно, не ги добиле поканите навремено. Инаугурацијата на Пендаровски пред точно пет години ги седна еден до […]

Ердоган: И Хитлер би позавидел на геноцидните методи на Нетанјаху


Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“. Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога […]

Изоставувањето на „Северна“ ударна вест во Грција


  Грчките медиуми промптно го пренесоа фактот дека новата претседателка на државава, Гордана Силјановска-Давкова одбегна да каже Северна Македонија при давањето заклетва во македонското Собрание. „Катимерини“ во првата реакција напиша дека „г-ѓа Силјановска за време на заклетвата, државата ја нарече ‘Македонија’, и покрај тоа што во текстот на заклетвата, кој го кажа претседателот на Собранието […]

Герапетритис ја услови евроинтеграцијата на Македонија со Договорот од Преспа


Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова […]

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ на преговори, ги договориле основите за соработка во власта


По средбата помеѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, Христијан Мицкоски објави дека биле договорени општите начела на соработка за идната влада и дека по формирањето работни групи, ќе продолжеле разговорите до нивно финализирање. „Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против […]

Камерон: Ова е исклучително опасен момент за Украина


Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон утрово одговарајќи на новинарско прашање во интервју дадено за Скај Њуз за ненадејната руска офанзива во регионот Харков, истакна дека „ова е исклучително опасен момент за Украина“. -Ова само нагласува дека ова е неоправдана, илегална инвазија на Путин на независна, суверена земја, рече Камерон. Тој нагласи дека „мораме […]

Грчката амбасадорка протестираше, ја напушти инаугурацијата на Силјановска


Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи  инаугурацијата на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, ја напушти пленарната сала во знак знак на протест поради тоа што  при давањето свечена заклетва таа не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија. Веста прв ја […]

Мадрид ќе биде домаќин на детската Евровизија на 16 ноември


  Шпанската телевизија RTVE објави дека детскиот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во сабота на 16 ноември во Caja Mágica во Мадрид. РТВЕ ја презеде организацијата на Детската Евровизија откако победниците на Изборот за песна во 2023 година, Франција, ја предадоа можноста на друга земја. Франција беше домаќин на Јуниорска Евровизија двапати […]

Масовен предизборен митинг на Трамп во Њу Џерси, тешки зборови за Бајден


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп синоќа одржа митинг во одморалиштето Вајлдвуд на брегот на Њу Џерси, каде го обвини претседателот Џозеф Бајден за кривичните обвиненија со кои се соочува пред претседателските избори во ноември, велејќи дека постапката што се води во Њујорк против него е „Бајденов судски процес“. На митинг пред неколку десетици илјади луѓе, […]

Изгоре трговски центар во Варшава со 1.400 продавници (ВИДЕО)


Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен. Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24. Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на […]

Захарова за Евровизија: „Надминати се секоја оргија и вештерство, ова е погреб на Западна Европа“


Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на годинешната Евровизија. Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа. „Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа. Немаше изненадувања“, порача Захарова на својот канал на […]

Протести во Тел Авив за ослободување на заложниците: „Владата не знае што прави“


Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држеше исламистичката група Хамас во Појасот Газа. Ччленовите на семејствата на заложниците носеле слики од нивните најблиски кои сé уште се во заробеништво и се приклучиле на толпата што протестира во Тел […]

Предвремени парламентарни избори во Каталонија


Во Каталонија денеска се одржуваат регионални парламентарни избори, кои се сметаат и за тест за тоа колкава поддршка имаат сепаратистичките сили меѓу гласачите во таа шпанска покраина. Учество на предвремените избори најави и поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, кој живее во егзил од 2017 година и кој би ризикувал веднаш да биде уапсен доколку […]

Во Лазарополе најстудено, најтопло во Куманово, Дебар, Скопје, Гевгелија и Дојран


Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од 1 степен, а 10 степени Целзиусови се измерени во Куманово, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија и Дојран. Како што соопштија од УХМР, во Берово се измерени 2 степени, 3 во Маврови Анови, 4 Попова Шапка, 6 во Крива Паланка, Охрид и Претор, 6 степени и во Битола, Тетово, […]

Украински дрон предизвика пожар во рафинерија во рускиот град Волгоград


Полноќен напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Волгоград, на југот на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, цитиран од британските медиуми.  Според него, пожарот бил брзо изгаснат, а инцидентот поминал без жртви. -Како резултат на удар на дрон со последователна детонација, избувна пожар на територијата […]

Мишел, Бајден и Шолц го предупредија Израел да не ја шири воената операција во Рафа


Наредбите за евакуација на цивилите заглавени во Рафа во небезбедни зони се неприфатливи, порача синоќа претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.  – Ја повикуваме израелската Влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и бараме да не презема копнена операција во Рафа. Граничните премини мора целосно да функционираат и да овозможат минување на суштинска хуманитарна […]

Рекордна меѓурегионална миграција во Белгија во минатата година


Во текот на 2023 година вкупно 73.870 жители на Белгија ги напуштиле своите дотогашни живеалишта и се преселиле во нов дом во некој од другите два региона во земјата, покажуваат податоците на белгиската Федерација на агенти на недвижен имот (ЦИБ).  Како што наведува белгискиот јавен радиодифузен сервис на фламански (холандски) јазик ВРТ, ова е досега […]

Духот на АБА лебдеше над Евросонг (фото + видео)


Малме– 2024 одбележува 50 години откако AБA ѝ ја донесоа првата победа на Шведска на Изборот за песна на Евровизија со неверојатниот шлагер  Waterloo.  Историски момент за Шведска, секако, но и убав спомен за целата евровизиска заедница ширум светот. Секако, со оглед на тежината на приликата, оваа годишнина апсолутно мора да се слави и почитува, особено […]