Нова демократија сама може да формира влада


Со преброени 53,75 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Грција, Нова демократија е во убедливо водство пред СИРИЗА со над 20 отсто повеќе гласови и 157 пратенички места. Во Парламентот место обезбедуваат осум партии, а меѓу нив и националистичката Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат официјалните податоци од Министерството […]

До крајот на јуни ќе се аплицира за субвенции за пчелни семејства


До 30 овој месец земјоделците може да аплицираат за директни плаќања за регистрирано преземено пчелно семејство. Корисници може да бидат земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани преземени пчелни семејства. – За земјоделските стопанства, кои поседуваат од 10 до 50 регистрирани преземени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство. За […]

Апсења во Истанбул при обидот за организирање Парада на гордоста


Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени. Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и […]

Убедлива победа на Нова демократија на изборите во Грција


Убедлива победа на Нова демократија со разлика од над 20 отсто во однос СИРИЗА, ПАСОК на третата позиција, но и можен влез во Парламентот на нови партии меѓу кои и една поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од објавените излезни анкети, односно процените за изборниот резултат на парламентарните избори во Грција […]

За Блинкен заканата од Вагнер не е завршена


Државниот секретар на САД,  Антони Блинкен, изјави дека Вашингтон претпоставува дека потенцијалната закана за рускиот претседател Владимир Путин можеби не е завршена. „Ова е приказна што се развива“, рече Блинкен во неделата за време на интервјуто за „Соочи се со нацијата“ на CBS. „Не го видовме последниот чин. Ние набљудуваме многу внимателно“. Актуелната криза во […]

НАТО на линија со Шојгу додека траеше бунтот на Вагнер


Поради стравот на НАТО од можен нуклеарен инцидент, имало „неформални контакти“ меѓу Алијансата и руското Министерство за одбрана во врска со обидот за бунт „Вагнер“, соопшти денеска римска „Република“.   Според италијанскиот весник, вниманието на НАТО било насочено кон повеќе од 1.400 нуклеарни боеви глави кои можат веднаш да се употребат. Соговорник бил рускиот министер за […]

Најмалку 13 руски војници загинале за време на бунтот на „Вагнер“


  Најмалку 13 руски војници се убиени за време на бунтот на паравоената група Вагнер, вклучително и пилоти, соопштија проруски воени блогери. Бројот на жртви може да надмине 20, посочија денеска независни коментатори, со оглед на соборувањето на шест хеликоптери и извидувачки авион од страна на ловците на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер. Засега нема […]

СДСМ: Первезно е ВМРО-ДПМНЕ да држи трибина за криминал и корупција, па уште и во Белата палата


Надвор од реалноста, дури може да се каже  дека е и первезно ДПМНЕ да одржува трибина за криминал и корупција, па згора на се и во Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, возвратија денес од СДСМ на овој настан организиран од страна на опозицијата.  -ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на […]

Хоспитализирано дете во Битола по каснување од куче


  БИТОЛА – Ново каснување во Битола. Имено, денеска кучиња искасаа дете, кое е итно хоспитализирано! За случајот информираше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој истакна дека долгогодишното непостапување од страна на институциите придонесе вознемирувачка вест денес да ги потресе сите битолчани. Тој вели дека веднаш штом ја добил информацијата за каснатото дете кај Стара […]

Во поплавите во Пеќ загинаа мајка и дете


Петгодишно дете и неговата мајка загинаа во синоќешното невреме во косовскиот град Пеќ. Откако потврди дека се удавило петгодишно дете, косовската полиција соопшти дека без знаци на живот е пронајдена и исчезнатата мајка. Инцидентот се случил во населбата „Аслан Ќешме“. Градоначалникот на Пеќ Газменд Мухаџери изрази сочувство за смртта на мајката и нејзиното петгодишно дете. […]

Поранешен премиер на Русија: Ова е почетокот на крајот на Путин


Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов во изјава за Би-Би-Си оцени дека бунтот на платеничката група Вагнер го означил „почетокот на крајот“ за рускиот претседател Владимир Путин. Касјанов, кој беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година и кој е гласен критичар на Путин, вели дека рускиот претседател е во „многу голема неволја“ во моментов. […]

Маричиќ секој ден се јавувал во ВМРО-ДПМНЕ и нудел дијалог за уставните измени


ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на нивниот став искажан јавно за учество во процесот на уставни измени, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Роковите се во рамки на веќе договорената Преговарачка рамка, посочува тој, но ние не сакаме да носиме избрзани решенија. Ковачевски вели дека разговорите на работните групи меѓу власта и опозицијата за уставните измени се […]

Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко […]

Швеѓанец загина во забавен парк, ролеркостерот се откачил од неколку метри височина


Едно лице денеска загина во несреќа во забавен парк во Шведска, а неколкумина се повредени. Шведските медиуми јавуваат дека во забавниот парк „Грона Лунд“, во Стокхолм, несреќата се случила на ролеркостерот, откако еден се откачил од шините и паднал на земја од височина од неколку метри. Паркот веднаш бил испразнет. „Ролеркостер Џетлајн“ достигнува брзина до 90 […]

„Вагнеровци“ се вратија во своите бази, но никаде го нема нивниот шеф – Пригожин


Никој во моментов не знае каде се наоѓа лидерот на побунетата платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој синоќа со посредство на белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко го прекина походот на „Москва“, и се договори неговите војници да се вратат во своите теренски бази, а тој да се префрли во Белорусија, со добиени безбедносни гаранции. Откако доцна […]

Земјата со најниска стапка на раѓања во светот преплавена со зони за престој „без деца“


За земја со најниска стапка на новородени во светот – земја која потроши стотици милијарди долари обидувајќи се да ги охрабри жените да имаат повеќе бебиња – идејата за забрана на децата од места како кафулиња и ресторани може да изгледа малку контрапродуктивна. Но, во Јужна Кореја, „зоните без деца“ станаа неверојатно популарни во последниве […]

Германија усвои уште еден закон за привлекување работници од странство


Додека другите земји се обидуваат да го ограничат бројот на мигранти, германскиот парламент усвои радикален нов закон кој треба да привлече странски работници во земјата. Тоа значи помалку пречки и пониски критериуми за работниците од земјите надвор од Европската унија. Законот во канадски стил има систем на бодување заснован на повеќе категории: возраст, вештини, квалификации […]

Грците очекуваат дека конечно ќе добијат влада


 Економијата, здравството, образованието и безбедноста на земјата се главните критериуми според кои Грците со кои разговараше дописничката на МИА од Атина, одлучиле за кого да го дадат нивниот глас на денешните парламентарни избори во Грција. Нешто помалку од десет милиони Грци денеска гласаат на парламентарните избори, кои пет часа по отворањето на гласачките места се […]

УХМР: Можни се поројни дождови и брзо зголемување на водостоите на реките


Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека во текот на денешниот ден, на повеќе места се очекуваат локални поројни врнежи од дожд кои можат локално да предизвикаат брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава, а можно е да има и локални проблеми во дел од градските населени места доколку таму бидат […]

Британското разузнавање: Украина постојано напредува во контраофанзивата


  Британското Министерство за одбрана во својот редовен дневен брифинг за случувањата во војната во Украина денеска извести дека украинската армија „постепено, но тактички напредува“ во делови од земјата под контрола на Русија. „Украинските сили се позиционираа и продолжуваат со големите офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина“, јави министерството на […]