Цените на памукот растат, еве зошто


  Цените на памукот во последно време растат, а причината се екстремните временски услови. Годинава цените достигнаа највисоко ниво од 2011 година, односно околу триесет проценти повеќе од почетокот на 2022 година. Во Индија, еден од најголемите светски производители, обилните дождови и штетниците толку многу го намалија родот на памукот што земјата е принудена да […]

Кинески град го намалува работното време на трговските центри заради штедење струја


Кинескиот град Чонгкинг од денеска воведе скратено работното време на трговските центри поради „вонредната ситуација“ во снабдувањето со електрична енергија, предизвикана од актуелниот топлотен бран, соопшти администрацијата на градот со над 31 милион жители. Овие мерки значат дека неколку десетици трговски центри во градот мора да се прилагодат на работното време од 16:00 до 21:00 […]

Најавен мјузикл за британскиот принц Ендрју


Принцот Ендрју ќе биде средишниот лик во сатиричен телевизиски мјузикл на британскиот Канал 4. Вториот син на кралицата Елизабета Втора се повлече од кралските должности по компромитирачкото интервју од ноември 2019 година, во коешто тој говореше за неговите врски со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин во специјална емисија на Би-би-си. Според Канал 4, интервјуто е […]

На „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. На ГП „Табановце“ се чека околу 60 минути за излез и влез во државата, а на ГП „Богородица“ се чека околу 30 до 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти […]

Млади ќе учат како се креира „AR“ филтер на Инстаграм


Млади од 16 до 20 години денеска во МКЦ Џебно кино ќе имаат можност да научат како се креира и објавува АR филтер на Инстаграм. Целта на работилницата, како што информираат од „Здраво млади“, е да се истражи потенцијалот на Аугментираната Реалност како медиум за креативно изразување, раскажување приказни и пренесување/амплифицирање на пораки. Низ практични […]

На јубилејниот десетти „Пелистер Даунхил Куп“ прв пат учествуваа и жени велосипедистки


На падините на планината Баба, на патеката од Копанки до Детското одморалиште, викендов се одржаа финалните трки на десеттиот по ред „Пелистер Даунхил Куп“. Годинава е регистриран рекорден број учесници и се натпреваруваа 84 домашни и странски „бајкери“-велосипедисти кои викендов престојуваа на Пелистер. Велосипедистите кои возат во ридско-планински услови, се натпреваруваа во шест категории, а прв пат имаше […]

Анкета: околу две третини од Германците се незадоволни од канцеларот Шолц


Околу две третини од Германците се незадоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, што е најмногу од почетокот на мандатот, покажува истражување. Дури 62 отсто од испитаниците во истражувањето на маркетинг агенцијата Инса за неделното издание на високотиражниот весник „Билд“ му дале негативна оценка на Шолц. Во март 46 отсто изразиле незадоволство […]

Прелети на воени воздухоплови Б52 над Скопје


Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка денеска во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52. Прелетите на воздухопловите, како што информираа од Министерството за одбрана, ќе го демонстрираат силното сојузништво на НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија. -Со цел […]

Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово


  Течат роковите за поднесување на приговори за изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови во Советот на Општина Тетово. Доколку има поднесено приговори, Државната изборна комисија би ги разгледала во вторник или среда, а објавувањето на конечните резултати ќе зависи од тоа како ќе се решат и дали ќе […]

Стопанската комора го актуелизира проблемот со цената на струјата и опстанокот на фирмите


Стопанската комора на Северна Македонија денеска на прес-конференција ќе се осврне на проблемот со цената на струјата од која зависи опстанокот на фирмите и работните места. На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати потпретседателот на Комората Зоран Јовановски. На средбата, што во јули се одржа меѓу Македонската енергетска асоцијација и претставници на Владата, […]

Јужна Кореја и САД ги започнаа најголемите вежби од 2017 година


Јужна Кореја и САД денеска ги започнаа најголемите заеднички воени вежби од 2017 година, објавија јужнокорејските власти. Годишните летни вежби треба да завршат на 1 септември, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги „нормализира“ заедничките вежби со САД и ќе го зајакне военото одвраќање против Северна Кореја. […]

Мартин Костовски од СДСМ го праша Апасиев „што чека“ по поразот на изборите


Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, на својот Фејсбук даде свој коментар на оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. -Зијадин Села си поднесе оставка од претседателското место во Алијанса за Албанците по вчерашниот резултат во Тетово. Апасиев покана ли чека за оставка, напиша пратеникот. Села даде оставка од претседателската функција , откако неговата […]

Која беше Дариа Дугина, девојката од две црни листи?


Дарија Дугина, ќерка на идеологот на Владимир Путин, која загина денеска од подметната бомба во семејниот џип близу Москва, не е непозната личност за светската јавност. Таа тргна по стапките на нејзиниот татко како коментатор кој ги комбинира  империјалистичките ставови со политичка филозофија исполнета со жаргон. Во четвртокот, два дена пред нејзината смрт во автомобил-бомба […]

Во Албанија под сомнение за шпионажа уапсени и четворица чешки државјани


По инцидентот во воениот објект во Грамш, кога беа уапсени двајца руски и еден украински државјанин, кај воен објект во Пулиќан, Берат, уапсени се чешки државјани, кои исто така се сомничат за шпионажа. Тие си приведени откако со оштетување на влезна врата влегле во објектот, шетале низ тунелите и фотографирале и снимале. Во официјалното соопштение […]

„Илинден”-Тирана бара преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро


Македонското друштво  „Илинден”-Тирана бара итна средба на претставници од албанската и македонската влада со цел преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро.   – Актуелната состојба со Преспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Тоа е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и […]

Дете повредено од струен удар на железничка станица Куманово


Дете од Куманово е повредено од струен удар на железничка станица во Куманово, потврдија од кумановската полиција. -Денеска во 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на Железничка станица во Куманово малолетно лице се здобило со повреди од струен удар. Увидот е се уште во тек, соопшти СВР Куманово.   Случајот го потврдија од […]

Девет години од Путиновиот геноцид во Сирија


Повеќе од 1.400 Сиријци, вклучително и 426 деца, беа задушени до смрт со нападот со гасот сарин во источна Гута на денешен ден пред девет години. Путин тогаш беше му помагаше на сирискиот диктатор Хафез ал Асад да преживее политички, а Сирија не беше толку во фокусот на западните земји за да реагираат на овој […]

Утре прелети на воени авиони Б52 над Скопје


Утре во 14:35 часот, воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 .Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија. Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста […]

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијансата


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села попладнево на прес-конференција си даде оставка по вчерашниот неуспех на изборите за советници во Советот на Општина Тетово. На прес-конференцијата во Тетово по денешниот состанок на Претседателството на партијата, Села најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател на партијата бидејќи, како што рече, според статутот на […]

Билт: Кога нешто е важно за Европа, САД го исполнуваат


„Држење говори во Брисел за „стратешка автономија“ и „глобална улога“ на ЕУ е една работа, но кога тоа навистина е важно за безбедноста на Европа, САД се тие што настапуваат. Срамно“, напиша на Твитер поранешниот шведски пемиер Карл Билт. За да го илустрира тоа, Билт објави табела со помошта што ја дале земјите за Украина […]