Во мај годинава издадени 317 одобренија за градење


Во мај годинава се издадени 317 одобренија за градење, што е за 1,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 000 денари, што е за 23,4 проценти повеќе во однос на истиот месец од […]

Царината спречи недозволена трговија на фреон во боци што се штетни за здравјето на луѓето и животната средина


  Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз. Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г. При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа на фреон со […]

Хрватски политичар (103) ја мажи својата ќерка (70) за претприемач од Орашје


Јосип Јожа Манолиќ (103), поранешен премиер на Република Хрватска и поранешен висок член на УДБА, се жени со ќерката Зрнка (70). „Точно е, се венчам. Не знам како тие информации стигнаа до вас бидејќи ги чувавме во строга тајност. Не сакам да зборувам премногу за тоа. Тоа ќе биде скромна церемонија со многу мал круг […]

На 58 години почина босанскиот глумец Мирсад Тука


Сараево – Босанскиот глумец Мирсад Тука почина на 58-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Веста ја потврди близок семеен пријател. Мирсад дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а кариерата ја почнал како студент на Драмското студио при Народниот театар во родната Тузла. Од 1996 година е член на Камерниот театар во Сараево. […]

Белата куќа: Испраќаме забранети бомби во Украина бидејќи им снема гранати


Белата куќа се обиде да разјасни дека контроверзната одлука на американскиот претседател Џо Бајден да испрати касетни бомби во Украина е „привремена“ мерка. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан им рече на новинарите дека ќе поминат „месеци“ додека Украина не го премости „јазот во муницијата“. „Залихите на гранати што ги испративме и ги охрабривме другите […]

Зеленски бара временска рамка за членството, не сака условена како за Македонија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски не е задоволен од тоа што му го нуди НАТО затоа што Украина не доби временска рамка за приклучување кон Северноатлантската алијанса. „Незамисливо и апсурдно е да не се постави временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина“, напиша тој во остра изјава на Твитер. „Се чини дека нема подготвеност […]

„Комунална хигиена“ тврди: Работиме засилено


Наспроти впечатокот на граѓаните дека контејнерите низ градот и натаму се полни и дека бавно оди отстранувањето на ѓубрето, од „Комунална хигиена“ пратија фотографии од нивната акција со порака дека засилено работат на проблемот. -Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање […]

Министерот Бектеши во Вашингтон на конференција за енергетска транзиција


Министерот за економија Крешник Бектеши од денеска престојува во тридневна официјална посета на Вашингтон, САД. Во рамки на посетата министерот Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, посветена на Западен Балкан и ќе се обрати на тема „Енергетска диверзификација: Кон европската енергетска независност“. Бектеши […]

Голдман Сакс: Индија ќе биде втора по големина економија во светот до 2075 година


  До 2075 година Индија ќе биде втора по големина економија во светот, надминувајќи ги Германија, Јапонија и Америка, објави банката Голдман Сакс во својата најнова прогноза. Главните аргументи за овој рејтинг се растот на населението во Индија, напредокот на земјата на полето на иновациите и технологијата, повисоките капитални инвестиции и зголемената продуктивност на работниците, […]

Шекеринска има предлог за излегување од ќор-сокакот на уставните измени


  Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, предлага решение кое може да биде излез од ќор-сокакот околу уставните измени. „Владејачките партии можат да излезат со конкретен предлог во кој ќе ја повикаат опозицијата да гласа за уставните измени, а претходно ќе понудат потпишување договор од сите парламентарни партии со кои тие ќе се обврзат да […]

Столтенберг загрижен сме за тензијата на Косово, сака средба со Вучиќ


  Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека е во редовен контакт со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека е подготвен да се сретне со него, јави дописникот на МИА од Белград. Столтенберг ова го изјави пред новинарите во Вилнус, по повод неодамнешната изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека поради […]

Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година


  Државата на Зоран Верушевски треба да му ја исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година за предметот „Пуч“, откако Врховниот суд делумно го усвои неговото барање за ревизија на надоместокот на нематеријална штета за неоснованото лишување од слобода и нарушениот углед и чест. „Се задолжува […]

Пендаровски: Геноцидот во Сребреница е најголемото воено злосторство во Европа по Втората светска војна


  Претседателот Стево Пендаровски денеска оцени дека геноцидот во Сребреница е најголемото воено злосторство во Европа по Втората светска војна и колективен неуспех на целиот демократски свет. „Денеска се сеќаваме на геноцидот во Сребреница како најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна. Масовната егзекуција на над осум илјади босански муслимани, мажи и деца, […]

Без вода утре дел од корисниците на бул. „АСНОМ“ во Ново Лисиче


Корисниците од бул. „АСНОМ“, од зграда бр.110 до зграда бр.180, утре од  9 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради промена на затварачи ф 80 мм на бул. „АСНОМ“ 128 во населба Ново Лисиче и ќе трае до завршување на интервенцијата.

„Изи Џет“ откажа 1.700 летови среде летната сезона


Британската авиокомпанија „Изи Џет“ (EasyJet) откажа 1.700 летови од јули до септември, а во соопштението посочи дека е принудена на тоа поради штрајкот на контролата на летање (ATC) во Европа и последиците од затворањето на воздушниот простор поради војната, меѓу Русија и Украина. „Изи Џет“, како што објави Скајњус (SkyNews), негираше дека го повторила минатогодишниот […]

За една година, на автопатот „Принцеза Ксенија“ во Црна Гора изгореле 28 возила


Од отворањето на првата делница на автопатот „Принцеза Ксенија“ евидентирани се 28 случаи на самозапалување возила, информираа од „Монтепут“ за порталот РТЦГ. Споменатата делница свечено беше отворена на 13 јули минатата година, а за речиси една година се евидентирани 36 сообраќајни несреќи без жртви, пренесува РТЦГ. Поради екстремно високите температури, зголемен е ризикот од прегревање […]

Деловната клима во еврозоната е се помрачна


Деловното расположение во еврозоната се влошува трет месец по ред, а песимизмот расте и во проценката на моменталната состојба и во очекувањата, објави во понеделникот франкфуртскиот институт за финансиска анализа „Сентикс“ (Sentix). Економскиот показател на „Сентикс“ падна за 5,5 поени, на минус 22,5. Ова укажува дека еврозоната се уште е во рецесија, а тоа е […]

Висок руски генерал убиен во Украина


  Висок руски генерал е убиен во војната во Украина, сопшти советникот на градоначалникот на Мариупол. Генерал-полковник Олег Цоков, наводно, бил убиен во близина на пристанишниот град Бердјанск, кој е контролиран од Русија, во украинската област Запорожје, напиша Петр Андриушченко на својот канал на Телеграм во вторникот. Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, […]

Германија најави пакет воена помош од 700 милиони евра за Украина


Германската Влада денеска најави нов пакет воена помош за Украина, кој е вреден 700 милиони евра. Пакетот вклучува два системи „Патриот“ од залихите на Бундесверот, 40 дополнителни пешадиски борбени возила „Мардер“, 25 дополнителни главни борбени тенкови „Леопард 1 А5“, како и пет оклопни транспортери „Бергепанцер“ 2, соопшти германското Министерство за одбрана. Се додава дека помошта […]

Франција ќе и даде ракети со дострел од 300 километри на Украина


„Франција ќе пренесе ракети со долг дострел во Украина за да ја поддржи контраофанзивата“, само што потврди францускиот претседател Макрон во Вилнус. Франција е сопственик на SCALP-EG, еквивалент на Storm Shadow со домет од 300 километри и во зависност од конфигурацијата, до 500 километри.  Претходно Франција ја отфрли можноста за давање на вакви ракети поради […]