Земјоделските култури засега без последици, штети ќе има ако минусните температури се задржат повеќе денови


Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР. Како што истакнуваат, овошките во овој период од зимата издржуваат до -28 степени, додека виновата лоза до -18 или -20. […]

„Трибун, Хронистерик, Номад“ – промоција на нова книга на Александар Прокопиев


Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 24 јануари (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска.   „Трибун, Хронистерик, Номад“ е широка, длабока и пловна есеистичка книга на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс. […]

Орбан го блокираше влезот на Шведска во НАТО – го повикува премиерот на преговори


Унгарскиот премиер Виктор Орбан во вторникот објави дека го поканил шведскиот премиер да ја посети Будимпешта и да преговара за членството на неговата земја во НАТО алијансата, закочена од Унгарија и Турција. „Денеска испратив покана до премиерот Улф Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговара за прием на Шведска во НАТО“, напиша Орбан на […]

Полска ги подигна борбените авиони


Полската војска соопшти дека распоредила авиони за заштита на полскиот воздушен простор по последниот руски ракетен напад врз Украина. Informujemy, że obserwowana jest intensywna aktywność lotnictwa dalekiego zasięgu Federacji Rosyjskiej, która związana jest z zamiarem wykonania uderzeń na terytorium Ukrainy. Wszystkie niezbędne procedury mające na celu zapewnienie bezpieczeństwa polskiej przestrzeni… pic.twitter.com/vMQPgWjfgz — Dowództwo Operacyjne (@DowOperSZ) […]

Ѓоковиќ во полуфинале на Австралија опен


Мелбурн– Спскиот и светски ас, Новак Ѓоковиќ се пласираше во ново полуфинале на Австралија опен откако денеска во крајно интересен натпревар славеше над Американецот, Тејлор Фриц со 3-1, по сетови 7-6, 4-, 6-2 и 6-3. Првиот сет донесе голема борба на двете страни. Ѓоковиќ во текот на целиот се беше подобар противник, но откако не […]

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ


Писателот Иван Антоновски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). -По јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои, искрено, бев во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција. Сепак, сметам […]

Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума


 Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата. – Болеста африканска чума кај свињите не […]

Ријана во поход на Париз во Диор: Класика со модерен призвук


Ријана ја претстави една од најпознатите иконски силуети на Диор во понеделникот додека присуствуваше на модното шоу на француската етикета за пролет 2024 година во Париз. Поп-ѕвездата и магнатт за шминка носеше црна јакна со моаре и молив- здолниште од Диор, чија силуета го евоцираше „новиот изглед“ на дизајнерот кој ја менува играта, познат по […]

Норман Џуисон, режисерот на „Во жештината на ноќта“, и „Маѓепсана од месечината“ почина на 97 години


ЊУЈОРК  – Норман Џуисон, прославениот и разновиден режисер роден во Канада, чии холивудски филмови се движеа од комедии со Дорис Деј на Дорис до  „„Маѓепсана од месечината“  до такви социјални драми како оскаровецот „Во жештината на ноќта“, почина на  97 години. Џуисон, трикратен номиниран за Оскар, кој во 1999 година доби Оскар за животно дело, […]

Пожар во куќа во Берово, едно лице е со изгореници


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.763 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22%, а 59,78% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,59%, кон Итната медицинска помош 32,01%, кон пожарникарите 2,52%, а кон […]

АРМ набавува хеликоптери од Италија, тенкови од САД, артилерија од Франција и Турција


Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во интервјуто за 360 степени најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако во рамките на Министерството и Армијата, понудата на италијанската компанија „Леонардо“ била потврдена како најсоодветна во процесот на модернизација на хеликоптерските капацитети на армијата. „Пред […]

Од Газа евакуирани мајка со две деца од Македонија


Во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да […]

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП „Меџитлија“


На граничниот премин „Меџитлија“ е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.   – Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот […]

Курти: Самоопределување не учествува и не се меша во изборите во Македонија


Косовскиот премиер Албин Курти вчера во Скопје изјави дека обвинувањата против движењето Самоопределување за мешање во изборите во Северна Македонија се неосновани и посочи дека неговата партија не е ниту регистрирана како политички субјект во нашата земја, пренесува „Телеграфи“. Тој истакна дека движењето Самоопределување нема да учествува на изборите во Северна Македонија. „Самоопределувањето не е […]

Поради оштетувања на мост, затворена една лента на магистралата А3 кај делчевското село Очипала


Поради оштетувања на мост, а заради зголемена безбедност во сообраќајот, едната лента од магистралата А3 од патот Делчево – Македонска Каменица кај село Очипала повторно е затворена, информираат од подружницата на Македонија Пат во Делчево. Одлуката за повторното затворање на едната лента, како што додаваат, е донесена со решение на Државен инспектор за патишта. За […]

Зеленски најави нов пакет помош оружје од Полска


Претседателот на Украина Володимир Зеленски најави дека неговата земја ќе добие нови резерви на оружје од Полска со цел да ја зајакне одбраната од целосна руска инвазија, јави ДПА. -Ќе има нов пакет за снабдување со оружје од Полска, рече шефот на државата за време на неговото традиционално видео обраќање синоќа до нацијата. На неговиот […]

Најмалку 21 израелски војник загина во експлозија во Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека 21 нејзин војник загинале во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија, а тенк бил погоден од проектил. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадминистраторот Даниел Хагари, соопшти дека вкупно 21 војник загинале во вчерашниот инцидент во центарот на Газа, во близина на пограничната заедница Кисуфим. Тој вели […]

Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред


Интер го освои италијанскиот Суперкуп трета година во низа. Во финалето на турнирот, „нероаѕурите“ синоќа во Ријад, го победија Наполи со 1:0. Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во судиското надополнување во второто полувреме. Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред, подвиг што претходно го постигна само Милан помеѓу 1992 и 1994 година. […]

Најстудено во Берово и Битола, минус 16, најмногу снег во Маврови Анови


Утрово најниска температура од -16 степени е измерена во Берово и Битола. Следат Тетово и Прилеп со -13 степени, -12 во Демир Капија, -11 Скопје-Петровец и Дебар, -10 Кавадарци, -9 Штип, Струмица и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Претор и Гевгелија, -7 Охрид, -6 Виница, Крушево, Маврови Анови, -4 Дојран и 0 степени […]

Нови руски ракетни напади врз Киев и Харков


Русија изврши ракетни напади врз Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија денеска украинските власти. -Експлозии во градот! Детали подоцна. Не ги напуштајте засолништата, напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Сергеј Попко, шефот на воената управа на регионот, објави дека системите за противвоздушна одбрана биле ангажирани во одбивањето на рускиот […]