Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот


Новиот шкотски премиер, Хамза Јусаф, денеска изјави дека ќе продолжи со планот на неговата претходничка Никола Старџен да ја оспори одлуката на британската Влада за блокирање на законот што им олеснува на жителите на Шкотска да го променат полот на официјалните документи. -Правниот предизвик сега е нашиот единствен начин да ја одбраниме нашата парламентарна демократија […]

Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен и бара над 500 милиони долари


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен за повеќе од 500 милиони долари, се наведува во поднесокот кој вчера беше доставен во федералниот суд во Флорида. Тужбата доаѓа откако Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен, која подоцна го обвини Трамп за 34 кривични дела за фалсификување деловни книги. Тоа […]

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета. Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање […]

Отворање на изложбата „Кои сме ние“ посветена на Ромите


Во „Ист Гејт“ денеска ќе се одржи отворање на изложбата „Кои сме ние“, што ќе биде отворена за јавноста до 7 мај. На оваа изложба, прва од овој карактер, ќе биде презентирана кратка историја на Ромите, нивниот број низ државите во светот, најважни датуми за Ромите, кои се одбележуваат секоја година, како и кои светски […]

Одбележување на Денот на Командата за обука и доктрини


Командата за обука и доктрини денеска во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, со воена свеченост ќе го одбележи Денот на единицата. На воената свеченост, како што најавува Генералштабот на Армијата, ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, генерали од Армијата, команданти на единиците, посебниот советник за безбедност од кабинетот на Претседателот, Блерим Кољали, […]

Вицепремиерот Битиќи во посета на винаријата „Лазар“ во Кавадарци


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети винаријата „Лазар“ во Кавадаци, каде ќе присуствува на настан по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. На настанот ќе присуствува и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, […]

Панел-дискусија „Кои и како управуваат со институциите“


Панел дискусија на тема „Кои и како управуваат со институциите“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED). Панелот е во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП), а ќе се презентираат наодите од два истражувачки извештаи за […]

Сончево со умерена локална облачност и јужен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура […]

Се зголемува нивото на гасови што го оштетуваат озонот: „Не знаеме од каде доаѓаат“


Научниците утврдија дека во атмосферата брзо се зголемуваат нивоата на пет хлорофлуоројаглероди кои ја осиромашуваат озонската обвивка, а се штетни материи кои се глобално забранети од 2010 година поради опасноста што ја претставуваат за животната средина. Во една студија објавена минатата недела во списанието Nature Geoscience, тим од меѓународни научници велат дека изворот на емисиите […]

Која храна треба да ја одбегнувате ако имате артритис?


Симптомите на артритис може да варираат од благо фрустрирачки до неподносливо болни. За жал, оваа состојба е доста честа појава. Иако не постои лек за артритис, постојат неколку намирници за кои е откриено дека помагаат во ублажување на болките, отокот и вкочанетоста во зглобовите. Од друга страна, постојат неколку намирници кои треба да се избегнуваат, […]

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но […]

Мирен протест на битолчани пред ЈЗУ Кличка болница „Д-р Трифун Пановски“


Во знак на сочувство за починато новороденче и шест годишното девојче Јана, битолчани попладнево одржаа мирен протест пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“-Битола. Со едноминутно молчење и звук на сирена, учесниците на протестот порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат трагедии. -Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската […]

Убедлив пораз на Пелистер во четвртфиналето на АБА 2 лигата


Македонскиот кошаркарски вицепрвак, Пелистер, вечерва претрпе убедлив пораз од Хелиос во четвртфиналето од АБА 2 регионалната лига. На завршниот турнир во Домжале, словенечкиот претставник доминираше од самиот почеток и на полувреме замина со предност 56:24. Разликата постојано се зголемуваше, па Хелиос по 30  минути имаше водство 84:41, а на крајот негативата на битолчани беше 54 поени. […]

Флорида денеска ќе го егзекутира „нинџа-убиецот“


 Леонард Бернард Гаскин, познат како „Нинџа-убиец“, денеска ќе биде погубен на Флорида, со одлука на републиканскиот гувернер Рон Де Сантис. Тоа ќе биде стота егзекуција во таа американска држава откако таму беше вратена смртната казна во 1976 година, но и втора егзекуција за само шест недели, а следното погубување се очекува за три недели. Во […]

Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут


Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата. Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 […]

„Билд“: Мане му удри шлаканица на Сане по мечот со Манчестер сити


Напаѓачите на Баерн, Садио Мане и Лерој Сане имаа физичка пресметка по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер сити (0-3), објави „Bild“. Според германскиот весник, конфликтот започна за време на натпреварот, а потоа продолжи во соблекувалната. Забележано е дека на Мане не му се допадна тоа што Сане не му додал топка при една акција. Расправијата заврши со […]

На првиот работен ден, бугарскиот Парламент не успеа да избере свој претседател


Бугарските пратеници од 49. Народно собрание на првиот работен ден не успеаја да изберат претседател на Парламентот, поради што, првата седница ќе продолжи утре. Слична беше ситуацијата и на почетокот на 48. Народно собрание, кога, исто така во првиот работен ден не беше избран претседавач. Тогаш првата првата седница траеше три дена, по што со […]

Инспиративните дами во Бучим и Боров Дол ги рушат стереотипите за значењето на жената во рударството


Рударската индустрија традиционално се смета за област во која доминираат мажите како работна сила, со малку можности за жените да размислуваат за кариера во овој сектор. Сепак, тој наратив се менува бидејќи се повеќе жени ги пробиваат родовите бариери, а табуата околу традиционалната поделба на машките и женските професии се кршат. Во последниве години, почна […]

Хари без Меган на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


Лондон– Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата. „Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението. […]

Нема да го дозволам ова ниво на некултура на Филхармонија, реагира Костадиновска -Стојчевска


По вчерашната одлука на Владата за времено сместување на новоформираната НУ „Оркестар за џез музика“ во просториите на НУ Национална Филхармонија, закажав состанок со вработените во Филхармонија за да продолжиме со разговорот за изнаоѓање заедничко решение, но од Синдикатот немале желба да разговараат со мене, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера […]