Илјадници Унгарци протестираа против Орбан заради снимка на негов соработник за примање мито


Илјадници луѓе протестираа вчера во Будимпешта во близина на Парламентот, барајќи главниот обвинител и премиерот Виктор Орбан да поднесат оставка, откако поранешен владин инсајдер обвини висок соработник на Орбан за вмешаност во случај со поткуп. Демонстрантите маршираа од канцеларијата на јавниот обвинител кон Парламентот извикувајќи „оставка“, а многумина носеа факели. Петер Маѓар претходно објави снимка […]

Познати сите учесници на Евро 2024


Со одигрување на трите последни бараж натпревари од синоќа познати се сите учесници на Европското фудбалско првенство 2024. Дваесет репрезентации пласман изборија врз основа на резултатите од квалификациите, три преку плејофот од Лигата на нации, а автоматско учество доби домаќинот Германија. Целосен состав на групите на завршниот еврошампионат: Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија. Група […]

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан


Најмалку седум лица загинаа денеска во израелски воздушен напад врз јужниот либански град Набатија, изјавија безбедносни извори за британските медиуми. Британските медиуми претпоставуваат дека цел на нападот биле засолништата на исламистите во селото Хебарија. Тројца милитанти на Хезболах вчера беа убиени во израелски воздушен напад во близина на два града во североисточниот дел на Либан, […]

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија


Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“. Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување […]

„Медиуми во Република Северна Македонија 2040: Препораки“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“


На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје денеска ќе се одржи настан под наслов „Медиуми во Република Северна Македонија 2040: Препораки“ кој има за цел да ја сензитивира улогата на новинарство во изградба на  функционален медиумски систем. Во новата сала на Научно-наставниот совет при факултетот, поздравни обраќања во рамките на настанот ќе има деканот Сашо […]

Пропадна и третиот обид за избор на спикер на португалскиот парламент


Неуспехот и во третиот обид да се избере претседател на парламентот во Португалија откри длабоки политички несогласувања во новиот законодавен дом избран на 10 март, коментира ДПА. На вчерашната конститутивната седница ниту еден кандидат не го освои потребното апсолутно мнозинство од 116 гласови во 230-члениот Парламент. Пратениците денеска повторно ќе се сретнат со цел повторно […]

Шест работници паднале во реката при уривањето на мостот во Балтимор, се претпоставува дека се мртви


 Шест лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви по уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, што вчера беше удрен од брод со контејнери.  Официјални лица на американската крајбрежна стража и полицијата на Мериленд изјавија дека шансите исчезнатите да преживеале се исклучително мали поради ниската температура на водата и времето […]

ЕУ воведува европски дигитален идентитет за поедноставен пристап до онлајн услуги


 Советот на ЕУ усвои нова Рамка за европски дигитален идентитет (еИД), која има за цел да им обезбеди на граѓаните и бизнисите во Унијата да имаат универзален пристап до сигурна и доверлива електронска идентификација и потврдување на автентичноста, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според белгиски државен секретар за дигитализација, административно поедноставување и заштита на […]

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје


Со бесплатни претстави во Македонски народен театар и Драмски театар и премиера во Театар Комедија, денеска во Скопје ќе биде одбележан 27 март – Светски ден на театарот. По тој повод, Македонскиот народен театар организира две бесплатни претстави. Станува збор за детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра […]

Централна свеченост по повод четири години членство во НАТО


Централна свеченост по повод четири години од членството на Северна Македонија во НАТО ќе се одржи денеска на платото пред Министерството за одбрана, а ќе биде одбележан и Денот на Генералштабот. На свеченоста ќе се обратат првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден […]

Приватните специјализанти на протест за повисоки плати и регулирање на работниот статус


Приватните специјализанти денеска во 11 часот ќе одржат мирен протест пред Министерството за  здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус, најави Здружението на лекари специјализанти. Како што информираат од Здружението, нивните барања до министерот за  здравство се покачување на месечниот надомест којшто,  како што посочуваат, сега е […]

Комисијата за заразни болести ќе заседава заради големата кашлица


Се очекува денеска да заседава Комисијата за заразни болести за состојбата со болеста пертусис (голема кашлица) во државава. Од 15 до 21 март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, со 67 отсто зголемување споредено со претходниот седмодневен период, покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен во понеделникот. – […]

Собраниската Комисија за економски прашања ќе расправа за Законот за трговските друштва


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, на чиј дневен ред е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва. Како што стпои во образложението на собраниската веб-страна, донесувањето на Предлог на Законот за трговските друштва, има за цел да се регулираат две, мошне значајни области, за деловните […]

Агенцијата за пошти со прв информативен караван за корисниците на поштенските услуги


Агенцијата за пошти во соработка со Канцеларијата на Народниот правобранител ќе спроведе прв информативен караван „АП поблиску до корисниците на поштенските услуги“. Активноста ќе се реализира во две фази со пролетен и есенски караван. Пролетниот караван ќе се спроведе утре и задутре и ќе опфати четири едукативни средби со граѓаните, студентите и претставници од бизнис-секторот, […]

Целосно затворање на патот Прилеп-Битола заради градежни активности


АМСМ најави дека денеска ќе има времена измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101 делница Прилеп – Битола со целосно затворање за сообраќај. – Делницата ќе биде затворена за сообраќај заради интезивирање на градежни активности за проектот „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903“, […]

Делови од Батинци и Карпош без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе бидат дел од жителите од скопското село Батинци.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на улица „1“ без број во Батинци. Во истиот временски период без вода ќе бидат и дел од корисниците од општина Карпош, лоцирани на […]

ЕУ усвои Закон за подобра заштита на производите со географско потекло


Советот на ЕУ усвои Регулатива за подобрување на заштитата на географското потекло и на квалитетот на вината, алкохолните пијалаци и земјоделски производи, со која истовремено се поедноставува процедурата за регистрација на заштитените брендови.  Според ЕУ, како што јави дописникот на МИА од Брисел, оваа Регулатива ќе донесе видливи придобивки за руралната економија и ќе го […]

Променливо облачно со засилен ветер, попладне дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер  со брзина од над 60 километри на час од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Управата за […]

Врнежи од снег на Попова Шапка, Стража и Маврово


Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Во Маврово врнежите се помешани од дожд и снег (лапавица), но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот на останатиот дел од државните патишта се одвива тековно, пo влажни коловози.  Како што соопштуваат од ЈП Македонијапат, […]

Владата се заинтересира за никотинските вреќички


Министерството за здравство треба да изработи анализа со којашто ќе се утврди дали никотинските вреќички се безбедни за населението од здравствено токсиколошки аспект и дали производот треба да биде во слободна продажба во државава или при евентуално одобрување на пазарот треба да се стави забрана за продажба на лица помлади од 18 години. Такво задолжението […]