Хрватска во ист ден влегува во Шенген и во еврозоната: Пленковиќ се заблагодари за поддршката


Хрваткиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа им се заблагодари на сите членки на ЕУ за едногласната поддршка за влезот на Хрватска во Шенген зоната во „годината на испорачување“ во која владата ги постигна сите поставени цели за доброто на граѓаните. На прес-конференцијата по средбата во Брисел на која Хрватска беше потврдена како 27-ма членка на Шенген […]

БСП и „Демократска Бугарија” одбија да му дадат подршка на Габровски, кандидатот за премиер од ГЕРБ


  Бугарската социјалистичка партија и „Демократска Бугарија“ одбија да го поддржат кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски, по првите три средби одржани во Народното собрание, јави дописникот на МИА од Софија. Според Габровски, неопходна е промена на тонот во политичкиот говор за време на разговорите со „Демократска Бугарија“, БСП и „Бугарски подем“ на Стефан […]

Конгресот на САД изгласа закон за заштита на истополовите бракови 


  По потврдното гласање во Сенатот, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го изгласа Законот за сојузна заштита на истополовите и меѓуверските бракови.  Законот сега оди на работната маса на претседателот Џо Бајден, демократ, кој кажа дека со задоволство ќе го потпише. Законот беше усвоен со 258 гласа „за“, од кои 39 беа републикански, и […]

Меѓународен ден за борба против корупција


  По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември, Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска на брифинг за новинари ќе информира за актуелните процеси поврзани со унапредувањето на работата на ДКСК кон остварувањето на поставените стратешки цели, како и за актуелните прашања и случаи од надлежност на комисијата за кои има […]

Во Италија во октомври 105 малолетници Албанци без придружба побарале засолниште


  Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања,  само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.   Албанските малолетници  се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.   Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава […]

Променливо облачно и ветровито


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени. Во Скопје значително облачно, претпладне со услови за појава на […]

Е-инспектор за елиминација на коруптивни намери и дела


Елиминација на човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциите, намалена корупција, помалку инспекциски надзори и контроли, скратено време на инспекциските постапки, зголемена правна сигурност за субјектите на надзор. Тоа треба да се овозможи со Е-инспектор, електронски систем за дигитализација и автоматизација на инспекциската постапка и надзор преку кој треба да се поврзат 28 инспекциски служби. […]

Косовската полиција влезе во Северна Митровица, Србија ќе го разгледа враќањето на безбедносните сили на Косово


Околу 300 до 350 припадници на косовската полиција, вклучително и припадници на специјалните единици со долги цевки под целосна воена опрема и со оклопни возила, вечерва влегле од Јужна во Северна Митровица, и се распоредиле низ градот, изјави Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Петар Петковиќ, реагирајќи на вонредна прес-конференција пред полноќ, и најави […]

Нападната косовската полиција во Звечане, повреден полицаец


Припадник на косовската полиција е ранет во синоќешниот вооружен напад врз полициска патрола во селото Србовац, во општина Звечане, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на косовското МВР, полициската патрола била нападната од лица вооружени со долги пушки од возило „ауди“ со регистерски таблички КМ – Косовска Митровица, со какви […]

САД воведуваат санкции за целото руско злато


  Американските законодавци одлучија да ја ограничат способноста на Русија да врши прекугранични трансакции со злато колку што е можно повеќе. Предлог-законот, кој речиси сигурно ќе биде усвоен наскоро, предвидува дури и казнување на странците кои се вклучени во трансакции со злато, каде што договорна страна е Русија или нејзини претставници. Како резултат на тоа, […]

Во деветтиот пакет санкции на ЕУ за Русија погоден е воениот комплекс


  Европската унија планира да ги заостри санкциите за рускиот воен и индустриски комплекс, медиумите кои се про-Кремљ и руските националистички групи кои се борат во Украина, покажуваат објавените документи. Деветтиот сет на рестриктивни мерки на ЕУ за Русија од февруарската инвазија на Украина се обидува да ги затвори празнините во претходните рунди, со дополнителни […]

Новиот израелски министер за финансии ќе ја раководи економијата според религиските заповеди


  Новиот израелски министер за финансии, кој допрва треба да ја преземе функцијата, најави дека неговата економска стратегија ќе се заснова на религиозни верувања кои произлегуваат од Тора, што ќе ѝ помогне на земјата да напредува, објави Ројтерс. Безалел Смотрич, лидер на екстремно десничарската партија Религиозен ционизам, посочи дека како министер за финансии ќе ја […]

Зошто враќањето на Виктор Боут во Русија е толку важно за Владимир Путин?


  Тоа е најнерамномерната размена во најневеројатните моменти, но можеби силниот притисок во овој момент е причината зошто размената на американска кошаркарска ѕвезда за руски трговец со оружје заврши сега. На површина, Бритни Грајнер и Виктор Боут се обвинети за смешно различни злосторства. Грајнер беше осудена на руска казнена колонија за поседување на еден грам […]

Приведен скопјанец, осуден на 15 години казна затвор


Полициски службеници попладнево уапсиле скопјанец осуден на 15 години казна затвор, кој бил баран по централна потерница. -Денеска во 17:20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Л.(31) од Скопје. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член […]

По половина век производство: Последниот Боинг 747 ја напушти фабриката


  По повеќе од половина век, последниот Боинг 747 ја напушти фабриката во државата Вашингтон во вторникот. Џамбо џетот 747 презеде многу улоги – товарен авион, комерцијален авион кој може да превезува речиси 500 патници и претседателски авион Air Force One – откако дебитираше во 1969 година. Тоа беше најголемиот комерцијален авион во светот и […]

По многу години, се роди прле во скопската Зоолошка


Во скопската Зоолошка градина повторно имаме бејби бум или поголем број принови. Најновата вест е дека во зоолошката, по многу години, се роди женско прле. Убавата вест од Зоолшката ја објавија со фотографија од магарицата и нејзиното прле.  

Сообраќајот по влажни коловози, врнежи од снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има на Стража, Маврово, Струга, Македонски Брод и Пресека, а од слаб снег само на Попова Шапка, информира АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. […]

Во оптек пуштени монети со ликот на кралот Чарлс III


Во оптек се пуштени монети од 50 пени, со ликот на кралот Чарлс III. Портретот на кралот Чарлс III првично ќе биде прикажан на монетите од 50 пени, додека на другата страна ќе и се оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Во текот на декември, вкупно 4,9 милиони монети од 50 пени ќе […]

Прв пат во Германија: Сите жители во 11 часот добија исто предупредување на мобилен


  Во рамки на националниот ден на предупредување во Германија денеска точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија предупредување на своите мобилни телефони. Станува збор за тестирање на уредот за предупредување во случај на катастрофи. Жителите на Германија во иднина би требало да бидат известувани за опасни ситуации со помош на уреди […]

Кривична пријава против косовска државјанка за фалсификување исправа


СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(19) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Д.К. на втори месецов се пријавила на излез од Република Северна Македонија и од извршените проверки било утврдено дека поседува фалсификувана италијанска лична карта и италијанска здравствена легитимација, за кои изјавила дека ги набавила од […]