ОФФ-Фест 2024: Врвна музика за сите вкусови, од Африка преку Македонија и Србија до Шпанија 


Осум концертни настапи и два документарни филма се дел од дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Национална опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на Македонија. Ќе ги собере некои од најпотентните музички таленти и стилови од секој агол на планетата, ветувајќи програма која […]

30 мај во историјата – Заврши Првата балканска војна


  На 30 мај 1913 година е потпишан мировен договор со кој завршува Првата балканска војна, во која трите сојузнички словенски држави Србија, Црна Гора и Бугарија, заедно со Грција ги протераа турските сили од Македонија, територија на Отоманската империја која се наоѓа во бурниот балкански регион на југоисточна Европа. Откако бунтот во Македонија – […]

Спречен шверц на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија


Во средата, кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка […]

Добар јавен превоз може да ги намали жртвите во сообраќајот


Човечкиот фактор е клучен за немање жртви во сообраќајни несреќи. Убедливо најголема причина за сообраќајните несреќи е брзото возење, над 60 проценти додека квалитетот на патната мрежа влијае со еден процент врз сообраќајните несреќи. Ова го порачаа учесниците на третата Меѓународна конференција за безбедност во сообраќајот на патиштата во организација на Републичкиот совет за безбедност […]

Со марш во Скопје се одбележа Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза


Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија „Мобилност Македонија“, по повод 30 мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, денеска по деветти пат организираше марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална […]

Партизацијата ја избрка и јавната администрација, сега брои исто како во 2015 година


Партизацијата ги брка вработените од јавната администрација па, и покрај масовните партиски полнења на институциите со кадри од партиите, бројот на вработени во државна служба паднал на нивото од 2015-та година, поради иселувањето но и неатрактивноста за работа во неа. Ова го покажува истражувањето на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ во рамки на проектот […]

Во скопско Лисиче општината и градоначалникот Муцунски ги победија граѓаните


  Долги месеци жителите на Лисиче водеа битка проти планот на Општина Аеродром и нејзиниот градоначалниок Тимчо Муцунски за изградба на нови згради онаму каде што не им е местото. Изгледаше дека лисичани ја добија битката, за синоќа да се испостави дека ја загубија во еден миг. Главната улога ја одигра градоначалникот Муцунски кој му […]

Земјите од Западен Балкан трошат три пати повеќе енергија во споредба со земјите од ЕУ


Земјава да се фокусира на инвестиции во енергетскиот сектор, да ја забрза замената на јагленот со обновливи извори, да го зголеми домашното производство на струја и на храна и да направи сериозен редизајн на државната помош, особено во земјоделството, порачуваат експертите. Овие сугестии, како што беше речено на денешниот економски форум, се однесуваат, генерално, и […]

„Макстил“ вработува веднаш по завршувањето факултет – потпишан меморандум со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје


Макстил АД Скопје ја обнови соработката со Технолошко-металуршкиот факултет и во наредниот период ќе ги поддржи студентите преку доделување стипендии, обезбедена пракса за студентите, стручна и консултативна помош при дипломски, магистерски и докторски студии, стручна, научна и техничка поддршка за експертски анализи, со формирање на експертски тимови за изработка на научноистражувачки проекти. Оваа соработка само […]

Советот на ЕУ даде зелено светло за договорот со Србија за соработка со Фронтекс


 Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за потпишување на договор меѓу Европската унија и Србија за оперативни активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), што ќе им овозможи на ЕУ и Србија да организираат заеднички операции во кој учествуваат Фронтекс и српски граничари. Како што е наведено во соопштението […]

ЕБОР и донаторите помогнаа на над 18.000 домаќинства на Западен Балкан во инвестиции во енергетска ефикасност


