Делегација на Уставниот суд на регионална конференција во Белград


Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”. На настанот, како што информираат од Судот, била потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита […]

Денови на македонскиот мед


 На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед. Манифестацијата се одржува 18. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат и да купат различни видови мед и други пчелни производи од македонски пчелари, а ќе можат да добијат и […]

Пауел: Можна е рецесија


  Агресивното заострување на монетарната политика може да ја турне економијата во подлабока рецесија. Технички, американската економија веќе западна во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали паѓа на квартална основа, но засега оваа рецесија е „плитка“. Претседателот на ФЕД Џером Пауел отворено го призна ова. „Никој не знае дали овој процес ќе доведе […]

Голем пад на Истанбулската берза, се очекува ново намалување на каматите


  Турските инвеститори се подготвуваат за уште едно потенцијално намалување на каматните стапки – или едноставно задржување на сегашната стапка – бидејќи Турција одбива да ја следи економската ортодоксност во борбата против зголемената инфлација, која сега изнесува повеќе од 80 отсто. Или навистина, инвеститори кои сè уште можат да се справат со нестабилноста на турскиот […]

Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе


 Утрово на Попова Шапка и во Лазарополе е измерена најниска температура од -1 степен. Следат Берово со 0 степени, 1 Маврови Анови, Крива Паланка, 2 Крушево, 3 Штип, Битола, Претор, 4 Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар, 5 Демир Капија, 6 Тетово, 8 Куманово, 9 Скопје-Петровец, Дојран, 10 Скопје-Зајчев Рид, 11 Гевгелија. Според УХМР, денеска времето […]

Московската берза го запира тргувањето со британската фунта


Московската берза објави дека тргувањето со британската фунта на девизниот пазар ќе биде прекинато од 3 октомври. Во соопштението на Московската берза (MOEX) се наведува дека тргувањето со фунтата на девизниот пазар вклучува различни опасности и тешкотии. Се прецизира и дека поради овие причини МОЕКС одлучил од 3 октомври да го прекине тргувањето со британските […]

Петте клучни пораки од обраќањето на Путин кои го шокираа светот


    Рускиот претседател Владимир Путин во своето телевизиско обраќање објави низа нови информации за војната во Украина, но ја искористи приликата и да напомене дека Западот има за цел да ја уништи неговата земја. Тој изјави и дека е неопходно да се донесе итна одлука за заштита на луѓето во „ослободените земји“. Ова се […]

Поради недостиг на CO2 загрозено производството на пиво


Војната во Украина предизвика различни нарушувања на пазарот, а едно од нив се однесува на недостигот на јаглерод диоксид, што моќе да се одрази на производството на пиво и минерална вода. Поради недостиг на CO2 дури и познатиот производител „Санпелегрино“ во северна Италија неодамна го сопре производството на минерална вода и сода на два дена. […]

Османи – Ескобар: Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД дава резултати


 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан при што се осврнале и на стратешкиот дијалог. Како што соопшти МНР, соговорниците изразија задоволство што Стратешкиот […]

Лиз Трас го критикува Путин во својот прв говор во ОН


  Британската премиерка Лиз Трас го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „заканувачко тропање со оружје“ за да ја прикрие неговата неуспешна инвазија врз Украина и им кажа на Обединетите нации дека нивните основни принципи се прекршени поради агресија на авторитарни држави. Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Трас ја нарече војната […]

Самостојна изложба на Јана Луловска „Natura in Vita/Vita in Natura“


  Самостојна изложба на Јана Луловска со наслов Natura in Vita/Vita in Natura ќе биде отворена денеска во Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата се состои од фотографски документарни архиви од животот и работата на село, широкоаголна пејзажна фотографија (сите фотографии трансферирани, во зависност од циклусот, со експериментални методологии на разновидни основи, со цел […]

Зеленски во ОН побара да се казни Русија


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешниот говор пред Генералното собрание на ОН побара „праведна казна“ за Русија поради злосторството што го направи против неговата земја. Зеленски е единствениот државник кому Генералното собрание му дозволи да зборува преку видео врска. Војната во Украина доминира во говорите во ОН на седницата што се одржува речиси седум […]

Концерт „Трансцеденција за 4 пијана“ во Филхармонија


  Концерт насловен „Трансцеденција за 4 пијана“ во изведба на пијанистките Дуња Иванова, Јанинка Невчева, Ива Дамјановски и Маријана Николовска ќе се одржи вечер во Филхармонија. – Проектот „Трансценденција за 4 пијана“ претставува фузија на модерниот и класичниот звук. Преплетувањето на минимализмот со повторувачкиот манир кој создава амбиент на електроника и повторното враќање кон корените […]

Украина објави размена на 215 воени заробеници со Русија


  Украина ноќеска објави размена на 215 воени заробеници со Русија, вклучително и лидерите на одбраната во челичарницата Азовстал во Мариупол, симбол на отпорот на руската инвазија, пренесе Бета. – Успеавме да ослободиме 215 луѓе во најголемата размена на затвореници од почетокот на руската инвазија во февруари, изјави шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андреј […]

Промоција на 22 романи од академик Божин Павловски


Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска денеска во Скопје ќе ја промовираат колекцијата од дваесет и два романи од академик Божин Павловски. Со овој издавачки потфат се одбележуваат два јубилеи на авторот: 80 години од раѓањето и 60 години плодно творештво. Романите на овој познат македонски писател се преведени на: англиски, француски, […]

Борел: ЕУ размислува за нови санкции против Русија


Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, доцна синоќа во Њујорк изјави дека ЕУ размислува за нови санкции против Русија по „ескалацијата“ што ја најави Москва. Борел ова го изјави по неформалниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Њујорк, одржан на маргините на генералната дебата […]

Почнува шестото издание на Медиумскиот фестивал Скопје


  Шестото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, посветено на медиумскиот третман на животната средина, ќе се одржи од денеска до сабота во Кинотеката, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Фестивалот се отвора со дискусија за покриеноста на прашањата врзани со животната средина и климатските промени во македонските медиуми, по што […]

Меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“


Седумнаесеттата годишна меѓународна конференција за нови идеи на тема „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза“ ќе се одржи денеска во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со УНХЦР во Северна Македонија. Настанот ќе се одржи во Министерството за надворешни работи. На отворањето на конференцијата, како што соопшти УАКС, свое обраќање ќе […]

Меѓународниот салон на стрип „Велес 2022“ по 19. пат, почнува и стрип колонија


Во организација на Стрип центар на Македонија – Велес под покровителство на Општината, од денеска Велес ќе биде центар на стрип културата, каде што ќе бидат изложени сите пристигнати дела на објавениот меѓународен конкурс. Свеченото отворање на 19-от Меѓународен салон на стрип „Велес 2022“ е закажано за вечер во 20 часот во Ликовнит салон во […]

Научно-стручна дебата за јавната и приватната безбедност


Научно-стручна дебата на тема „Јавната и приватната безбедност-преку координација и соработка до заедничка превензија на безбедносните ризици и закани“ ќе се одржи денеска на Филозофскиот факултет во Скопје во коорганизација со Комората за приватно обезбедување. Како што најави Филозофскиот факултет, дебатата ќе ја отвори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое обраќање ќе имаат […]