Телефонски разговор Ковачевски – Шоле: Силна поддршка на стратешкото партнерство со САД


  Премиерот Димитар Ковачевски, вечерва разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Во соопштението од Владата се вели дека на телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер. „Разговорот беше со фокус на […]

СП2022: Мароканците „изгореа“ на терен, но во финале оди Франција


  Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0. По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута.   Голот на Ернандез е најбрз во […]

Ќе се основаат три национални установи од областа на културата


  Владата на предлог на Министерството за култура денеска разгледа и усвои информации за потребата од основање на три национални установи од областа на културата. Ќе се основаат национални установи „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола. „Меморијален […]

Што му прави пијанството на вашето тело?


Празничната сезона е полна со можности да уживаме во чаша варено вино, џин и тоник, шампањ или кој било друг алкохолен пијалок што го сакаме. Ако не сте внимателни, можете многу брзо да почнете да се чувствувате весело, што значи дека алкохолот влијае на мозокот и телото. Веројатно знаете што значи да се разбудите со […]

Владата усвои информации за урбанистички план и за резервиран капацитет за Интерконективниот гасовод со Грција


  Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски ја разгледа и усвои информацијата за донесување Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Грција и го донесе Урбанистичкиот план. – Проектот Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција претставува секција (дел) од целокупната мрежа […]

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, вградени прифатените амандмани


  Владата на денешната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. – Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието каде што беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, […]

Горан Трајковски в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, разрешена Симеска-Димоска


  Владата на денешната 109-та седница ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска. Од владината прес-служба соопштија дека Владата го назначила Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат. Како што се посочува во соопштението од владината седница, новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, […]

Американците „полудеа“ по „југо“: Сè повеќе се бара, цените вртоглаво растат


Се чини дека моделот „југо“ е сè попосакуван меѓу Американците и заинтересираните се подготвени да издвојат голема сума за него. И не се многу пребирливи. Се разбира, GVX и Cabrio се особено скапи, но сосема солидно минува и обичното „југо“ кое визуелно не се разликува значително од оние што доминираа на нашите патишта во 90-тите. […]

Маж се соблекувал пред деца, директорка на училиште пријавила


Директорка на едно основно училишта во подрачје на Центар во полиција пријавила непознато лице кое се соблекувално пред децата. – На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од […]

Руски политичар: Србија може да се приклучи на Русија по референдум


Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума, Алексеј Чепа, во интервју за радио „Говорит Москва“ изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ. „Не знам колку е тоа реално, бидејќи овде одлуката не е на Вучиќ, туку на народот. Тоа треба да го реши народот на […]

Мерка притвор за специјалниот државен обвинител на Црна Гора


 Специјалниот државен обвинител на Црна Гора, Саша Чаѓеновиќ, кој во петокот беше уапсен поради сомнение за кривично дело создавање злосторничка организација и четири кривични дела злоупотреба на службената положба, останува во притвор што му е одреден поради опасност од бегство и ризик од можно влијание врз сведоците. „Вонсудскиот совет на Вишиот суд во Подгорица ја […]

Лајчак: Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата


 Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека во Белград имал средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. „Имавме отворен и искрен разговор за политичко решение кое ќе ги намали тензиите и ќе овозможи отстранување на барикадите. Вучиќ ја разбира сериозноста на ситуацијата“, […]

Две лица загинаа во снежното невреме што ги зафати централните делови на САД


 Две лица загинаа во невремето проследено со снежни виулици и урагански ветрови што го зафатија централниот дел на САД. Мајка и син загинале во шумската област Китвил, во централниот дел на сојузната држава Луизијана. Според полицијата, момчето било пронајдено една милја од неговиот дом во областа Китвил, додека неговата мајка исто така била пронајдена мртва […]

Ѓоковиќ: Браво, Меси и Аргентина, но честитки и за Хрватска за одличниот турнир


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман. Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина“. Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за […]

Прогласени десетте победнички во изборот „Жена на годината 2022“


  Во „Музеј на македонската борба“ денеска беа избрани десетте жени – победнички во изборот „Жена на годината 2022“. Слаѓана Вујошевиќ е избрана за жена на годината, Виолета Томовска е избрана за жена со трајни вредности, жена менаџерка на годината e Билјана Караманолевска, жена млада менаџерка на годината  Светлана Кордумова, жена со најголеми достигнувања во […]

Европскиот парламент планира да ја прекине работата со Катар поради истрагата за корупција


 Европскиот парламент утре треба да гласа за тоа дали да  прекине каква било работа со Катар, откако сега поранешната потпретседателка Ева Каили беше уапсена поради обвиненија за корупција, јави ДПА. „Европскиот парламент … ја суспендира целата своја работа на законодавните досиеја во врска со Катар, особено во врска со визната либерализација и планираните посети, додека […]

Катар ги запре летовите кои требаше да пренесат навивачи на Мароко за мечот со Франција


  Стотици марокански фудбалски навивачи останаа уништени бидејќи откажувањата на летовите во последен момент се чини дека ќе ги спречат да патуваат во Катар за полуфиналето на Светското првенство во среда вечер. Националната авиокомпанија на Мароко – Royal Air Maroc – планираше да изврши седум дополнителни летови пред натпреварот. Одлуката ја донесе откако ФА на […]

Земјотрес од 4,3 степени во близна на грчкиот остров Евија


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, беше регистриран попладнево во морскиот дел источно од островот Евија онаму каде што пред 15 дена беше регистриран силниот земјотрес од 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките сеизмолози, станува збор за последователни земјотреси по оној од 29 ноември и е нешто што е […]

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на затворска казна


  Турскиот суд денеска го осуди градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, на повеќе од две години затвор и му забрани политичко дејствување поради навреда на јавни службеници. Одбраната на Имамоглу ќе поднесе жалба на пресудата, донесена на само шест месеци пред претседателските и парламентарните избори. Имамоглу беше потенцијално силен ривал на турскиот претседател Реџеп Таип […]

Претрес во партијата на францускиот претседател Макрон


  Француската полиција изврши претрес во седиштето на партијата Препород на претседателот Емануел Макрон, како дел од истрагата за финансирањето на изборните кампањи во 2017 и 2022 година. Истрагата за финансирање на кампањата премина во оперативна фаза, а француската жандармерија влезе во седиштето на партијата на Макрон, како и во просториите на консултантската фирма „Мекинси“ […]