Бугарија се надева на членство во Шенген до крајот на годината


Бугарија се надева дека до крајот на годината ќе стане членка на Шенген зоната и покрај сегашното противење на Холандија и Австрија за прием на земјата во зоната на слободно движење на ЕУ, кои и забележуваат на Софија дека не прави доволно за да ја спречи илегалната миграција од Турција.   Порталот „Еуроактив“ наведува дека […]

Посрамотениот шеф на шпанскиот фудбал поднесе оставка по скандалот со бакнежот


  Луис Рубиалес поднесе оставка на чело на шпанската фудбалска федерација речиси еден месец откако насила ја бакна фудбалерката од од средниот ред Џени Хермосо за време на прославата на победата на земјата на Светското првенство за жени, што предизвика бес, неверување и национална и меѓународна дебата за сексизмот. Рубиалес првично се обиде да ја […]

На Медицинскиот факултет не е примен ниту еден од петте студенти Роми


Ромските студенти испратија реакција со предупредување за протести и поставување шатори до Управата на Медицинскиот факултет, незадоволни од примената на уписната политика и злоупотребата на квотите на Универзитетот. По објавување на конечната ранг листа од првиот уписен рок 2023 -2024 година на Медицинскиот факултет, констатирано е дека сите пет ромски студенти што аплицирале на овој […]

Бербок во Киев: Проширувањето на ЕУ е последица од руската војна


  Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во понеделникот наутро пристигна во украинската престолнина Киев во посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини. Тоа е нејзино четврто патување во земјата откако Русија го нападна својот сосед пред 565 дена. „Секој ден нов ужас, секој ден ново страдање и смрт. Тоа е безмилосната […]

Милановиќ се надева дека самитот во Скопје нема да заврши повторно со кавга


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Скопје учествува на самитот на процесот Брдо-Бриони и се надева дека средбата во Скопје нема да заврши како претходните две во „кавга меѓу раштимани инструменти“ и кршење копја при усвојувањето на завршна декларација. Лидерите ќе се осврнат на сузбивањето на последиците од климатските промени и задржувањето на младите на […]

Уривањето на куќата на Мерилин Монро привремено запрено


Лос Анџелес – По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд – луксузен дел од Лос Анџелес. Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците – креативната интернет-страна „Глори оф д […]

Сите болници во Хрватска стануваат државни, владата ќе именува совети и директори


На првиот ден од 2024 година, единиците на регионалната самоуправа и градот Загреб ќе престанат да бидат основачи и сопственици на општите болници кои преминуваат во државна сопственост, по што ќе бидат сменети административните совети и директорите, а нови членови и в.д. директори ќе именува Владата, пишува „Јутарњи лист“. Од Министерството за здравство велат дека […]

Дваесет и две години од терористичките напади врз САД


Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон. На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Ден два авиони […]

Авион на „Ер Чајна“ принудно слетал во Сингапур поради чад во кабината, девет лица се повредени


 Девет патници се повредени кога во авион на „Ер Чајна“ поради пожар на моторот влегол чад во кабината и поради тоа принудно слетал во Сингапур каде патниците се евакуирани, соопштено е утринава. -Ербас А320 со 146 патници и девет членови на екипажот принудно слета вчера околу 16 часот и 15 минути, објави Аеродромската управа на […]

Продолжуваат проблемите со поплавите во областа Тесалија, дел од автопатот Солун – Атина останува затворен


Водата во грчката област Тесалија полека се повлекува, со што се открива и големината на катастрофата предизвикана од поплавите, меѓутоа продолжуваат проблемите за жителите на регионот, додека пак делови од автопатот Солун- Атина и понатаму се затворени за ообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.  Паралелно постојат предупредувања за опасност за јавното […]

Шведска ги враќа печатените учебници и вежбањето на ракописот во училиштата


Додека децата се враќаа во училиштата во Шведска минатиот месец, многу наставници ставија акцент на печатени книги, тивко време за пракса за читање и пишување, а помалку внимание на таблетите, независно истражување на Интернет и вештини за пишување на тастатура. Враќањето на традиционалните методи на учење е одговор на загриженоста на политичарите и експертите дали […]

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи


Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните […]

Пендаровски домаќин на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони


Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. На состанокот, како што е најавено, ќе учествуваат претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, во улога на ко-домаќини, како и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателката на […]

Почнува септемвриската сесија на ЕП – главен настан обраќањето за „Состојбата на Унијата“ на Фон дер Лајен


Брисел – Во Стразбур денеска започнува петдневното септемвриско пленарно заседание на Европскиот парламент, во чии рамки в среда претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе го одржи своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“.  Во пресрет на обраќањето, Фон дер Лајен денеска ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Последното […]

Вулканот Килауеа на Хаваите почна да исфрла жешка лава по двомесечна пауза


Хонолулу – Вулканот Килауеа на Хаваите, еден од најактивните во светот, еруптираше по двомесечна пауза, исфрлајќи жешка лава, но безбедноста на луѓето и објектите во националниот парк на Големиот остров не е загрозена. Хавајската опсерваторија на вулканите соопшти дека Килауеа еруптирала вчера попладне. Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа […]

Бајковито, магично, волшебно – „Куќата на цвеќето“ репрезент на Преспа


Ако има рај на земјата, тогаш лесно ќе го пронајдете. Треба само да го посетите преспанското село Волкодери. А таму, на самиот влез во селото првата куќа покриена со шаренило од бои е вистински цветен рај. Нема некој што поминал по патот за Отешево, а да не ја забележи „Куќата на цвеќето“. Плени со својата […]

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло


Брисел – Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас Јагли Зејтини“.  Станува збор за трпезни маслинки со црно-виолетова боја од сортата „Мемеџик“ одгледувани во реонот на Милас во југозападна Турција, ферментирани во саламура и конзервирани во маслиново масло произведено од истата сорта со свежи парчиња лимон.  Специфичноста на маслинките е условена […]

Фон дер Лајен: Неопходно е да се развијат мерки за заштита од ризиците на вештачката интелигенција


Њу Делхи – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е неопходно да се развијат мерки на глобално ниво за заштита од ризиците поврзани со развојот на вештачката интелигенција (ВИ). – Верувам дека Европа и нејзините партнери мора да развијат нова глобална рамка за ризиците поврзани со вештачката интелигенција. Ова треба да […]

Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата (2023-2026)


Јавна расправа за Нацрт-стратегијата за транспарентност на Владата (2023 – 2026) ќе се одржи денеска во организација на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. На јавната расправа воведни обраќања ќе имаат вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, извршниот директор […]

Киро Урдин на Интернационален поетски фестивал во Букурешт


Нашиот еминентен мултимедиа уметник Киро Урдин ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од денеска до 17 септември во Букурешт. Фестивалот оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти: Северна Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна […]