Тошковски: Несериозна е изјавата на Џафери, да се изгласаат законските измени за личните документи


На 18 март се затвора Избирачкиот список и доколку не стапат во сила законските измени со кои ќе се овозможи гласање со лични документи со старото име на државата на 100 000 граѓани ќе им биде прекршено правото на гласење, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Одговарајќи на новинарска прашање, Тошковски рече […]

Малолетник го истепал целото свое семејство во Скопско


Серија пријави за семејно насилство пристигнале до скопската полиција. Малолетник ги нападнал својата мајка, сестра и брат, во друг случај жена била нападната од братот, а имало пријави и за напади од поранешни партнери/ки. – На 05.03.2024 во 18.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што во семејниот […]

Зголемен број автобуси за Задушница


ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел. Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода […]

Шведска денеска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО


Шведска, по два века неутралност и две години откако аплицираше, денеска и официјално ќе стане 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде документите за ратификација на […]

Како MH370 исчезна без траг: Десет години од една од најголемите мистерии во авијацијата


Летот MH370 на Малезија ерлајнс исчезна без траг на 8 март 2014 година, што е една од најголемите мистерии во авијацијата, бидејќи истражителите не знаат што точно се случи со авионот и 239 патници, а малезиската влада најави можност за нова истрага. Во меѓународната потрага во јужниот дел на Индискиот Океан, каде што се верува […]

ВМРО-ДПМНЕ: Фотографијата на Силјановска со Ковачев е пред пет години


ВМРО-ДПМНЕ експресно одговори на објавената фотографија на која кандидатката за претседател на оваа партија Готрдана Силјанобска Давкова е заедно со Андреј Ковачев, човек од „црната листа“ на Македонија. -СДС се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната […]

Хрватска гради нов гасовод, ќе се зголеми капацитетот на ЛНГ на Крк


  Работите на изградбата на гасоводот Злобин – Босиљево, долг 58 километри и вреден 155 милиони евра, се одвиваат според договорената динамика и треба да завршат во предвидениот рок, односно гасоводот да биде пуштен во употреба во 2025 година, соопшти денеска Плинакро. Како што се наведува во соопштението, во пристаништето Риека во моментов се врши […]

Колку чини Оскаровската ноќ ?


Лос Анџелес – 2023 година беше голема година за филмот. Имаше рекордни успеси на благајните „Барби“ и „Опенхајмер“, 118-дневен штрајк на писателите и актерите и озлогласениот момент на кадата на Џејкоб Елорди. Во недела, на 10 март, ѕвездите ќе се соберат да го прослават сето тоа на 96-тото доделување на Оскарите во театарот Долби во […]

Државата ќе им даде субвенции на весниците за печатење и дистрибуција


Владата на завчерашната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми и го испрати на усвојување до Собранието. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршката на националните весници. Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените […]

Ковачев не може да влезе во Македонија, но Силјановска се сликаше со него во Букурешт


  Фотографиите од Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, еден од најжестоките антимакедонисти предизвика многу реакции во земјава. Ковачев (член на ГЕРБ) и Силјановска-Давкова се сретнаа на конгресот на Европската народна партија во Букурешт каде што кандидатката за претседател беше однесена од ракводството на ВМРО-ДПМНЕ. Поради постојаното антимакедонство, па и нападот против АСНОМ дека […]

НБ: Од сега и бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар


Народна банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk, соопштија од НБ. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна, посочуваат од централната […]

Реквизитерката која го наполни пиштолот на Алек Болдвин е осудена за убиство од небрежност


Лос Анџелес – Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението – манипулација со докази. Oсудената може да добие и до три години затвор. Гутјерез-Рид […]

Дваесет месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, во чиј автобус загинаа 45 лица


  Трагичниот случај од ноември 2021, кога загинаа 45 македонски туристи во Бугарија, денеска доби судски епилог. Сопственикот на компанијата „Беса транс“, Беким Хаџиу, денеска беше осуден на 20 месеци затвор и парична казна од 800.000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице. Хаџиу е осуден за продолженото кривично […]

Синдикатот на МКЦ со барање до надлежните институции за решение за повеќегодишните хонорарци


Во текот на вчерашниот ден, 7 март се одржа состанок на Синдикалната организација на МКЦ со цел изнаоѓање на решение во врска со последните случувања во институцијата за непродолжувањето на договорите на 30-тина повеќегодишни хонорарно ангажирани лица.  На состанокот, вработените во ЈУ Младински културен центар како синдикална организација по консултација со правни лица, доставија барање […]

Референт за дотур и сеча во Национални шуми дозволувал товарење дрва и земал по 200 евра од возило


Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Т.М.(58) од село Дрвош, општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување службена исправа“ и  „проневера во службата“. На 03.03.2024 на место викано „Боровите“, атар на село Колешино, струмичко, полициски службеници […]

Софија бара во изборната кампањата да не се зборува за односите со Бугарија


  На дента кога Собранието на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Николај Денков, а шефицата на дипломатијата, Марија Габриел е во Букурешт на конгресот на Европската народна партија, бугарското МНР ја повика македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповски, за да ѝ укаже за наводните јавни коментари на некои политичари во Македонија за Бугарија. Бугарското […]

Речиси целиот свет е на работ на демографска катастрофа


Демографските проблеми стануваат еден од најголемите социо-економски предизвици на развиениот свет, а почетокот на 21 век во Европа беше обележан со обид да се решат овие проблеми со различни политики кои се обидоа да поттикнат демографска обнова, односно враќање на одржливо ниво на фертелитет (број на деца по жена) од 2,1 . Многу работи се […]

Објавена листата на најплатени актери во 2023 година, ќе се изненадите кој е на првото место


Форбс ја објави листата на најплатени актери во 2023 година. На изненадување на многумина првото место не им припадна на ѕвездите од филмот „Барби“ или „Опенхајмер“, иако тие две остварувања ја одбележаа минатата година. За најплатен актер во Холивуд во 2023 година е прогласен Адам Сендлер, кој заработил вртоглави 73 милиони долари. Откако во 2014 […]

ЦУК: Седум пожари на отворено и поплавени објекти во Прилепско и Битолско


Седум пожари на отворено се регистрирани во земјава во последното деноноќие, а пожарникарите паралелно гаснеле и пожари и во населени места, соопшти ЦУК. По еден пожар имало во Скопје и Велес, два во Куманово и три во Штип. Во Прилепско и Битолско имало проблеми од големите завчерашни врнежи дожд, бидејќи за 24 часа наврнале 35 […]

Осум славни жени добија кукли “Барби“


Актерката Хелен Мирен изјави дека е „воодушевена“ од новата Барбика создадена според неа. Гламурозната кукла, комплетирана со сопствена награда Оскар, е една од серијата од осум што ја лансираше производителот на играчки Mattel за да го одбележи Меѓународниот ден на жената во петок. И покрај тоа што го има Оскарот – кој Мирен го доби […]