За помалку од седум години, повеќе од 18.000 домаќинства на Запaден Балкан (ЗБ) инвестираа над ЕУР 100 милиони во технологии кои заштедуваат енергија, како што е изолација, топлотни пумпи, нови прозорци или соларни панели, благодарение на регионалната ГЕФФ Програма (Програма за финансирање на зелена економија – Green Economy Financing Facility (GEFF) programme), за Западен Балкан, […]

Вархеи сака да остане комесар за проширување, ЕУ вели – нема шанси


  Сојузниците на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Балканот – српскиот претседател Александар Вучиќ и новата македонска влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ што треба да се избере до крајот на идниот месец – имаат големи очекувања од претседавањето на Будимпешта со ЕУ од 1 јули. И се надеваат дека Орбан ќе успее да го зачува […]

Шпанскиот парламент го одобри законот за амнестија на каталонските сепаратисти


 Шпанскиот Парламент денеска даде конечно одобрување на Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, вмешани во неуспешниот обид да прогласат независност во 2017 година. Законот беше поддржан од шпанската левичарска коалициска влада на Педро Санчез, две каталонски сепаратистички партии и други помали партии. Беше изгласан со 177 спрема 172 гласа „за“ во Долниот дом, а против […]

ЛДП: Критериумите за членство во ЕУ не треба да бидат предмет на националистички реторики


Процесот на уставните измени во Македонија е клучен за напредокот на државата во интеграциите со Европската Унија и токму затоа промените кои се неопходни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ не треба да бидат предмет на националистички реторики, велат од Либерално-демократската партија. – Ќе потсетиме дека реформите ќе донесат значителни придобивки за граѓаните […]

Заедничко дружење и дегустација на храна во паркот на франкофонијата


Во организација на Општина Центар утре, во Паркот на франкофонијата од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и вилушка на европска чинија“. Општина Центар како домаќин на овој настан на посетителите ќе им понуди квалитетно после работно дружење, преку уникатно музичко и гастрономско доживување.   Паркот на франкофонијата ќе биде точка каде ќе […]

Со вината „Луда Мара“ светот го гледате во очи – „Тиквеш“ со спектакуларна забава го промовираше новиот визуелен идентитет


Моќниот слоган на брендот „Луда Мара“ – „Гледај го светот во очи“, синоќа, во Музејот на современа уметност, собра моќни луѓе од сите сфери на живеење и вистински пријатели на „Тиквеш“ кои знаат што е добро вино и добра дружба. Избегаа од секојдневното, уживаа во моментот, истражуваа нови хоризонти и се нурнаа во уникатното искуство […]

В сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит


Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема […]

Фонтани од вжештена лава течат надвор од одбранбените ѕидови на Гриндавик


Вулкан во југозападен Исланд еруптираше во средата по петти пат од декември, исфрлајќи огромни текови лава кои се закануваат да го отсечат градот Гриндавик и поттикна евакуација на светски познатата Сина лагуна. Драматично видео и слики од местото на настанот покажуваат фонтани од вжештена лава како пука во воздух покрај пукнатина долга 3,4 километри во […]

Косовската министерка за надворешни работи: Нова војна на Балканот би била добредојдена за Русија


Косовската министерка за надворешни работи Доника Гарвала-Шварц изјави дека Русија може да ги разгори тензиите на Балканот и да создаде нова војна за Западот да не се фокусира на Украина, пишува весникот „Коха диторе“, цитирајќи интервју од вчера за NatSecDaiy. Во интервјуто Гарвала предупреди дека територијалните амбиции на рускиот претседател Владимир Путин не запираат на […]

Германска влада: Украина ги исполнува условите да преговара за пристапување во ЕУ


 Германската влада соопшти дека Украина ги исполнила условите за реформи неопходни за започнување на дискусии за пристапување во Европската унија, јави ДПА. -Според германската влада, Украина ги исполнува сите услови за да може да ги започне преговорите за влез во ЕУ во јуни. Затоа бараме сите земји-членки брзо да постигнат договор за преговарачката рамка, изјави […]