Ковачевски: ЈО да реагира за дивоградбата на „Пластичарска“, на народот му е преку глава од криминал и од изигрување на законите


Премиерот Димитар Ковачевски денеска јавно го повика Јавното обвинителство да реагира во врска со една од дивоградбите на улицата „Пластичарска“ во Скопје. Како што напомена Ковачевски, на народот му е преку глава од криминал и од изигрување на законите. -Јавно кажав дека го повикувам Обвинителството да реагира. Не можам да знам дали отворило случај. Но, […]

Погребот на Насев денеска во Кочани, утре комеморација во Скопје


Доајенот на македонскиот спорт и долгогодишен селектор на националниот тим во борење слободен стил Насе Насев, кој почина во саботата на 80-годишна возраст, по кратко боледување, попладнево ќе биде погребан во Кочани. Комеморација по повод смртта на Насев, како што соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК), ќе се одржи утре напладне во конференциската сала на Спортскиот […]

Украинските сили се пробиваат кон стратешкиот град Токмак на југот


  Украинските сили на југ ги продолжуваат напорите да го прошират и продлабочат џебот на територијата што ја презедоа кон стратешкиот центар Токмак. Официјални лица во изминатите два дена рекоа дека единиците ги консолидираат придобивките откако ја пробија првата линија на руската одбрана, која се состои главно од густи мински полиња, околу селото Роботине. „Изминативе […]

Импресивна интеграција на Македонија во НАТО, оцени адмирал Бауер


  За три години Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО, изјави денеска на прес-конференција адмиралот Роб Бауер, претседавач на Воениот комитет на Алијансата, кој е во посета на Скопје. На заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, тој рече дека покрај придонесите што нашата […]

Работна група во среда ќе разговара за законот за минимална пензија


Главна тема на Работната група, формирана со одлука на Владата, во среда ќе биде законот за минимална пензија по примерот на минималната плата во државата за да ја утврдиме со закон минималната пензија, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детска градинка во […]

Прес-конференција на министерот за здравство Меџити за Онкологија (во живо)


Прес-конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, на која ќе присуствуваат и директорите на УК за онкологија и радиотерапија, д-р Виолета Клисаровска, медицински директор, и Хаљид Матоши, организациски директор.

Германски БМЗ ќе инвестира 65 милиони евра во ТИРЗ Скопје 2, ќе вработи 775 лица


  Германската компанија за производство на литиум-јонски батерии БМЗ ќе инвестира 65 милиони евра во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 2 и ќе отвори 775 нови работни места.  Договорот за инвестицијата денеска во Франкфурт го потпишаа извршниот директор и основач на БМЗ Свен Бауер и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ДТИРЗ) Јован […]

Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста


Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста – 8 септември. Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција. -Двете […]

Просечната плата во Србија во декември ќе биде 840 евра


Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград. – Се очекува просечната плата во декември да достигне 840 евра, додека во […]

ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало ќе добие четири нови училници за уште 100 ученици


Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска присуствуваа на поставувањето камен-темелник за доградба на ООУ „Коле Неделковски“ во Дебар Маало. Со доградбата се планира изградба на четири нови училници, ново скалишно јадро, лифт и санитарен дел. Премиерот пред присутните кажа дека станува збор за  едно од најстарите училишта во Скопје и […]

На 73 години почина Крсте Џидров-Џиби, сценограф и архитект


Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, скопска легенда познат по прекарот Џиби, почина вчера, објави семејството. Имаше 73 години. Погребот ќе се одржи на скопските гробишта Бутел на 5 септември од 11 часот. Од 1980 година има направено сценографии за над 150 претстави во театрите низ Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Шведска, […]

Ковачевски: И да се членови на свети СДСМ, на свето ВМРО и на свети ДУИ, тој што се огрешил има да одговара


Премиерот Димитар Ковачевски денеска упати остри пораки кон институциите во државата да си ги извршуваат своите должности и да постапуваат според законите, бидејќи, како што кажа „на народот му е преку глава од криминал“. Тој го поддржа најавениот протест за случајот со Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици, оценувајќи дека станува збор […]

Во тек средба Ердоган-Путин за договорот за извоз на жито


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пристигна денеска во руското црноморско одморалиште Сочи, каде во тек е средбата со претседателот на Русија Владимир Путин, фокусирана на заживување на договорот за извоз на жито од Украина. Ердоган  придружуван од голема делегација во која беа министрите за одбрана, надворешни работи, енергија и финансии на Турција, јави Анадолија. Ова […]

ЕУ ќе излезе со „значајни предлози“ за проширувањето во октомври, најави Вархеи


  Проширувањето на ЕУ до 2030 година е остварливо, но само доколку кандидатите и самиот блок ги „удвојат своите напори“, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеи за „Еурактив“, додавајќи дека Европската комисија планира да даде „суштински предлози“ во октомври. „Прашањето отсекогаш било: Дали сакаме да го направиме тоа? И првпат слушам од Европскиот совет дека […]

„Вордпад“ заминува во историјата


 „Мајкрософт“ веќе нема да го надградува „Вордпад“, а следи и целосно отстранување на таа програма од „Виндоус“. Инаку, „Вордпад“ е дел од оперативниот систем уште од верзијата „Виндоус 95“. Наместо „Вордпад“, технолошкиот гигант ќе го препорача „Ворд“ – платена програма којашто отсекогаш била многу побогата со функции и можности. „’Вордпад’ веќе нема да се надградува […]

Младите Европејци ги напуштаат родителските домови на 26 години, девојките порано од момците


Во 2022 година младите луѓе во земјите членки на ЕУ се иселувале од домовите на своите родители во просек на возраст од 26,4 години, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.   Гледано по држави најдоцна своите родителски домови ги напуштаат младите во Хрватска и тоа на 33,4-годишна возраст, а по нив се нивните […]

Променливо облачно со повремен дожд до четврток, а потоа стабилно и потопло


Променливо облачно и ветровито време со локален дожд, ќе се задржи и утре, претежно во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен североисточен ветер, на места со брзина над 70 км/час, соопшти УХМР. Во среда и четврток ќе има повеќе сончеви периоди и услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Потоа се […]

За децата кои победиле канцер: Старото училиште во Кучково станува Регионален центар за рехабилитација


Комплетна реконструкција е предвидена на објектот на основното училиште во селото Кучково во Ѓорче Петров, со негова преадаптација во Регионален Центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер, поддржан од Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарија, спроведуван од Центар за развој на Скопски плански регион во рамки на проектот „Приказната продолжува “. Вкупна […]

Половина од големите фирми во Швајцарија биле цел на кибер напад


Цирих – Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска. Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. […]

Во Црна Гора регистрирани првите случаи на подсоеви на Омикрон на коронавирусот


Подгорица – Во Црна Гора се регистрирани првите случаи на зараза со подсоеви на Омикрон на корона вирусот ЕГ. 5.1 (така наречен Ерис) и ФЛ1.5.1 (така наречен Форникс), соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Наведено е дека овие подсоеви имаат мутација во протеинот односно делот од вирусот што олеснува влез во клетката. Според црногорскиот Институт, тие […]