Приведени двајца изнудувачи од Скопско


 Во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје синоќа во 18.30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од скопското село Елово и Р.А.(34) од Скопје. Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека на 21 декември од 41-годишно […]

Бугарското МНР ја повика руската амбасадорка во Софија да понуди објаснување за случајот Грозев


Амбасадорката на Русија во Бугарија, Елеонора Митрофанова, ќе биде повикана на разговор во Министерството за надворешни работи поради потерницата на Москва за бугарскиот истражувачки новинар од веб-страницата „Белингкет“ Христо Грозев, соопшти прес-центарот на Министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарското Министерство, ова е во врска со најавената федерална потерница по бугарскиот […]

Косовските власти го затворија главниот граничен премин „Мердаре“


Косово денеска го затвори својот најголем граничен премин, откако патниот правец беше блокиран од демонстранти од српска страна на границата, во знак на поддршка на сонародниците во Косово кои протестираат веќе неколку седмици. Во моментов отворени за сообраќај се три од шесте премини кон Србија. Демонстранти од вчера со камиони и трактори го блокираа магистралниот […]

Објавен е датумот на погребот на Масимо Савиќ


На 61 година, по кратко и тешко боледување, не напушти големиот уметник и почитуван музичар Масимо Савиќ. Како што потврдија од неговата дискографска куќа, комеморацијата ќе се одржи во петок на 30 декември 2022 година во Хрватскиот народен театар во 11 часот. Во фоајето на Хрватскиот народен театар ќе има и Спомен книга во која […]

РСБСП: Не управувајте возило под дејство на алкохол за време на новогодишните празници


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни за време на новогодишните празници, да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот и да не управуваат возило под дејство на алкохол. – Возењето под дејство на алкохол е опасно и може да предизвика материјална штета, но и […]

Со новиот Закон за финансиски друштва, не секој ќе може да дава кредит


Поголема заштита на граѓаните, кои користат услуги на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва се дел од целите на измените на Законот за финансиските друштва, што ги предложи Министерството за финансии, а ги усвои Владата на последната седница. Со измените на Законот за финансиските друштва во насока на заштита на потрошувачите, кои […]

Втора едиција на „Златна Олимпија“ на МОК


Втората едиција на „Златна Олимпија“, настан во организација на Македонскиот олимписки комитет со кој се наградуваат и слават успесите на жените во спортот, ќе се одржи вечерва во Скопје. Од МОК информираат дека статуетките „Златна Олимпија“, придружени со четири плакети, оваа година ќе појдат во рацете на 12 жени и девојки. Ова е втора „Златна […]

(Видео) Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши


Проследете ја прес-конференцијата на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши. Тема на прес-конференцијата се исплатите за државна помош за 2022 година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.  

Студентите да продолжат да ги користат билетите за бесплатен превоз, ако сакаат бесплатно да се возат и следната година


Ги потсетуваме корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2023 година, доколку сакаат да користат бесплатно јавен превоз и во текот на наредната година. Продолжувањето/заверувањето на билетот се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот […]

Кумановци ќе користат бесплатен јавен превоз наредните шест месеци


Кумановци ќе имаат бесплатен превоз наредните шест месеци, донесоа одлука советниците на последната седница. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска информираше дека Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци, со тенденција да продолжи и во иднина. – Со оваа одлука, […]

Граѓаните бараат стабилен правосуден систем, за враќање на довербата, освен реформи и заложби, неопходни конкретни мерки


За угледот на судството и за довербата на јавноста најважни се независноста, интегритетот на судиите, ефикасноста во постапувањето и транспарентноста, додека граѓаните имаат потреба од стабилен правосуден систем – што се одразува преку видливо, ефикасно и праведно правораздавање. Граѓаните имаат право на ефикасно судство бидејќи пресудите се донесуваат во нивно име, а јавноста треба да […]

МВР со 100-отсто реализација на буџетот


Министерството за внатрешни работи заклучно со 27 декември има 100 проценти реализација на буџетот. Поточно од обезбедениот буџет за 2022 година во износ од 10,30 милијарди денари, досега се искористени 10,29 милијарди, односно точно 99,92 проценти, информираа денеска од МВР. – Или поединечно во конта, процентот на реализација на конто 40 изнесува 99,97 проценти, за […]

Првпат од 1991 година објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик


За првпат од 1991 година е објавена книга со превод на македонска поезија за деца на словенечки јазик. Деновиве, во Љубљана излезе од печат двојазичната книга „Смешна случка во зоолошка градина – Smešnica v živalskem vrtu“ со песни од македонски автори, со која преку креативни работилници, македонската литература за деца ќе биде присутна во градинките […]

Благоја Варошанец од МСУ избран за претседател на МНК ИКОМ


На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), […]

Град Скопје го донесе Буџетот за 2023 година – предвидена и изградбата на Луна паркот


Град Скопје го донесе буџетот за 2023 година. За него вчера расправаа советниците во Град Скопје, а беа поднесени и поголем број амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. – Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста […]

ОН: Бројот на убиени цивили во Украина е над 6.884, од кои 429 се деца


САД– Високиот комесаријат за човекови права при Обединетите нации (ОХЦХР) објави дека досега во Украина загинале 6.884 цивили, меѓу кои 429 деца. Податоците се однесуваат на потврдениот број на смртни случаи помеѓу 24 февруари 2022 година и 26 декември 2022 година. Сепак, ОН наведуваат дека реалната бројка веројатно ќе биде многу поголема, бидејќи информациите од […]

Тепачки како божиќен обичај во Перу


Стотици жители на околијата Чумбивилкас во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во традиционалните тепачки. Цел е луѓето физички да се пресметаат и да ги решат меѓусебните судири пред да заврши годината. Стотици жители на овој округ во областа Куско во Перу се собраа на Божиќ за да учествуваат во овој свој обичај. […]

Дончиќ стана првиот играч во историјата на НБА со постигнати 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар


Кошаркарот на Далас Mаверикс, Лука Дончиќ, постави рекорд во НБА. Словенецот ноќеска на натпреварот против Њујорк стана првиот играч во историјата на лигата со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции на еден натпревар. Пред него, никој во лигата не успеа да постигне 60 поени, 20 скока и 10 асистенции на еден натпревар. Дваесет и […]

Бајден: Авиокомпаниите треба да се сметаат за одговорни за откажувањето на летовите во САД


Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни. „Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност“, напиша Бајден на Твитер. Бајден ги […]

Севернокорејскиот лидер ги постави новите воени цели


 Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ги откри новите воени цели за 2023 година, објавија државните медиуми навестувајќи уште една година на интензивни тестирања на оружје и тензии. На вториот ден од Шестата проширена пленарна седница на 8-от Централен комитет на партијата, Ким зборуваше за „новосоздадената предизвикувачка ситуација“ на Корејскиот Полуостров и за состојбите на пошироката политичка сцена. […]