СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата од Русија за спречување на распоредување оружје во вселената


 Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената. Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни […]

Пожар во фабриката Тесла во Калифорнија, нема повредени


Вчера попладне околу 17 часот избувна пожар во фабриката „Тесла“ во Фремонт, Калифорнија. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и го изгаснале за неколку часа. Нема повредени. Противпожарната служба во Фремонт соопшти дека ја истражува причината за пожарот. Фабриката во Фремонт е една од најголемите за производство на електрични возила во Калифорнија. Пожарот се случи […]

Македонската берза и УСАИД со поддршка за компаниите во пристапот до финансии со спроведување на ESG стандардите


Во просториите на Македонска берза се одржа информативен настан „Македонска берза на хартии од вредност: Состојби, активности и иницијативи” на која присуствуваа финансиски консултанти кои се дел од Платформата за пристап до финансии 3.0 на Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст. На настанот беа претставени тековните проекти и активности на Берзата, беше објаснета постапката […]

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност


Германија оцени дека барањата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и Хамас под сомнение дека извршиле воени злосторства даваат „лажен впечаток на еквивалентност“. „Истовременото поднесување налог за апсење на лидерот на Хамас од една страна и двајца израелски функционери од друга страна даде лажен впечаток […]

Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател


Претседателот на НР Кина Си Џинпинг упати честитка до Гордана Силјановска-Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на Република Северна Македонија, пренесува кинеската новинска агенџција Ксинхуа. Кина и Северна Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки […]

Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години


Серија од 49 земјотреси се регистрирани синоќа во близина на Неапол, во јужна Италија, без поголема материјална штета, но предизвикало паника кај населението, соопштија тамошните власти. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија, тоа е најголемата серија земјотреси во последните 40 години. Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 […]

Борел за барањето за апсење на Нетанјаху: Државите се обврзани да ги спроведуваат одлуките на судот


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во врска со повикот на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас, рече дека сите држави што ги ратификувале статутите на МКС се должни да ги спроведуваат неговите одлуки. – Мандатот на МКС, како […]

Косовската полиција запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари од Поштенската штедилница


Косовската полиција соопшти дека во вчерашната акција на северот на земјата, каде што беа затворени шест единици на финансиската институција „Банка поштенска штедилница“, се запленети „околу 1.600.000 евра, околу 74.700.000 динари, околу 19.500 франци, околу 13.800 американски долари, околу 40 австралиски долари“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во врска со случајот, министерот за внатрешни […]

Почина Иван Боески, брокерот кој беше инспирација за ликот на Гордон Геко


Синоќа на 87-годишна возраст почина Иван Боески, еден од пулените на Волстрит од 1980-те години и архетип за алчен и безмилосен трејдер, инспирација за карактерот на Гордон Геко од познатиот филм на Оливeр Стоун. За Волстрит оваа деценијa е време на промени и развој, а Иван Боески бил во авангардата на тие промени. Тој купувал […]

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе даде отчет за работата во 2023


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска ќе го презентира Годишниот извештај за работата за 2023 година.  Воведни обраќања на настанот што ќе се одржи одржи во хотел Александар Палас, со почеток во 10 часот, ќе има Игор Јадровски, претседател на КСЗД и Олег Солдатов, раководител на програмската канцеларија на Совет на Европа во […]

Почнува Меѓународниот фестивал „Книжевен круг“ во Скопје


Меѓународниот фестивал „Книжевен круг“, во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” – Скопје, ќе почне денеска и ќе трае до 4 јуни. Фестивалот ќе почне со читање хаику поезија на повеќе од 10 автори во  гимназијата „Никола Карев” во Скопје, при што ќе биде врачена и наградата „Хаикин“ на писателот Александар […]

Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 […]

Без струја село Студеничани и делови од општина Карпош


Поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа на ден денеска без електрична енергија ќе останат делови од село Студеничани и општина Карпош, информира      Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Студеничани  (Општина Студеничани), а од 09:00 […]

Перформанс за јакнење на родова еднаквост „Простор за разговор“


 Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар организира настан „Простор за разговор“ со цел подигање на свеста за родовата еднаквост. Настанот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар во Штип. -Целта е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс да го зајакнеме чувството на припадност кон заедницата, да […]

Промоција на „Дни, години“ од Димитар Башевски во Градската библиотека


 Најдобрата поетска книга за 2023 година, според Струшките вечери на поезијата, „Дни, години“ од Димитар Башевски, ќе биде промовирана денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток во 12 часот. На промоцијата во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски. Според жирито […]

Судскиот совет вечерва на итна седница ќе расправа за одземање на имунитетот на врховниот судија


Судскиот совет вечерва на полноќ ќе одржи итна седница на која ќе расправа по барањето на Основниот кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на врховниот судија и за одобрување на притвор кој се сомничи за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Итната седница следува по информациите од Министерството за внатрешни работи дека денеска […]

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Лидија Димковска (галерија)


Романот „Единствен матичен број“ на писателката Лидија Димковска (1971), во издание на „Три“, е годинашниот добитник на наградата „Роман на годината“, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. Покрај плакета и статуетка, Димковска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка АД Скопје, веќе седма година по ред.  Свеченото […]

Судењето на Трамп влегува во завршница


Мајкл Коен, некогашниот личен адвокат на Доналд Трамп и клучен сведок на обвинителството, се враќа денеска да сведочи на судењето на поранешниот американски претседател. Трамп е првиот претседател на САД кој некогаш се соочил со кривична пријава, и судијата предложи завршница на судењето идната недела. Коен е соочен со уште неколку часа прашања од адвокатот […]

Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Бенјамин Нетанјаху


Додека членовите на израелскиот парламент повторно се состануваат по пауза од шест недели, попладнево пред зградата на Кнесетот во Ерусалим се собраа илјадници антивладини демонстранти од цел Израел. Полицијата постави два реда барикади кои ги делат демонстрантите од Кнесетот, а присутните извикуваа слогани против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, пишува Тајмс оф Израел. „Биби […]

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“


Македонската ознака во моменталните околности станува моќно средство на економската дипломатија. Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Северна Македонија, порача грчкиот […]