Делови од Батинци и Карпош без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе бидат дел од жителите од скопското село Батинци. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна шахта на улица „1“ без број во Батинци.

Во истиот временски период без вода ќе бидат и дел од корисниците од општина Карпош, лоцирани на улиците „Вич“, „Соле Стојчев“, „Жељево“, „Трифун Бузев“ и „Разловечко Востание“.

Прекинот е поради водоводен дефект од ф-100 милиметри на ул „Вич“, на крстосницата со улицата „Разловечко Востание“.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.