Во Мексико вооружени напаѓачи упаднаа во Градско собрание и убија 18 луѓе
Вооружени напаѓачи вчера упаднаа во Градското собрание на Сан Мигел Тотолапан и отворија оган, при што загинаа 18 луѓе, а двајца се повредени, соопшти мексиканската полиција. Меѓу жртвите се и градоначалникот Конрадо Мендоза и неговиот татко, поранешен градоначалник. Сан Мигел Тотолапан се наоѓа во регионот Тиера Калиенте, западно Мексико каде наркокартелите се борат за превласт. […]