Автобусите на ЈСП во понеделник нема да сообраќаат, иако е закажана седница на Советот на Град Скопје


Поради неисплатената плата за декември, автобусите на ЈСП од понеделник нема да сообраќаат, и покрај тоа што е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, велат од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие. За можноста во понеделник изутрина да биде пуштен по еден автобус на сите линии, за превоз на учениците, бидејќи стартува второто полугодие […]

Проодни патиштата во Кавадаречко – кон Михајлово ризла и посолување поради обилниот снег


Од рано утрината се чистат сите патишта во селата во Поткожувјето и сите патишта се проодни. За ова попладнево информираше Гоце Ангеловски, директор во кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец”. -Ќе се чисти со два камиона и во попладневните часови, ќе се интервенира со сол и ризла во планинските села, додека низ градот исто така во попладневните […]

Почина постариот од браќата ранети при пукањето во кругот на тетовската болница


На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје починал еден од браќата од тетовско Гајре, кои беа повредени со огнено оружје на 11 јануари во кругот на Клиничката болница во Тетово. Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред девет дена повреден беше и […]

Транзиција што се случува на секои 248 години: Плутон денес се сели во Водолија


Астролошки гледано, годината е на одличен почеток! И пред да заврши месецот, на 20 јануари, Плутон се сели во Водолија. Ова е значајно бидејќи Плутон транзитира во овој хороскопски знак на секои 248 години. Оваа промена носи значајни промени и иновации кои ќе не воодушеват сите. Ајде да се нурнеме подлабоко во астролошката анализа за […]

Потврда од ММФ за фискалните политики, одобрен прегледот на ПЛЛ програмата


РС Македонија  со силна посветеност на остварувањето на амбициозната реформска агенда ја задржа макроекономската и финансиската стабилност, ги оствари сите поставени цели и според Мисијата на ММФ, продолжува да ги исполнува критериумите за пристап до ПЛЛ програмата (Линија за претпазливост и ликвидност) на Меѓународниот монетарен фонд, која се доделува само на економии кои имаат здрави […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи членови за техничка влада без да гласа за Џафери за технички премиер


Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторија дека остануваат на ставот да предложат министри и заменици за техничката влада, без да го гласаат техничкиот премиер Талат Џафери. -Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДСМ е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги […]

Ако ја напуштиме Украина, ќе се промени и динамиката на Балканот, вели Бајден


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека доколку Конгресот не одобри дополнителна воена помош за Украина нестабилноста може да се прелее и низ Европа и отворено запрашува што може да се случи на Балканот, предупредувајќи дека таквата ситуација „ќе ја промени динамиката “. Бајден ова го изјави синоќа во Белата куќа каде зборуваше за одбивањето […]

Територијалната противпожарна единица од Виница доби интервентно возило донација од Словенија


Возниот парк на Територијалната противпожарна единица од Виница е проширен со уште едно специјализирано возило што пожарникарите го добија како донација од своите колеги од Доброволното противпожарно друштво од општина Пуцонци во Република Словенија. Возилото ќе се користи при интервенции за гаснење пожари и располага со дополнителна пожарникарска опрема, а има и вграден резервоар со […]

Дефектот во битолско е комплексен, се работи на терен


Дефект во трафостаницата „Битола 3” , синоќа и денеска предизвика дел од битолското градско подрачје, како и населените места Долно Оризари и Карамани да останат без електрична енергија. Од ЕВН Македонија за МИА информираат дека екипите веднаш излегле на терен, но дека дефектот е комплексен. – Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше уште вчера, а […]

Суво и многу студено време со минусни температури до среда


Синоптичарите најавуваат суво и многу студено време со ниски температури и услови за појава на магла. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.  Од понеделник до средината на неделата, времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури. Наутро, температурата насекаде ќе биде негативна и наместа, […]

Приведен неготинец кој со возило не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило


Приведен е млад неготинец, кој со „мерцедес“ не застанал на полициски сигнал и се обидел да удри во полициско возило, информираа денеска од СВР Велес. – Синоќа во 22:30 часот на клучката Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.М., на возраст од 28 години. Претходно, на автопатот во близина на […]

Сензација во Мелбурн- елиминирана првата носителка


Мелбурн – Чешката тенисерка Линда Носкова приреди денеска големо изненадување на Австралија Опен, откако во третото коло на грен – слем турнирот во Мелбурн ја совлада прворангираната на ВТА листата Ига Швјонтек од Полска со 3-6, 6-3, 6-4. За 19-годишната Носкова, 50 на ВТА листата, ова е најголема победа во кариерата и прва против најдобрата светска […]

Иран го лансираше во орбитата сателитот „Сораја“


Tехеран  – Иран, користејќи трифазна ракета, денеска успешно го лансираше својот сателит „Сораја“, што треба да орбитрира на 750 километри над површината на земјата, јави денеска државната агенција ИРНА. Американските медиуми пренесуваат дека лансирањето е дел од вселенската програма на Иранската револуционерна гарда, како цивилна вселенска програма, додавајќи дека нема независна потврда дека сателитот бил […]

Лекарите открија кој знак јасно покажува дека не пиеме доволно вода


Колку и да се трудат, повеќето луѓе не пијат доволно вода на дневна основа. Одржувањето на правилна хидратација е исклучително важно. Ја контролира телесната температура, ги доставува хранливите материи до клетките и ја одржува функцијата на органите и менталната острина. Постојат неколку показатели кои ни даваат до знаење дека на телото му недостасува вода, но […]

Лорен Санчез и принц Хари добија иста награда, ќе се изненадите


Лорен Санчез добива посебна чест од воздухопловната заедница. 54-годишната наградувана новинарка ја доби наградата „Elling Halvorson Vertical Flight Hall of Fame“ како пилот на хеликоптер и бизнисменка во воздухопловството на 21-то годишно доделување на наградите „Living Legends of Aviation“ во Беверли Хилтон во Беверли Хилс во петокот. Санчез, која беше наградена по основањето на компанијата за […]

Пенелопе Круз се плаши да вози, еве каква траума преживеала


Последната улога на Пенелопе Круз можеби беше ко-сопственичка на Ферари, но таа не е голем обожавател на автомобили. Актерката во новото интервју за ELLE откри дека страшното искуство од нејзиното детство ја оставило со „страв од возење“. „Сестра ми беше прегазена од автомобил пред мене кога имав осум или девет години“, се сеќава Круз (49) […]

Без вода дел од Сарај поради уличен дефект


Поради уличен дефект на улицата „6“ број 17 во Сарај, прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од оваа улица, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.

Судот на правдата на ЕУ ги укина ограничувањата за купување земјоделско земјиште во Бугарија 


Брисел – Европскиот суд на правдата донесе пресуда со која се укинуваат ограничувањата со кои се соочуваат граѓаните на ЕУ при купување земјоделско земјиште во Бугарија.  Ваквата пресуда следи по повеќе од 17 години од приклучувањето на Бугарија кон ЕУ. Софија имаше обврска да ги укине овие ограничување најдоцна до 2014 година, но бугарскиот Парламент […]

Русија повторно ја минираше областа околу нуклеарната централа Запорожје


Виена – Руските сили повторно ги минираа приодите до нуклеарната централа Запорожје што е под нивна контрола, се наведува во извештајот објавен денеска од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), цитиран од ДПА. Мините се наоѓаат меѓу внатрешната и надворешната ограда, околу нуклеарната централа лоцирана во близина на линијата на фронтот, се додава во извештајот. Руските […]

Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари


Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2024 година е 1 февруари 2024 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик.  Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 […]