Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“


Градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес (7.12.2022), изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на булеварот „Никола Карев“. При надзорот, констатирано е дека се работи за непознат инвеститор и се гради објект за кој нема издадено одобрение за градба од страна на општината. Градежниот инспектор по увидот и затворањето на […]

ЛДП бара повеќе ефикасни и објективни истраги за корупцијата


  Амбасадорката на САД Анџела Агелер има искуство со Македонија и веројатно гледа дека правосудниот систем сѐ уште не е променет и покрај бројните забелешки. ЛДП нема да дозволи неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници, кои се богателе на грбот на државата и граѓаните. Секоја одговорност мора да има име и презиме, вели […]

МОН објави конкурс за автори за изработка на учебници за трето одделение за учебната 2023-2024


Министерството за образование и наука соопшти дека продолжува процесот на изработка на нови учебници и наставни материјали за учениците од основното образование, кое се реформира согласно среднорочен акциски план на МОН и другите надлежни институции и засегнати страни. – Објавен повик за автори за поднесување предлог учебници за наставните предмети во трето одделение за учебната […]

Бензините поевтинуваат, цените на дизелот остануваат исти


Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за 2,00 денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за […]

Соломон Паси понудил експертска поддршка за преговорите со ЕУ на средба со Грковска


    Во рамките на Конференцијата на високо ниво на тема „Перспективите на Балканот и Црното Море 2022“ во организација на НАТО, НАТО Фондацијата за одбрана, како и италијанското Министерство за надворешни работи, што се одржува во Рим,  вицепремиеркат за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше средба со Соломон Паси, претседател на Атланскиот клуб на […]

Пендаровски во посета на Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО


Белгија – Претседателот Стево Пендаровски денеска во Монс, Белгија, ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, каде што имаше средба со врховниот командант, генерал Кристофер Каволи. На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на командата и зајакнувањето и прилагодувањето на силите по почетокот на руската воена инвазија на Украина, во […]

Принцот, судијата, Граѓаните на Рајхот и обидот за пуч во Германија


  Тоа е најголемиот удар досега врз сцената на таканаречените Граѓани на Рајхот: рано наутро во средата, федералните и покраинските безбедносни власти во Германија презедоа акција против осомничените членови на групата за која се вели дека планирала насилно рушење на политичкиот систем во државата. За време на рацијата, специјалните единици претресоа повеќе од 130 имоти […]

(Видео) Скопско во партнерство со МЖСП и Пакомак за екологија и рециклирање


Прес-конференцијата на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, генералниот директор на Пивара Скопје Горан Сладиќ и извршниот директор на Пакомак Филип Ивановски, на која ќе биде претсавена новата општествено одговорна платформа на Скопско.

Лазаров: Договорот за струја со Бугарија се финализира, од јануари зголемен проток на природен гас


Договорот за електрична енергија со Бугарија се финализира и се очекува во најскоро време да се реализира, а од јануари преку интерконекторот во Жидилово ќе има и зголемен проток на природен гас кој ќе доаѓа од Азербејџан или од Александопулос, изјави денеска претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кире Лазаров. Во изјава за медиумите, Лазаров рече […]

Спасовски: И денешните дојави за бомби се класичен пример за хибридна закана


 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во НБРСМ според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас. – Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат […]

Решете се од главоболката без лекови, направете супер напиток: Рецепт од три состојки кои ја ублажуваат мигрената


Доколку ве боли глава, можете да ги искористите лековитите дарови кои ви ги нуди природата. Најчесто кога имаме главоболка посегнуваме по лекот, сакаме тоа чувство на болка и непријатност да помине што побрзо за да функционираме. Сите кои се соочуваат со мигрена или повремена главоболка знаат колку тоа чувство може да биде непријатно, па затоа […]

Женската и машката пот мирисаат различно! Кој мирис е афродизијак за спротивниот пол


Научниците открија дека жените мирисаат на кромид или грејпфрут, а мажите на сирење! Секој човек има различен мирис на телото и може да каже многу за нас. Почнувајќи од тоа колку се грижиме за личната хигиена, па сѐ до потенцијалните болести. Одредени мириси дури може да укажат на тоа дека страдаме од здравствена состојба. Меѓутоа, […]

Не пропуштајте ја последната полна Месечина за годинава


Полната декемвриска Месечина, којашто го носи и прекарот Студена, ќе биде видлива утре рано наутро, иако веќе денес ќе изгледа светла и полна на небото над нас. Набљудувачите од Северна Америка и Европа ќе можат да ја видат како ја замаглува Црвената планета во еден момент, феномен познат како окултација меѓу ентузијастите на астрономијата. И […]

Блаже Конески – нулта точка меѓу пред и потоа


На денот кога пред 29 години се упокои Блаже Конески, објавен е текст на унгарската книжевна преведувачка, Анамарија Цинеге-Панзова, учесничка на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Во текстот што го споделува МСМЈЛК, има важни согледби и размисли поттикнати од […]

Курти: Бандите диригирани од Вучиќ ги интензивираа нападите во северно Косово


 Косовскиот премиер, Албин Курти ги осуди вчерашните напади со експлозивни средства во северно Косово, за што ги обвини криминалните структури во таа област, за кои вели дека се „платени од Србија и диригирани од нејзиниот претседател“, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти преку неговата страница на Фејсбук порача дека, поради вчерашните напади […]

Белорусија прераспоредува воена опрема и сили


Во Белорусија денеска и утре се одржува антитерористичка вежба при што ќе бидат прераспоредени воена опрема и сили. Воената вежба се одвива во време кога се стравува дека Русија може да изврши нови напади врз Украина од територијата на својата сојузничка, Белорусија. Белорусија соопшти дека нема да војува во соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко […]

Паѓа вредноста на европските технолошките компании – збришани над 400 милијарди долари


Повеќе од 400 милијарди долари од вредноста на европската технолошка индустрија се збришани оваа година, според лондонската компанија за ризичен капитал Атомико. Вкупната вредност на сите јавни и приватни европски технолошки фирми падна на 2,7 билиони долари од 3,1 билиони долари на крајот на 2021 година, објави Атомико во својот годишен извештај „Состојбата на европската […]

Османи: Го поздравуваме засилениот ангажман на САД за борба против корупцијата


  Го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како функцонер кој доаѓа од ДУИ, рече дека неговата партија е подготвена да предложи закон за ветинг и да биде носител на тој процес. -Јас имав […]

Изјавите на Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, тврди Милков


  Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача денеска од Скопје шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, кој учествува на македонско-бугарскиот бизнис форум. – Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада […]