Доаѓа нова серија за „Хари Потер“, ќе се прикажува десет години


Продукцијата „Ворнер Брос Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) соопшти дека работи на серијал за „Хари Потер“ за својата нова стриминг услуга наречена „Макс“. За развојот на серијата се шпекулираше до неодамна, а информацијата сега е и официјално потврдена од продукцијата, пишува „Врџ“. Во соопштението се вели дека тоа ќе биде „децениски-долга серија произведена со истиот епски занает, љубов […]

Земјотрес од 4,3 степени по Рихтер ја погоди турската провинција Адијаман


 Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска попладне ја погоди турската провинција Адијаман на југоистокот од земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи. Според извештаите, земјотресот се случил во околината на градот Синџик во 16 часот и 26 минути по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри. 

Бесими на средби во ММФ: Опстојуваме на определбите за фискална консолидација и забрзан економски раст


Мерките и политиките што ги спроведува Република Северна Македонија ја задржаа макроекономската стабилност, буџетскиот дефицит забележа намалување, јавниот долг е на одржливо ниво и во рамки на Мастришките критериуми, инфлацијата покажува тренд на намалување, економијата е отпорна и е во позитивна зона, беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-генералниот директор […]

Врховниот суд бара од апелациските судови да бидат поефикасни со предметите од висок јавен интерес


  Прашањата за постапувањето по предметите од висок профил и од висок јавен интерес беа тема на разгледување и на дискусија на денешниот работен состанок во Врховниот суд меѓу претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и претседателите на четирите апелациoни судови во државата. Адеми, како што информираат од Врховниот суд, ја истакна важноста на прашањето […]

„Секако, имавме добри моменти, но имам многу да направам“. Вака и раскина Руперт Мардок на Џери Хол


Руперт Мардок, 92-годишниот медиумски магнат, чие големо портфолио ги вклучува Fox News и The Wall Street Journal, минатата година го заврши бракот со Џери Хол преку е-пошта, според неодамнешниот извештај на Vanity Fair. Раскинувањето на е-поштата првпат беше објавено минатата година, но Vanity Fair е првиот што откри дел од содржината на мејлот. „Џери, за […]

Бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата по повод 18 Април


По повод Светскиот ден на културното наследство – 18 Април ќе има бесплатен влез во сите музеи и локалитети низ државата, објави денеска на фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.  Според неа, македонската култура и уметност е богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. – Дојдете, посетете и истражете на 18-ти […]

Вучиќ изнесе пет заклучоци од состанокот со Србите на Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со премиерката Ана Брнабиќ и членови на владата се на средба со Србите од Косово во Рашка, констатираше пет заклучоци кои ќе бидат предложени до Владата, да постапи според нив, јави дописникот на МИА од Белград. – Ќе и предложиме на Владата да донесе заклучоци – а тоа е да […]

Млада италијанска одбојкарка пронајдена мртва во Истанбул


Рим– Една од најперспективните италијански одбојкарки Јулија Итума го загуби животот откако во средата вечер паднала од хотелска соба во Истанбул, по реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу домашниот тим Езачибаши и Новара, објави денеска весникот Тутоспорт. Италијанските медиуми наведуваат дека турските истражни органи ги истражуваат деталите околу несреќата, додавајќи оти 18-годишната […]

Ферги нема да биде на крунисувањето, одлучи кралот Чарлс Трети


Лондон– Кралот Чарлс нема да ја покани својата поранешна снаа, војвотката од Јорк, на неговото крунисување, дознава The Independent. Сара Фергусон, која сè уште живее со принцот Ендру и е многу блиска со него иако се разведоа во 1996 година, ќе мора да ја гледа прославата на 6 мај во Вестминстерската опатија на телевизија. Веста […]

Протести во Франција: Демонстранти упаднаа во седиштето на луксузниот гигант ЛВМХ


  Демонстрантите насилно влегоа во седиштето на луксузниот гигант ЛВМХ во Париз, додека Франција забележа нова рунда демонстрации поради владините планови да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. „Ако Макрон сака да најде пари за финансирање на пензискиот систем, треба да дојде овде да ги најде“, изјави Фабиен Виледје, синдикален […]

Лекарска комора се жали на јавниот линч


Лекарската комора најостро ги осудува јавните вербални напади и навреди врз лекарите и лекарската професија, како и неосновани обвинувања за сторена лекарска грешка и истакнува дека атмоферата која се креира во јавноста покажува дека е потребно итно носење на посебен закон за заштита на докторска дејност со кој ќе бидат регулирани правата и обврските на […]

Потребно воспоставување мерит систем во изборот на членови на управните одбори во јавните претпријатија


Во 250 институции во државата со управни и надзорни органи, кај 60 проценти има директори со целосна функција, а кај 40 проценти се назначени вршители на дејност. Во овие институции има околу 3000 лица кои се членови на управни и надзорни одбори кои треба да вршат надзор над работата на институциите, а нема воедначеност, туку разноликост […]

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина


 Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи. „Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна […]

Поради добиена лажна бомба беше евакуиран Парламентот на Холандија


Парламентот на Холандија денеска беше евакуиран по добиена лажна бомба. По еден час, откако беа извршени проверки полицијата дозволи враќање во зградата. Лидерот на Партијата на слободата и пратеник, Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата. – Пакет со кадифено мече и жици беше доставен во мојата канцеларија во Парламентот. За […]

Обновена и пуштена во употреба бензинската станица на „Макпетрол“ во Свети Николе


Како најголем дистрибутер на нафтени деривати во државата, компанијата секогаш се труди на своите потрошувачи да им осигура квалитетни, сигурни и економични нафтени производи. Токму поради тоа, „Макпетрол“ постојано инвестира во обнова и модернизација на своите бензински станици, како и во развој на нови технологии за подобрување на квалитетот на горивата. Согласно потребите на потрошувачите, […]

Што да се очекува од новиот директор на Светска банка: Реална промена или ребрендирање?


  Идниот претседател на Светска банка е роден во Индија и таму го постигна својот ран деловен успех, факт што поддржувачите велат дека му дава вреден увид на Аџеј Банга за предизвиците со кои се соочуваат земјите во развој на кои банката треба да им помогне. Но, не сите се сигурни дека може да се […]

Хороскопски знаци кои подоцна ќе ја најдат вистинската љубов


Ви откриваме кои хороскопски знаци доцна ќе ја најдат вистинската љубов. Многумина сонуваат да ја најдат вистинската љубов. Не секој го доживува кога сака. На некои им се случува рано, на други доцна, а за жал има и такви кои никогаш не го доживуваат. Бидејќи нема временско ограничување, секогаш важи следново: никогаш не треба да […]

Сојузот на средношколци бара пратениците да им овозможат бесплатен јавен превоз за сите ученици


По еден месец откако до Собранието достави предлог за изменување и дополнување на Законот за средното образование, со цел да се овозможи бесплатниот јавен превоз да важи и за учениците во приватните средни училишта, Сојузот на средношколци денеска ги повика сите пратеници да го стават на дневен ред и да го изгласаат. – Денеска изминува […]

Притвор за 61-годишник кој се самозадоволувал пред малолетнички


Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални […]

На младите сè уште им требаат и до 62 месеци за да најдат работа


Младинското (не)вработување не е само прашање на барање на работа, професија и обезбедување на опстанок. Тоа е клучно за позиционирање на улогата на младите во општеството. Ова е еден од заклучоците нотирани во документот за јавна политика со назив „ Младинско (не)вработување: политики, мерки и вештини“ креиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој […]