Хотелиерите очекуваат добра туристичка сезона, голема исполнетост за Први Мај


Исполнетоста на сместувачките капацитети на охриско-струшката ривиера за велигденските и првомајските празници најавува добра туристичка сезона, вели првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. За претстојниот продолжен празничен викенд хотелиерите очекуваат исполнетост од 70 до 80 проценти. – Исполетоста е добра и повеќе од очекуваното. Според тоа, може да се каже дека […]

(Видео) Седница на Судски совет


Откако претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вчера беше разрешена од функцијата, денеска се бира нов претседател. Проследете ја седницата во живо:

Делегацијата на германското стопанство ќе има нов директор, на местото на Герт Рабов доаѓа Антје Ванделт


Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Герт Рабов, денеска најави дека на крајот на месец април функцијата ќе ја предаде на неговиот следбеник Антје Ванделт. „Многу сум среќен за укажаната можност да бидам дел од Делегацијата во изминатите четири месеци. Во овој период имав можност да се запознам со дел од компаниите кои се од […]

Чарлс и Камила ја покажаа сцената на Евросонг во Ливерпул: Еве што се случи


Ливерпул– За неполни две недели започнува омиленото музичко натпреварување – Евросонг! Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила во средата ја открија сцената на која ќе бидат домаќини претставниците на Евровизија од 9 до 13 мај. Кралот најави дека со голем интерес ќе го следи натпреварот кој годинава се одржува во Ливерпул, се сретна со […]

Герасимовски: Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети


Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за субвенционирање.  Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од […]

„Летаат глави“: Масовни смени на руски генерали по посетата на Путин на фронтот


  Неочекуваната посета на украинскиот фронт од страна на рускиот претседател Владимир Путин предизвика бран оставки во највисокото раководство на армијата, објавија истовремено во четвртокот провоените руски блогери и воените дописници. Со декрет од 20 април, Путин ги отпушти армискиот генерал Александар Дворников, генерал полковниците Александар Журавлев и Рустам Мурадов, рече воениот командант Јуриј Котенок. […]

Отворен Самитот на Западен Балкан за стандарди за животна средина, општество и управување со 450 учесници од регионот


Отворено е ново поглавје на патот кон одржлив развој на Западниот Балкан и започнат е патот кон поодговорно и поеколошко работење, порачаа учесниците на отворањето на Првиот самит на Западен Балкан за животна средина, општество и управување, кој е најголемиот регионален настан посветен на одржлив развој и разговор за поголема одговорност на деловниот сектор кон […]

Тајланѓанка обвинета за убиство на 12 пријатели


Тајландската полиција уапси жена осомничена дека убила 12 нејзини пријатели и познаници со труење со цијанид. Сарарат Рангсивутапорн беше уапсена во вторникот во Бангкок по истрага за смртта на 12 лица. Таа прво беше осомничена од семејството на една од жртвите која почина за време на патувањето со Рангсивутапорн претходно овој месец. По истрагата, полицијата […]

Николовски: Ако има неоткупена пченица, треба да каже Агенцијата за стокови резерви или земјоделците


Информациите се дека има 90 отсто откупена пченица од минатата година, а Министерството преку успешни мерки и политики создаде услови за досега рекордна откупна цена, доколку одредена пченица не била откупена тоа е прашање на кое одговор можеле да дадат само земјоделците или Агенцијата за стокови резерви, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој на […]

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме


Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибиновски – Сибо, член на етно-групата „Баклава“. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) […]

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска


Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година. Признанијата […]

Продолжува „војната“ во Судскиот совет, новинарите оставени пред вратите


  Седницата на Судскиот совет која вчера театрално ја закажа потгпретседателот Селим Адеми за 11 часот сѐ уште не е започната. Наводно таа е одложена за 13 часот. Внатре по канцеларии, на мали и поголеми колегиуми, продолжува „војната“ меѓу неговите членови. Новинарите се оставени пред вратите. Од надвор се слушаат расправии на висок тон.Јасно е […]

Народна банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2023 година


Народната банка постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла, што е основа и за осмислување и водење здрави економски политики. Нашата цел е да ги поддржиме младите економисти да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците во економијата. Истовремено, го нагласуваме значењето […]

Циципас за ривалството со Алкараз: Треба да тренирам за да ја подобрам играта


Мадрид – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас проговори за ривалството со Карлос Алкараз. Во меѓусебните дуели Циципас е инфериорен 0:4. На Мастерсот во Мадрид тие може да се сретнат само во финалето. – Далеку е финалето, по две недели. Треба да тренирам за да ја подобрам мојата игра. Toa e единствениот начин на кој можам да променам […]

Сопругата на Пирс Броснан има богатство од 100 милиони долари


Лос Анџелес – Повеќе од 20 години, Кили Шеј Смит е среќнo мажена за холивудскиот заводник Пирс Броснан, со кого има два сина – Парис и Дилан, но и заработила значителна сума пари. Иако е мажена за холивудски глумец од „А-листата“, и оваа наградувана американска новинарка, истражувачка и глумица има доста голем удел во семејното […]

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд


Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината. И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот. -Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај […]

Дојче банк во првиот квартал оствари добивка од 1,85 милијарди евра


Берлин– Дојче банк, најголемата германска банка, во првиот квартал оствари добивка пред оданочување од 1,85 милијарди евра, што е за 12 отсто повеќе во однос на истиот период лани и e 11-ти квартал по ред кога остварува добивка. Истовремено, ова е највисока квартална добивка на банката од 2013 година. Од банката денеска соопштија дека сакаат […]

Манчестер сити ќе гради спортска академија во Драч


Тирана – Манчестер сити ќе има Фудбалска академија и школа во албанскиот пристанишен град Драч. Премиерот Еди Рама, кој е во посета на Велика Британија објави дека е потпишан договорот со „Сити Фудбал Груп“, со кој Албанија ќе има соодветна фудбалска академија, на еден од најпознатите клубови. Според него благодарение на помошта на пријателите од […]

„Брако“ учествуваше на Саемот за индустрија во Хановер


БРАКО ги претстави своите производни капацитети и можностите на фабриката на светски познатиот саем за индустрија кој се одржа во Хановер во Германија. Директорот на секторот за тешки метални конструкции во БРАКО, Перо Колев, ги запозна заинтересираните деловни субјекти присутни на саемот со можностите кои ги нуди БРАКО во делот на производството, современата технологија од […]

Официјално промовирана iOS верзијата на апликацијата за лицата со оштетен вид „Кико и Хана“


Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, која им овозможува пишан текст да слушнат и […]