Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост


„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџид,а на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти. „Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите, како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна […]

УЈИЕ со кампања за подигање на свеста за зајакнување на жените во претприемништвото


 Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа, во партнерство со организацијата Хекима од Словачка почна кампања „Зајакни ја неа, зајакни ја нашата држава“ на национално ниво, која има за цел да ја нагласи важноста од зголемување на застапеноста на жените во полето на климатски интелигентни иновации и претприемништво. Оваа национална кампања ќе се води на социјалните […]

Учениците од „Лазо Трповски“ од Јапонија се вратија со награда


ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје е наградено во екипна конкуренција на училишта на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2023, во Токио, Јапонија. Наградата е освоена во силна конкуренција. Годинава на натпреварот учествуваа 20.674 учесници од 168 земји. ООУ „Лазо Трповски“ 13. пат едноподруго учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој […]

Општина Центар им додели стипендии на 122 основци за успеси во повеќе области


Општина Центар за учебната 2023/2024 година додели вкупно 122 стипендии на основците за врвни постигнувања во повеќе области, од кои 37 од областа на науката, техниката и посебни вештини, 40 за спорт, 37 за културно творештво и 8 за ученици од социјално загрозените семејства. Стипендиите во висина од 2.500, 3.000 и 3.500 денари ќе бидат […]

СЗО: Над 160 здравствени работници починаа на должност во Газа


Портпаролот на Светската здравствена организација денеска рече дека над 160 здравствени работници починале на должност во Газа и повика на укинување на ограничувањата за медицинска помош, велејќи дека некои лекари вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.   „Над 160 од здравствените работници починаа на должност додека се грижеа за повредените и заболените. Тоа се […]

Турскиот Парламент најави бојкот на производите на компаниите кои го поддржуваат Израел


 Рестораните во комплексот на турскиот Парламент нема да нудат производи од компании кои го поддржуваат Израел, јави турскиот весник „Созџу“. Инструкциите за бојкот ги даде претседателот на Меџлисот, Нуман Куртулмуш. Во соопштението објавено од претседателството на Големото национално собрание на Турција се вели дека Парламентот одлучил да ја поддржи „општествената чувствителност кон бојкот на производите […]

Прилепчанец крадел од објект за продажба на сувенири на прилепскиот Музеј


Денеска, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода 28-годишниот С. Р. од Прилеп, извести МВР. „Тој се сомничи дека извршил кражба во објект за продажба на сувенири, сопственост на Музеј „Прилеп“. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот“, соопшти МВР. […]

Ковачевски во Пивара: „Гарантираните цени“ ги ублажија инфлаторните шокови


Пивара Скопје, македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот, која припаѓа на две големи интернационални семејства, Coca-Cola и Heineken меѓу првите се пријави и ја поддржа мерката на Владата за обезбедување на „гарантирани цени“ со тоа што самостојно ги намалија цените на своите производи на пазарите во државата. Со тоа, оваа компанија, како и многу […]

Португалскиот премиер поднесе оставка по истрагата за корупција


  Португалскиот премиер Антонио Коста поднесе оставка во вторникот, откако полицијата упадна во неговата службена резиденција како дел од истрагата за корупција. Полицајците ја пребараа официјалната резиденција на Коста и го приведоа неговиот шеф на кабинет, Витор Ескарија, изјави претходно во вторникот португалскиот јавен обвинител. Според соопштението издадено од Канцеларијата на португалското обвинителство, Коста – […]

,,Акустично као некада”: Најдоброто од „Галија“ на концерт во Филхармонија


Премиерно во Скопје, проектот ,,Акустично као некада”, или, ако подобро сакате, проектот ,,Unplugged: Best of Галија”, на 15 декември во 20 часот, во совршен простор за овој настан – Македонска филхармонија, најавува организаторот „Авалон“.  „Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28ми август, 1993 со Електрични Оргазам. […]

Потенцијално најскапо продадениот син дијамант во светот


Женева – Син дијамант, наречен „Блу ројал“ (Bleu Royal), може да стане најскапиот продаден скапоцен камен на светот. Тој ќе биде ставен на наддавање во „Кристи“ во Женева, Швајцарија утре. Дијамантот од 17,61 карати е најголемиот интензивно син дијамант понуден на аукција кога било, а поставен во прстен, 50 години бил дел од приватна колекција. […]

Костадиновска-Стојчевска на работен состанок со директорите на националните установи од културата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска одржа работен состанок со директорите на институциите кои се под надлежност на Министерството за култура. На состанокот беа отворени повеќе важни прашања поврзани со тековните активности на институциите, за проектите што планираат да ги реализираат до крајот на годината.   Министерката Костадиновска-Стојчевска кажа дека очекува повеќе проекти и посодржајни […]

Граѓанска обврзница запишале 907 граѓани, побарувачката за 80 отсто поголема од понудениот износ


Втората емисија на Граѓанска обврзница успешно беше реализирана, оцени денеска Министерството за финансии. Во соопштението до медиумите се вели дека на денешната аукција биле запишани граѓански обврзници во износ од 1.085.480.000 денари (17,7 милиони евра) што е за 1,8 пати повисок од износот објавен во Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница. „Ова покажува дека Граѓанската […]

Судскиот совет нема намера да „војува“ со Лога


 Судскиот совет на Република Северна Македонија нема  намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот. – Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните  настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот […]

Анализа на НАкС: Милиони евра се дале за стипендии за студии во странство, а 67 отсто не се вратиле


Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот. […]

Италија заплени околу 780 милиони евра од Ер-би-ен-би поради можно даночно затајување


 Италијански судија нареди заплена на 779,5 милиони евра од европската филијала на Ер-би-ен-би (Airbnb) и тројца поранешни менаџери на компанијата во истрагата за можно даночно затајување, објави Обвинителството во Милано. Државните обвинители се сомневаат дека Ер-би-ен-би на изнајмувачите не им наплатила данок од 21 отсто за сместување и не им ги вратила сумите на италијанските […]

Пензионери протестираа во Скопје, нема одговор на барањето за линеарно зголемување на пензиите


Пензионери од цела држава денеска одржаа протест во Скопје, кој започна пред Американската амбасада и заврши пред Владата, барајќи повторно линеарно зголемување на изност на пензите и други мерки за подобрување на нивниот стандард. Тие велат дека после три месеци протестирање по сите градови во државата, како и во Скопје, не добиле никакви резултати и […]

Синдикалната минимална кошница за октомври е 46.198 денари


Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).  Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36  денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари […]

Снабдувачи кои користат само руски гас веќе стануваат неконкурентни, вели Бектеши


Зависноста од рускиот гас веќе влијае врз конкурентноста на домашни фирми, укажа денес министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на прашања на новинарите при посета на Пивара Скопје, Бектеши рече дека во државата има два снабдувача кои користат само руски гас од кои  едниот е фирма сестра на ТЕ-ТО, а другиот е македонска фирма и […]

ЕК утре ќе предложи преговори за членство со Украина, Молдавија и – со БиХ


  Преговори со Украина и Молдавија во март идната година, можна одлука за започнување на преговорите за членство со БиХ и кандидатски статус за Грузија – се очекуваните најави околу утрешното објавување на извештаите на ЕУ за земјите кандидати за членство, меѓу кои и за Македонија. Она што е тема за нас, бидејќи одлука за […]