ОЈО: Предложен притвор за две лица од Скопје, купиле и држеле автоматски пиштол


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против маж и жена од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – На 23 февруари, за сума од 1.500 евра, […]

Син на поранешен директор на БЈБ фатен со дрога во Скопје


Син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) вчера во Капиштец бил уапсен од полицијата, откако кај него била пронајдена дрога, објави „А1он“. Според билтенот на МВР, на 24.02.2023 во 00.35 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода […]

25 февруари во историјата – Младиот Касиус Клеј го победи Сони Листон и стана светски шампион


  На 25 февруари 1964 година, 22-годишниот Касиус Клеј ги шокираше сите кога го симна од тронот на светскиот боксерски шампион во тешка категорија Сони Листон со техничкиот нокаут во седмата рунда. Страшниот Листон, кој двапати го демолираше поранешниот шампион Флојд Патерсон во првата рунда, беше фаворит 8 спрема 1. Сепак, Клеј предвиде победа, фалејќи […]

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот


Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром. Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината. Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за: – Спортски клубови и спортски здруженија – Реализација […]

Заварувачките работи во БРАКО ќе се изведуваат во целосно реновирана и модерна хала вредна 300 илјади евра


Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката. Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на […]

Габер-Дамјановска за кандидатите за судии и обвинители: Најважно е како ќе ја вршат својата професија – не презимето


Според Уставот секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции, меѓу кои и судија, обвинител… и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. И со оглед на тоа дека на јавен конкурс отворен за тестирање на кандидати за слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), не смее […]

Сојузот на извидници на Македонија одбележува 70-годишен јубилеј


 Сојузот на извидници на Македонија (СИМ) денеска во Прилеп, на Могилата на непобедените, ќе одржи централна манифестација по повод 70 години од постоењето на организацијата. Како што информираат од Сојузот на извидници, на централната прослава во Прилеп, на едно место извидниците од цела држава ќе се соберат да го слават извидништвото и неговиот основач, како […]

Променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер


Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната […]

Тактики на супермаркетите за да купите повеќе


Свесноста за тактиките што ги користат супермаркетите за да ве натераат да трошите повеќе може да помогне да се намали можноста да ги потрошите вашите пари следниот пат кога ќе пазарувате. Паметен распоред на производи Супермаркетите сакаат да се шетате наоколу, бидејќи поверојатно е дека по пат ќе соберете непотребни работи. Поради ова, основните предмети, […]

Германскиот хемиски гигант укинува 2.600 работни места


Германскиот производител на хемикалии БАСФ ги објави плановите за укинување на 2.600 работни места за да ги намали трошоците, откако последниот квартал од 2022 година го заврши со загуба. Нето загубата на БАСФ во четвртиот квартал изнесува 4,8 милијарди евра, објави компанијата. Во истиот период од претходната година работеше со нето добивка од 898 милиони […]

Првата дама на САД навести дека Џо Бајден е подготвен за нова претседателска трка


Првата дама на САД Џил Бајден денеска даде една од најјасните индикации дека нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џо Бајден ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат на изборите во 2024 година, изјавувајќи дека „речиси ништо“ не останува да се направи освен да се прецизира времето и местото за тоа да биде официјално објавено. Иако […]

Дубровник планира да го ограничи сообраќајот околу историското јадро


Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ денеска презентираше предлог-одлука за ограничување на сообраќајот во контактната зона на историското јадро, со цел да се намали сообраќајниот метеж во срцето на Дубровник и негативното влијание врз монументалното наследство. Франковиќ нагласи дека нацртот се заснова на насоките на УНЕСКО и Планот за управување со историското јадро, пренесе Хина. „Со […]

„Експлозија“ на странски работници во Србија, за една година се вработиле 12.000


Лани во Србија работеле 35.174 странци, што е за околу 12.000 повеќе од 2021, пишува „Блиц Бизнис“. Од околу 35.000 странски државјани кои лани работеле за плата во Србија, 5.919 биле жени, а најмногу работни дозволи им биле издадени на кинески државјани. На второ место се најде Русија, а потоа следат Турција и Индија. Работни […]

Недостигот од полупроводници би можел да трае до крајот на 2024 година


Глобалната индустрија за чипови сè уште се обидува да го достигне заостатокот и нарачките, што ги зголеми цените драстично и ја забави испораката на производи во многу сектори. Иако се чини дека компјутерската, мобилната и автомобилската индустрија најмногу страдаат во моментов, проблемот е многу поголем. Сите индустрии во процесот на дигитализација се погодени од недостигот […]

Руската полиција апси противници на инвазијата врз Украина


Руската полиција ширум земјата денеска апсеше осамени демонстранти кои, на годишнината од руската инвазија врз соседна Украина, со антивоени слогани и метафорични гестикулации го изразуваа  своето противење на војната, известуваат руските медиуми и организациите за заштита човекови права. Во четвртиот по големи руски град Екатеринбург беа  уапсени најмалку осум лица, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите […]

САД почнаа со конфискација на имотите на рускиот олигарх Векселберг


  Адвокатот на јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс, поднесе тужба со која бара конфискација на шест станови на рускиот олигарх Виктор Векселберг. Тој е обвинет за кршење санкции и перење пари. Ова се наведува на веб-страницата на американското Министерство за правда. Вредноста на недвижниот имот што милијардерот го купил уште пред да се најде […]

Малолетници претепале 52-годишен скопјанец


Синоќа во с. Батинци бил нападнат скопјанец од неколку малолетници. – На 23.02.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, И.Ј.(52) од с.Батинци, скопско, пријавил дека во с.Батинци бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврди предмети, информира МВР. Се работи на расчистување на случајот.

Собраниската седницата за избор на министри продолжува в понеделник


Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата по 104. седница за Предлогот за избор на членови на Владата. Пратениците продолжија со работа и по 18 часот, а по неколку излагања и реплики претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата. Поради престојните верски празници, тој најави дека Собранието ќе продолжи со работа по оваа седница […]

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите


„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“. Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на […]

САД ќе воведат царина од 200 отсто на алуминиумот од Русија


Почнувајќи од 10 март САД ќе воведат царина од 200 отсто за алуминиумот произведен во Русија, соопшти денеска Белата куќа, најавувајќи широк спектар на санкции поради руската инвазија на Украина. Според Белата куќа, САД од 10 април, исто така, ќе воведат царина од 200 отсто за увезениот алуминиум што содржи алуминиум од Русија. Рускиот алуминиум […]