Што донираа семејствата на Анте Поповски и Матеја Матевски на Музејот на македонската борба? 


Предмети од личните фондови на истакнатите македонски академици Анте Поповски и на Матеја Матевски , како дар од нивните семејства, сега се дел од музејската колекција на Музејот на македонската борба во Скопје. Бројните гости од културниот живот на земјата, и академици кои можеа да се избројат на прсти, синоќа, на свеченоста, по повод музејскиот […]

Во Москва се славеше творештвото на Влада Урошевиќ – Олга Панкина ја продолжува мисијата „Читаj jа Македониjа!“


Во организација на поетесата Олга Панкина – позната руска македонистка и преведувачка, во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод […]

До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје – Гостивар


 До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот  Скопје – Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница. -Заради безбедноста на граѓаните, најавено е регулирано ограничено движење во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар, во сигурносен појас од 100 метри од двете страни […]

ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје


Пожарникарите во скопскиот регион изминатото деноноќие интервенирале на запалено ѓубре во општините Арачиново и Шуто Оризари. Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување биле подигнати уште 32 стари пушки и една рачна граната од балканските војни на битолска територија, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). На локација каде се гради нов објект […]

Кавани ја заврши репрезентативната кариера


 Прославениот уругвајски фудбалер Едисон Кавани (37) објави синоќа дека ја завршува репрезентативната кариера, збогувајќи се со националниот дрес како втор најдобар стрелец во историјата на својата земја, Кавани рече дека донел одлука да стави крај на репрезентативната кариера за да може да се фокусира на крајот на клупската кариера. Уругвајскиот напаѓач во моментов настапува за […]

Проект на четвртоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ награден во Берлин


Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ освоиле награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2024 кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Заедничкиот проект изготвен од учениците од 4в одделение „Летаме со ербас“ бил координиран од двајца наставници во својство на ментори Александра Неделковска – Петровска и Стефан Симовски.   -Натпреварот го организира […]

Завршува најголемата вежба на НАТО во која учествуваат 90 илјади војници


Брисел – Војници на земјите-членки на НАТО денеска ќе ја завршат својата најголема воена вежба организирана од западната одбранбена алијанса од крајот на Студената војна, чија цел е да се одврати можна руска агресија, јави ДПА. Серијата воени маневри под името „Steadfast Defender 2024“ беа започнати од НАТО како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа […]

Во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“


Во организација на Општина Центар денеска во Паркот на Франкофонијата во периодот од 17 до 19 часот ќе се одржи манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“. -Паркот на Франкофонијата ќе биде точка каде ќе се спојат домашните македонски производители и угостители кои подготвуваат автентична домашна храна и пијалаци,  еко производи, но и традиционални специјалитети […]

Комеморација за Џаро на 3 јуни, музички ѕвезди ќе зборуваат за него


В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за неодамна починатиот естраден и спортски менаџер Велибор Џаровски- Џаро. Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку […]

Првата собраниска седница ќе биде за измена на системските закони за формирање нови министерства


Претседателот на Собранието Африм Гаши најавува дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат […]

Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд


По вчерашните четири неуспешни обиди за избор на претседател на Уставен суд, седницата за избор продолжува продолжува денеска во 10 часот во просториите на Судот. Според информациите, на седницата за избор која започна вчера во 10 часот ниту еден од предложените кандидати не го добил потребното мнозинство. Се гласало за избор помеѓу судијките Татјана Васиќ […]

Ролан Гарос забрани алкохол на трибините


Париз – Организаторите на Ролан Гарос донесоа забрана за пиење алкохол на трибините, откако навивач го плукна белгискиот тенисер Дејвид Гофин во вторникот. „Среќни сме што гледаме дека има атмосфера и емоции на трибините, но ќе бидеме бескомпромисни во однос на почитта кон играчите и во однос на почитувањето на играта“, изјави директорката на турнирот и […]

Наследниците на Марадона ја загубија судската битка, Златната топка ќе се продава на аукција


Париз – Францускиот суд одлучи дека аукцијата на трофејот што му беше доделен на легендарниот фудбалер Диего Марадона за најдобар играч на Светското првенство во 1986 година може да се одржи според планираното, и покрај противењето на неговите наследници, изјави денеска нивниот адвокат. Наследниците на Марадона се обидоа да ја спречат аукцијата на Златната топка, која […]

Фицо пренесен од Банска Бистрица во Братислава, ќе закрепнува дома


Братислава – Словачкиот премиер Роберт Фицо од болницата во Банска Бистрица денеска е префрлен дома во Братислава. Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, јави поралот Правда. Порталот наведува дека Фицо ќе закрепнува дома и оти тоа било негова желба. На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, a полицијата веднаш го […]

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 31 мај 2024 година, 152-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 214 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути. Денов трае 15 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Доналд Трамп прогласен за виновен по сите обвиненија на процесот во Њујорк


  Доналд Трамп е прогласен за виновен за сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во криминална шема за тајни пари за да се влијае на исходот од изборите во 2016 година. Пресудата беше донесена откако поротата расправаше помалку од дванаесет часа во невиденото прво кривично судење против американски претседател. Тоа означува опасен […]

ЛДП не преминува кон мнозинството, ќе делува независно


  Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова ги демантираше информациите дека партијата размислува да премине кон мнозинството во Собранието. Во изјава за медиумите дадена попладнето пред почетокот на седница на Централниот одбор на партијата, Зајкова рече дека засега ќе делуваат независно и дека ќе дадат поддршка на оние закони кои се да добробит на […]

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото


„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот,  а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната […]

Нема покана за Русија за 80-годишнината од истоварувањето во Нормандија


  Русија нема да биде поканета на прославата на 80-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија, што ќе се одржи во Франција на 6 јуни, објави Ројтерс, повикувајќи се на два дипломатски извори. Според нив, одлуката е донесена земајќи ја предвид тековната војна во Украина и загриженоста на некои земји за можното присуство на делегација […]