Речиси 14 милиони евра ќе издвои Владата за лекот „Трикафта“


Владата на денешната седница донела одлука за набавка на лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари, односно безмалку 14 милиони евра, соопштија денеска оттаму. Во земјава со оваа болест живеат околу 130 лица. Како што прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на […]

Грлиќ Радман: Србија да не применува методи од Студената војна ако сака да го забрза патот кон ЕУ


 Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска во Сараево изјави дека Србија не треба да избегнува соработка и да прибегнува кон методи на Студената војна во меѓудржавните односи доколку сака да го забрза патот кон Европска Унија и да изгради регионална стабилност. Тој изрази жалење што Србија го протера првиот секретар […]

Најголемата санта мраз во светот се движи по 30 години и може да им направи проблеми на животните


Најголемата санта мраз во светот повторно се движи по повеќе од 30 години мирување на дното на океанот. А23а, како што е наречена оваа санта мраз, се отцепи од брегот на Антарктикот во 1986 година и веднаш потоа „се закотви“ во Ваделовото Море и во суштина стана леден остров. Со површина од речиси четири илјади […]

Лога бара Лорета Ѓоргиева да се тргне од Комисијата на известители поради конфликт на интереси


Министерот за правда Кренар Лога со писмен допис бара од Судски совет поради конфликт на интереси да ја изземе Лорета Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, соопштија попладнево од ресорното Министерство. Министерот за правда Кренар Лога, како што потенцираат, во дописот до Судски совет наведува дека […]

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година


 Претседателот Стево Пендаровски на церемонија во неговиот Кабинет денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година, кое се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За „Најдобра млада научничка во општествените науки“ носителка на признанието е д-р Милка Ивановска Хаџиевска, која предава на Лунд Универзитетот во Шведска, […]

Кондарко дочекан како кадар на СДСМ за ДКСК, тој тврди дека е професионалец


Во Собранието денеска продолжија да се спроведуваат интервјуата на пријавените кандидати за претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Пред членовите на Комисијата се појавија Борис Кондарко, актуелен член на ДИК, Владимир Клековски, акдвокат, Благојче Крстановски, пензиониран ревизор, Кирил Ковчегарски, адвокат, и Билјана Каракашова Шулев, вработена во ДКСК. Седницата ќе продолжи […]

Пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет” ќе работи и утре и задутре


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно […]

Чешка и Словачка се против укинувањето на ветото во ЕУ


Премиерот на Чешка и на Словачка, Петр Фијала и Роберт Фицо денеска во Прага се спротивставија на идеите за укинување или ограничување на употребата на ветото во Европска Унија и побараа дебатата за одлучување во ЕУ да се одвои од темата за проширување со земјите од Западен Балкан, како и да се забрза проширувањето. – […]

Хамaс ослободи 12 тајландски заложници кои не беа дел од договорот


Тајландскиот премиер Срета Тависин изјави дека 12 тајландски државјани кои ги држел Хамас се ослободени.Тој на платформата Х рече дека службениците на амбасадата биле „на пат да ги земат“, но не прецизираше каде се заложниците. Ослободувањето на тајландските државјани не е дел од договорот меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на Катар. Ослободувањето на […]

Повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола


По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно. Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост […]

Во Србија просечна плата во септември 735 евра, половина од вработените зеле помалку од 560 евра


Просечната нето плата во септември 2023 година во Србија изнесува 85.066 динари (735 евра), објави Републичкиот завод за статистика (РЗС). Половина од вработените во Србија работеле за помалку од 65.727 динари (560 евра), колку што е просечната плата, јави дописникот на МИА од Белград. Просечната бруто плата во септември изнесува 117.472 динари, соопшти РЗС. -Растот […]

Македонија помеѓу светските дестинации во бугарски туристички магазин


Македонските природни и традиционални убавини претставени во бугарскиот туристички магазин „Destinations-ultimate guide for your holiday“ ја збогатуваат библиотеката на оригинални публикации од независни медиуми како авторитетен, ажуриран и сигурен извор на информации за дестинациите, посочи директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. Туристичката репортажа, како што вели во пишана изјава, […]

Грковска: Криминалот очигледен, законите со „дупки“


Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во […]

Објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција


На официјалната веб-страницата на Европската Унија е објавен  тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција. Отворањето на понудите ќе биде за 60 дена, односно на 1 февуари 2024 година во 12 часот. Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега […]

Пронајден нов вид диносаурус кој живеел пред 100 милиони години: Трагите велат дека бил брз


Бразилскиот геолошки институт во четвртокот објави нов вид диносаурус, брзо животно кое живеело во пустината во раниот период на креда. Новиот вид, наречен Farlowichnus rapidus, беше мало месојадно животно со големина на денешната птица сериема или висок околу 60-90 см, според истражувачите. Откритието е објавено во научното списание Cretaceous Research. „Од големото растојание помеѓу пронајдените […]

МВР со детали за акцијата во Струга (фото, видео)


  Во големата полициска акција денеска во Струга беше сузбиенa организиранa криминалнa групa инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје. Еве ги деталите, што ги соопшти МВР: Дваесет и три лица се осомничени за трговија со дрога и оружје, 19 се приведени, по тројца се трага и еден е веќе во притвор од претходно […]

Финансиската полиција врши претреси низ Битола


Денеска од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, Управата за финансиска полиција со асистенција на единиците од Министерството за внатрешни работи на повеќе локации во Битола извршува претреси и се приведуваат осомничени лица. – Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, за кривични дела против јавните финансии, платниот […]

Левица изненадена што Македонија обучува украински војници


За Левица исполнување на обврските од членството во НАТО е подаништво од страна на актуелната влада. Испровоцирана од информацијата дека Македонија, како и други земји членки на Алијансата, обучувала украински војници на наша територија, Левица тврди дека со вакви одлуки властите уште еднаш директно ја вовлекуваат државата „во конфротација со земја членка на Советот за […]

Опозицијата тврди: Во министерството на Груби со државни пари работат десет портали


На шестиот кат на зградата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се канцелариите на десетте портали на Артан Груби, кои се финансираат со парите на граѓаните. Станува збор за криминална организација незамислива досега, истакнаа денеска од Европскиот сојуз за промена на настан пред Министерството, лепејќи плакати со имињата на порталите. Во оваа […]

Истрага поради изгубени или украдени над 2.000 владини уреди во Велика Британија


Повеќе од 2.000 уреди на британската Влада, вклучувајќи лаптопи и мобилни телефони, се изгубени или украдени во изминатите 12 месеци. Министрите треба да почнат истрага за исчезнатата и украдената технологија, која вклучува и хард-дискови и УСБ меморија. Најголем број односно 383 електронски уреди се изгубени или украдени во британското Министерство за одбрана, а потоа следи […]