Работен состанок на вицепремиерката Грковска со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Гир


Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на прогресот постигнат од страна на институциите вклучени во борбата против корупцијата, односно исполнувањето на препораките наведени во Извештајот од Европската комисија за 2022 година и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за 2021-2025. […]

НАТО ја почна најголемата вежба за кибер одбрана во светот


Талин – НАТО синоќа почна  во Естонија најголема вежба за кибер одбрана во светот, со повеќе од 3.000 учесници од 38 земји, со цел да се развие подобра одбрана од софистицирани кибер закани. Вежбата Locked Shields се одржува секоја година, а домаќин е CCDCOE, еден од центрите на НАТО, лоциран во Талин, главниот град на Естонија. […]

Хрватот Бјелица нов тренер на Трабзонспор


Трабзон – Актуелниот турски фудбалски првак Трабзонспор, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, го назначи денеска хрватскиот стратег Иван Бјелица за нов тренер. Турскиот клуб соопшти дека со 51-годишниот Бјелица е потпишан договор со крајот на сезоната 2024/25. Откако лани во доминантен стил ја освои шампионската титула во Турција, оваа сезона Трабзонспор не […]

Состојба на патиштата


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување […]

Променливо облачно, попладне со краткотраен дожд


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд, кои на места краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 19 април 2023 година, 109-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 256 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минута, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути. Денов трае 13 часа и 30 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 […]

„Ме боли“ – нова песна на Мијата во соработка со Фолтин (видео)


„Ме боли“ е новата песна на Мијата во музичка соработка со групата Фолтин од Битола. „ Станува збор за моја авторска француско-македонска шансона, со наш заеднички органски аранжман, снимена во  студиото Алшар во Скопје. Пресреќна сум што постојат врвни уметници како што се Фолтин, кои веднаш го разбраа музичкиот филм кој го посакував и создадоа […]

Фокс њуз ќе плати 787,5 милиони долари за лагите што ги кажа за изборите во 2020


  Фокс и компанијата за гласачка опрема „Доминион“ постигнаа спогодба од 787,5 милиони долари во тужбата за клевета, која беше во центареот на вниманието на американската јавност, ставајќи крај на спорот околу тоа дали мрежата и нејзината матична компанија свесно емитувале лажни и чудни наводи дека „Доминион“ бил вклучен во заговор за кражба на изборите […]

Бугарија: Партиите на Борисов и Петков договорија коалиција за носење закони


  Големите политички ривали, ГЕРБ и коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ денеска се договорија да ја извлечат бугарската политика од ќор-сокакот, барем што се однесува до законодавната агенда на новото собрание и изборот на неговиот спикер. Преговарачките тимови на двете партии се договорија претседател на парламентот да биде Росен Желјазков од ГЕРБ, а претседателот на […]

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс


Повеќе од половина од Британците не веруваат дека крунисувањето на кралот Чарлс треба да биде финансирано од владата, според новата анкета. Анкетата две недели пред крунисувањето покажа дека 51 отсто од возрасните испитаници веруваат дека владата не треба да ја финансира церемонијата на крунисувањето. Речиси една третина од испитаниците, односно 32 отсто сметаат дека треба, […]

Реал Мадрид и Милан први полуфиналисти во Лигата на шампиони


Мадридски Реал ја продолжува одбраната на титулата во Лигата на шампиони откако вечерва втор пат го совлада Челзи и обезбеди пласман во полуфиналето во кое му се приклучи и Милан, кој во италијанската четвртфинална пресметка беше поуспешен од Наполи. Милан допатува во Неапол со предност од првиот натпревар од 1-0, која ја удвои Французинот Оливие […]

Верижен судар кај Мавровка, се судрија седум автомобили


Седум автомобили синоќа се судрија кај Мавровка. Несреќата се случила пред подвозникот, а според неофицијалните информации, нема повредени лица. Прво се судриле четири возила, а позади нив и други три автомобили. Причинета е материјална штета.

Ќе се работи ли до 70 години?


Ќе се работи ли до 70 години? Во изминатиот период Европа ја потресе темата за старосната граница за пензионирање која ја иницираше Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон е решен да спроведе реформа со која ќе се пензионира на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега. Имено, проблемот во Франција со пензиската реформа е […]

Станува ли „Епл“ банка: Со Голдман Сакс нудат 4,15 отсто годишна камата


„Епл“ и Голдман Сакс се обидуваат да ги привлечат штедачите да отворат нова штедна сметка нудејќи камата која е 10 пати повисока од националниот просек. Калифорнискиот технолошки гигант и банката во понеделникот понудија нова штедна книшка со 4,15 отсто годишен принос на клиентите во САД, откако прво го објавија производот во октомври. Ова е значително […]

Напад во теретана во Дуизбург: Најмалку четири лица избодени со нож


Германската полиција соопшти дека напаѓач повредил неколку лица во спортска сала во западниот град Дуизбург. Нападот се случил вечерва во центарот на стариот град и полицијата побарала од жителите да ја избегнуваат областа, пишува Индипендент. „Според досегашните информации, едно лице со предмет повредило други лица. Ситуацијата во моментов е сè уште конфузна“, објави полицијата на […]

Тасева: Договорите на „Бехтел и  Енка“ завршуваат 40 отсто поскапо од договореното


„Бехтел и  Енка“ важи за една од најнетранспарентните компании во светот, нивните договори секогаш завршуваат со 40 отсто повеќе од договореното, изјави вечерва во „Топ тема“ Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“,во врска со предложените измени на осум законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д. „Кога читав, подготвувајќи се емисијава, најдов […]

Интерпол во Јужна Америка заплени илјадници парчиња оружје и дрога во вредност од 5,7 милијарди долари


Интерпол денеска соопшти дека неговата досега најголема операција за заплена на огнено оружје низ Централна и Јужна Америка резултирала со заплена на илјадници парчиња нелегално оружје и дрога во вредност од 5,7 милијарди долари по досега невидена соработка меѓу 15 земји. Меѓународната полициска организација информира дека властите уапсиле 14.260 луѓе во операцијата, која се одржала […]

Спасеновски даде предлог како ВМРО-ДПМНЕ да ги гласа уставните измени


  Во 2014 година владата на Никола Груевски предложи нов државен грб кој во централниот дел би имал црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, а во горниот дел би имало круна во форма на тврдина. Предлогот тогаш доби поддршка и од ДУИ. Враќањето на овој предлог, според универзитетскиот професор и експратеник Александар […]

Сателитот на НАСА утре ќе падне на Земјата


Вселенската агенција НАСА и американското Министерство за одбрана веруваат дека деактивираното летало, познато како Реси, ќе падне низ атмосферата утревечер. Експертите тврдат дека има мали шанси стариот сателит на НАСА да претставува некаква опасност, пишува Sky News. Поголемиот дел од сателитот тежок 300 килограми се очекува да изгори додека се движи низ горната атмосфера, но […]

Спотот на Мајли Сајрус за „Flowers“ е снимен во легендарна куќа, еве кој цела деценија живеел таму


Лос Анџелес-  Прекрасниот имот во населбата Чатсворт во Лос Анџелес – со магичен поглед од ридот и големи прозорци е локација за снимање на тони продукции, вклучително и спотот за песната „Цвеќиња“ на Мајли Сајрус кој е најголем хит во моментот и заради песната и заради спотот. Тој историски дом, познат како Куќата Фаралоне, се […]