Зеленски, Шолц и Макрон ќе ја отворат Минхенската безбедносна конференција


Денеска почнува Минхенската безбедносна конференција со воведно видео обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и со говори на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон. Годишниот собир на високо ниво, кој се одржува во Баварија, јужна Германија, на кој се дискутира за клучните прашања за одбраната, е домаќин на претставници од 96 […]

Сончево со мала облачност, дневните температури до 17 степени


Времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје претпладне ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе […]

Никола Мицевски зборуваше дека родилката од Дебар била „демонтирана“, па се извинуваше


  Работите навистина отидоа предалеку, рече ноќеска малку пред полноќ координаторот  на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, обраќајќи му се на својот колега од СДСМ, Јован Митревски. И тие навистина отидоа предалеку кога во својата процедурална интервенција Мицевски, настојувајќи да го обвини СДСМ за сѐ што може, ја вметна на исклучително груб начин родилката […]

Заокружен претресот за разрешување на министерот Беким Сали, ќе се гласа дополнително


Собранието доцна вечерва го заокружи претресот по предлогот за разрешување на министерот за здравство Беким Сали, во рамки на првата точка од 104. седница за Предлогот за реконструкција на Владата, но, како што најави потпретседателот на законодавниот дом Горан Мисевски, ќе се гласа дополнително. Десетина минути пред полноќ Мисевски констатираше дека повеќе нема услови за […]

Нуланд: САД бараат траен мир во кој Украина ќе преживее и ќе напредува


Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетично, а Украина спрема своја офанзива, Викторија Нуланд, помошничка државен секретар за политички работи, изјави денеска во текот на телефонски брифинг за новинарите. Во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, таа рече „колку е […]

Маричиќ: Првпат картата за блокада или за влез во ЕУ е во наши раце


 Дали ќе влеземе во категорија на држави што ќе влезат во ЕУ при наредното отворање на вратата или ќе останеме во категорија на проблематични држави кои којзнае кога ќе влезат, ако влезат некогаш, тоа е наша автентична домашна одлука, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во „Вин-Вин“ на Телма. -Првпат картата за блокирање не […]

Средба Бајден – Шолц на 3 март


Американскиот претседател Џо Бајден ќе има средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 март во Белата куќа, соопшти денеска американската влада, јави ДПА. Најважната тема на разговорите меѓу двајцата лидери ќе биде војната на Русија против Украина и како да му се помогне на Киев. До моментот на средбата, првата годишнина од војната ќе […]

Констатирани неправилности во работењето на три отпади за половни возила во Скопско


Во скопско Визбегово, полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција при МВР во координација со претставници на Царинската управа, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат денеска извршиле контрола во три отпади за половни возила, сопственост на Р.З. од село Визбегово, И.А. од Скопје и С.А. од село Визбегово. […]

Утре без струја делови од улици од неколку скопски општини


 Поради веќе закажани технички зафати во системот, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од неколку скопски општини.  Во период од 8:00 до 13:00 часот во Ченто без струја ќе бидат дел од кирисниците ул. „Антон Попов“, објекти на Автоцентар АД, Здружение на возачи на град Скопје, ИНГ ЛУЛУ ДОО, МЗТ Агрома, Престиж Делукс ДОО, […]

Висока функционерка на руското Министерство за одбрана најдена мртва, скокнала низ прозорец


Русија– Висока функционерка на руското Министерство за одбрана е пронајдена мртва откако паднала низ прозорец од стан во Санкт Петербург, пренесоа руските медиуми. Како што јави Радио Слободна Европа, Марина Јанкина (58) била шефица за финансии и набавки во секторот на Министерството за одбрана задолжен за Западниот воен округ. Телото било пронајдено вчера под прозорецот […]

САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции


Косово – Американскиот претседател Џозеф Бајден и ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османа 15-годишнината од прогласувањето на независноста на Косово, наведувајќи дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Косово во евроатлантските институции, соопшти нејзиниот кабинет. „Во текот на изминатите неколку години, Косово и САД ги зајакнаа демократските институции за да обезбедат ефективно владеење, владеење на […]

Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми


Германија– Веб-страниците на седум германски аеродроми денеска се во прекин најверојатно поради кибер напад, соопшти здружението на аеродроми АДВ во Германија.  Наводниот напад бил извршен ден по големиот ИТ дефект во Луфтханза, поради што илјадници патници не пристигнале на посакуваните дестинации.  Не функционираа веб-страниците на аеродромите во Дизелдорф, Нирнберг и Дортмунд, додека веб-страниците на најголемите […]

Собранието ќе продолжи со работа и по 19 часот


 Во Собранието и попладнево се дебатираше за Предлогот за реконструкцијата на Владата, а по заседавање од околу час и половина, заменик-претседателот на законодавниот дом Горан Мисоски објави пауза и најави дека 104. седница ќе продолжи по 19 часот. Пратениците се уште расправаат по првата точка на дневниот ред, односно предлогот за разрешување на членови на […]

Меси најдобар фудбалер на сите времиња во избор на ФорФорТу


Англија – Аргентинскиот капитен Лионел Меси се најде на првото место во изборот на 50 најдобри фудбалери на сите времиња на реномираното британско списание за фудбал ФорФорТу (FourFourTwo). Меси е избран за најдобар во историјата на светскиот фудбал пред Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Армандо Марадона, на второто и третото место. Португалецот Кристијано Роналдо е рангиран на четвртото место на вечната листа, […]

Нови проценки на ЕБОР: БДП на Македонија годинава ќе порасне за 2,0 отсто


  Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија годинава ќе порасне со стапка од 2,0 отсто, а следната година за 3,0 отсто, покажуваат новите прогнози на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Врз основа на новите, ревидирани податоци, дадени се прогнози за регионалната економска перспектива. Споредено со септемвриските вредности, растот на БДП во 2022 година […]

Возачите немаат трпение – се тепаат поради недоразбирања во сообраќајот


Во текот на вчерашниот ден се случиле две тепачки меѓу возачи на скопските улици. Најпрво во 11.15 часот во СВР Скопје, Б.Д.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Потоа во 15.00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(36) од Скопје пријавил дека околу 14.00 […]

Бесими: Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата и не можеле да тргуваат со неа


  Агентите и инвеститорите се навремено известени за административната пречка во врска со издавањето на еврообврзницата. Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата – следствено на тоа не можеле да тргуваат со неа на секундарниот пазар, појаснува министерот за финансии Фатмир Бесими. – Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што […]

Столтенберг: Конфронтацијата со Русија може да трае со години


 НАТО мора да се подготви за долга конфронтација со Русија, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин не покажува желба за мир една година по инвазијата на Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Мораме да бидеме подготвени на долг рок, тоа би можело да потрае многу, многу години“, изјави Столтенберг. Тој додаде дека Путин „сака […]

Русија го запре увозот на „вијагра“, ќе прави своја


  Американската компанија „Виатрис“ престана да испорачува вијагра во Русија во форма на таблети. За ова за Интерфакс изјавија претставници на Министерството за индустрија и трговија, истакнувајќи дека во Русија постои можност за производство на слични лекови. „Лекот со трговско име ‘вијагра’ одговара на меѓународното некомерцијално име (INN) силденафил, неговото производство не е локализирано во […]

Стразбур ги приземји Сваровски функционерите


Не летаат балони само над Америка. Еден таков леташе дури пет години и над Македонија, но денес Стразбур го распрска на парчиња. И покрај обидите одлуката на Судот за човекови права за аболициите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов да се престави како процедурална и техничка, со најава дека обвинетите пак ќе се жалат, приказната дека […]