Зголемен број автобуси за Задушница


Фото: Б. Грданоски

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре ќе има дополнителен број автобуси кон Гробишта Бутел.

Во петок (8.03.2024 год.) и во сабота (9.03.2024 год.), зголемен број автобуси ќе има на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел).