Групацијата Емирати објави рекордна добивка од 5,1 милијарди долари, што е раст од 71 отсто


Групацијата Емирати, со седиште во Дубаи и сопственик на најголемата истоимена авиокомпанија од Блискиот Исток, денеска објави рекордна годишна нето добивка од 5,1 милијарди долари, што е зголемување за 71 отсто во однос на претходната фискална година. Во фискалната 2023-2024 г. во годината што заврши на крајот на март, групата покажа нови рекордни резултати, наведе […]

Азески: Изборите завршија, бизнисот бара враќање на редовните колосеци веднаш и сега


Претседателот на Стопанската комора на Северна македонија, Бранко Азески, денеска порача дека по завршувањето на изборите потребно е економијата повтроно да биде приоритет, како и градењето на правната држава и систем на пазарни вредности.  Во соопштение до медиумите, честитајчи им на победниците, тој посочува дека на седмите по ред претседателски и единаесетти по ред парламентарни […]

Зошто Холандија е една од најсреќните држави во светот?


Холандија важи за една од најсреќните држави во светот – со најсреќни деца во светот. Родителите во оваа западноевропска земја очигледно имаат јасно утврдени начела и правила на воспитание, пишува „Тајмс оф Индија“ (The Times of India). Следат неколку совети. Поттикнување на независноста и самостојноста Холанѓаните, уште од мали нозе, ги поттикнуваат децата да бидат […]

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот. За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето.  Ако Синер обезбеди полуфинале […]

Каспаров откри дали се плаши за својот живот: Има земји во Европа кои не би ги посетил


Шаховскиот велемајстор и руски опозиционер Гари Каспаров зборуваше за актуелната геополитичка ситуација и се осврна на фактот дека во Русија е прогласен за терорист. Во интервју за полски Онет, Каспаров ја коментираше одлуката на Кремљ да го стави на листата на терорист. „Не ја признавам одлуката на режимот. Сметам дека рускиот режим е незаконски и […]

Промоција на „Нови бајки од Македонија“ во Дајмонд мол


Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, ќе биде промовирана на 13 мај (понеделник), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе се обратат Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор и основач на Движењето за […]

Зошто мажите копнеат по бившите девојки?


Истражувањата покажаа дека романтичните авантури со поранешните девојки ги ставаат мажите во состојба на транс… Дали после одредено време сакавте повторно да ја видите поранешната девојка? Ако е така, не грижете се дека не сте единствените. Најновото истражување покажа дека тоа е сосема нормално машко однесување и дека има причина зошто се враќаат чувствата кон […]

Економист со мало воено искуство под санкции. Ова е новиот министер за одбрана на Путин


Рускиот претседател Владимир Путин неочекувано номинираше нов министер за одбрана, цивилот Андреј Белоусов, поранешен вицепремиер задолжен за економија, на местото на Сергеј Шојгу, објави Кремљ. Путин сака Шојгу, министер за одбрана од 2012 година и негов долгогодишен советник, да стане секретар на моќниот руски Совет за безбедност – каде што ќе го замени досегашниот шеф […]

Агенциите за давање отказ сѐ побарани во Јапонија


 Давањето отказ преку агенција во име на работникот е сѐ позастапено во Јапонија последниве години. Така вработените ги напуштат компаниите, без да мора лично да дадат оставка, од причини како што се вознемирување на работното место или неповолна работна средина. Секторот бележи раст, па денес има 100 агенции коишто нудат вакви услуги. Во прилог на […]

Студена лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати


Најмалку 37 луѓе загинаа по поројни поплави и студена лава што тече од вулкан на островот Суматра во западна Индонезија. По неколкучасовен дожд во саботата, пепелта и студените одрони оштетија повеќе од 100 домови, џамии и јавни згради, јавува Би-би-си. Локалните власти сметаат дека 18 лица се водат за исчезнати, а се очекува бројот на […]

Во Белгија трошат по речиси 9.000 евра за обебзедување на руските дипломатски претставништва


Брисел –  Белгиската федерална полиција деноноќно ги чува руските дипломатски претставништва во Брисел откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, а дневните трошоци за таа намена се речиси 9.000 евра. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци презентирани од министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден како одговор на пратеничко прашање, пренесе БТА. […]

Лани во Србија странски инвестиции од повеќе од 4,5 милијарди евра, најмногу од нив од ЕУ


Белград –  Минатата година во Србија влегле повеќе од 4,5 милијарди евра директни странски инвестиции, покажуваат податоците на Народната банка на Србија (НБС), што е за околу 100 милиони евра повеќе од 2022 година, кога нивната вредност беше 4,4 милијарди, објави Данас. Најголемиот дел од таквите инвестиции во 2023 година се од Европската унија, а […]

Во Белград средба Вучиќ – Вархеи


Белград– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград ќе има средба со комесарот на Европската унија за соседска политика и проширување, Оливер Вархеи. Почетокот на средбата е најавен во 17 часот. По средбата, Вучиќ и Вархеи ќе одржат прес конференција.

Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите


Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана […]

Вработени во Музеите на Ватикан почнуваат работен спор без преседан за работните услови


Рим– Четириесет и девет вработени во Музеите на Ватикан започнаа работен спор без преседан поради, како што велат, неправедните и лошите услови за работа, што може да доведе до непријатна тужба против администрацијата на папата Франциск. -Вработените испратија петиција до градската управа на Ватикан во која се жалат на правилата што предизвикуваат „работни услови што […]

Османли и Халими на Меѓународниот саем на книгата на Солун


Утре, како преттекст на 20 Меѓународен саем на книгата на Солун ќе започне Втората по ред средба на балканските писатели и литературни преведувачи. Средбата што се случува во организација на Градот Солун, Грчката фондација за култура и Друштвото на писателите од Солун ќе се одржува во текот на два дена, на 14 и 15 мај.    […]

Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Од УХМР информираа […]

Хакиран Европол


Европската полициска агенција (Европол) потврди дека е хакирана и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе продадат украдени вредни доверливи податоци од истраги. Хакирана е т.н. Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат безбедносните стручњаци за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминалот“. – Европол е свесен за […]

Стрипови на македонски автори изложени во Сараево


Во Босанскиот културен центар во Сараево е отворена документаристичката изложба „Антифашистичкиот стрип во Југославија: од ’Пионери‘ до ’Партизани‘“, на која со свои дела се застапени стрип-автори од сите поранешни југословенски републики, вклучително и македонските, соопшти стрип хронираот Александар Стеванов.  Идеен творец на оваа амбициозна тематска изложба, која е реализирана во рамките на манифестацијата „Денови на […]

Средба Ердоган – Мицотакис во Анкара


Атина – Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во работна посета на Анкара и попладнево ќе сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина. Во пресрет на посетата на Мицотакис на Турција, што воедно е и возвратна средба по посета на Ердоган на Атина во декември минатата година, и грчкиот премиер […]