Чешка ги собра парите за купување 800.000 гранати за Украина


  Со придонесот од 140 милиони евра од четвртокот од Норвешка, Чешка обезбеди доволно средства за да купи 800.000 артилериски гранати за Украина гладна од муниција, изјави чешкиот претседател Петр Павел за новинарите во четвртокот. Севкупно, 18 земји се согласија да ги финансираат набавките во рамките на иницијативата предводена од Чешка. Муницијата треба да биде […]

Меѓународна помош за надминување на проблемот со хакерскиот напад врз МЕПСО


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека се работи на надминување на проблемот со хакерскиот напад во АД МЕПСО со цел да се врати во функција тековното работење на компанијата. Во изјава за медиумите дадена по направениот увид во изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, Бочварски рече дека најважно е […]

Лога ќе го средува судството по совети на Саудиска Арабија


  По неполни шест месеци од потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонија  и Саудиска Арабија, министерот за правда Кренар Лога  беше  поканет од страна на неговиот колега, министерот за правда Валид Мухамед Ал Самани, на работен состанок.Во рамките на посетата, министерот Лога кој беше придружуван од преставници од неколку институции од РСМ оствари посети […]

ОН бара да се спречи израелската офанзива во Рафа


Портпаролот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, Џереми Лоренс, денеска изјави дека не може да се дозволи израелска офанзива во градот Рафа во најјужниот дел на Појасот Газа бидејќи ќе предизвика огромни човечки жртви, пренесоа британските медиуми. -Ако Израел ја започне својата загрозена воена операција во Рафа, каде што 1,5 милиони раселени луѓе […]

Продаден поранешниот југословенски гигант


Гигантот на поранешна Југославија, групацијата „Застава возила“, која седум години беше под стечај, беше продадена на јавно наддавање по почетна цена од 68,9 милиони динари на конзорциум од две фирми од Крагуевац. Нов сопственик на поранешниот гигант е конзорциум составен од Друштвото за проектирање, инженерски и деловни услуги „Термогама“ од Крагуевац и Друштвото за производство, […]

Џафери: Граѓаните треба да гласаат на изборите без оглед на рокот на документите


Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите на граѓаните во изборниот процес и посочува дека треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок. Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со […]

САД, Германија и Летонија предупредија на можни терористички напади во Русија


  Министерствата за надворешни работи на Летонија и Германија се приклучија на предупредувањето на САД за можни терористички напади во Русија. Двете земји издадоа препораки до своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат патувања во Руската Федерација и да внимаваат на јавни настани во следните 48 часа. Министерството за надворешни работи на Летонија издаде предупредување на […]

Новата руска свршеница на Руперт Мардок е навикната на пари и на моќ, еве зошто


  Руперт Мардок (92) повторно се сврши. За неговата свршеница Елена Жукова (67), пензиониран молекуларен биолог, свршувачката треба да додаде уште една страница на раскошната семејна историја и распространетите врски со богатството и моќта. И со оваа свршувачка доаѓа нова, заедничка историја меѓу Мардок и неколку руски олигарси, од кои еден се смета дека е […]

Насилството врз жените сериозен проблем во албанското општество


Насилството врз жените е сериозна појава во албанското општество, што го потврдува и полициската статистика, оценето е на на активноста „Фем фест“. 24“ во Тирана. Според министерот за внатрешни работи, Таулант Бала, во првите два месеца од годинава се пријавени 890 случаи на семејно насилство, а од судот се издадени 465 налози за заштита на […]

Адеми се откажа од настапи за македонската фудбалска репрезентација


Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски следната седмица ќе го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22.03) и Црна Гора (25.03) во турска Анталија.  Во видео изјава, предводникот на нашиот најдобар национален тим зборуваше за мартовските контролни мечеви и очекувањата од двете пресметки, потоа ситуацијата со клупските настапи на фудбалерите […]

Охриѓанка падна од трет кат, уапсени двајца


Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид. „Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени […]

ДСЗИ: Од понеделник забрана за невакцинирани деца во градинките


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска ја доби одлуката од министерот за здравство, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани, или се нецелосно имунизирани со ДТП, информираат попладнево од Инспекторатот. – Вонредните инспекциски надзори ќе […]

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ


Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од Тетовско, со престој во Скопје, осомничени за кривично дело „несовесно работење во службата“. Како што соопшти МВР, првопријавениот […]

„Европска жена на годината“ – седум жени од земјава, препознаени како креатори на промени во нивните заедници


По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Тимот Европа и Обединетите нации (ОН) во земјава денеска ја доделија наградата „Европска жена на годината“ за оваа година. Наградата ја добија седум жени од земјава, препознаени како креатори на промени во нивните заедници. Оваа награда е востановена во 2022 година од Делегацијата на Европската Унија, […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје кон гробиштата во Бутел


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (сабота) поради верскиот празник Задушница од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.   Имено, со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе […]

„Инвестирајте во жените: Забрзајте го напредокот“ – Македонска берза учесник во глобалната иницијатива


Македонска берза и годинава е учесник во Иницијативата “Ring the Bell for Gender Equality“. Темата е “Инвестирајте во жените: Забрзајте го напредокот“, со што токму на Меѓународниот ден на жената се подигнува свеста за родово одговорно финансирање преку подобрување на пристапот на жените до финансиските пазари и промовирање на поголемо учество на жените во органите […]

За 2,8 отсто зголемено индустриското производство во јануари, голем пад кај рударството


Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,1 […]

Светските цени на храната во февруари се најниски во последните три години


Во февруари светските цени на храната паднаа на најниско ниво во последните три години, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО). Во февруари забележан е меѓумесечен пад на цените на сите главни жита и растителни масла, што повеќе од надомести за поскапувањето на млечните производи, месото и шеќерот. Индексот на светските […]

Џулија Робертс се здружи со Шопард за колекција на накит со смарагди 


Каролин Шеуфеле од Chopard ја откри единствената капсулна колекција на скапоцен накит со Џулија Робертс, во чест на смарагдот Инсофу на Шопар. Копретседателот и уметнички директор на Chopard, Scheufele  ја замисли соработката што може целосно да ја изрази и подобри природната убавина на скапоцен камен, и се чинеше декаво амбасадорот на брендот Робертс како идеален […]

Софија открила „недозволиви прекршувања“ во бугарскиот конзулат во Битола


  Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи во оставка, Марија Габриел, им соопштила на тамошните пратеници дека во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола биле констатирани „недозволиви прекршувања“ при доделувањето на бугарско државјанство. Извештајот од увидот бил испратен до Инспекторатот на Министерството за правда на Бугарија. Габриел негирала дека хигиеничарка во конзулатот вршела интервјуа […]