Германија реактивира уште една термоелектрана, опозицијата во Австрија спречи сличен план


За да заштеди гас, Германија враќа во употреба уште една термоелектрана на јаглен. Германската електрана треба да биде на мрежа од 27 август до крајот на април 2023 година. Се работи за термоелектраната Хајден во градот Петершаген во Северна Рајна – Вестфалија, близу границата со Долна Саксонија, соопшти операторот на електраната, енергетската компанија Унипер. Од […]

Во основните училишта годинава ќе има 220 образовни асистенти повеќе од лани


Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука. -Зголемувањето на бројот на образовни асистенти од 500 на 720 во споредба […]

Академиците од МАНУ на средба со Бесими: Даночната политика да обезбеди долгорочен раст и развој


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Министерството за финансии одржа состанок со академиците од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, на која фокусот беше ставен на Концептот на даночна реформа. „Унапредување и развој на државата нема да се постигне без науката. Затоа е клучно да се […]

Од Ковид-19 починаа шест лица, регистрирани и нови 381 позитивни од 1.131 тестирани


  Од 1.131 направен тест во изминатите 24 часа, има 381 нов случај на КОВИД-19. Од вкупниот број позитивни, 80 се реинфекции. Во изминатото деноноќие починале две лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ дополнително  се евидентирани четири починати со датум на смрт од 18 до 21 август. Според  […]

Дневницата за берење грозје 1.200 денари, договорија лозари и аргати во Сопот


Лозари и аргати во кавадаречкото село Сопот договорија дневницата за берење грозје од шест до 14 часот да изнесува 1.200 денари. Производителите на грозје, притоа, немаат обврска да обезбедуваат јадење за берачите. Според организаторите на заедничкиот состанок, ваков договор бил неопходен во врска со надницата на аргатите, за и двете страни да знаат како да […]

Советот на јавни обвинители ја отфрли жалбата на Русковска


  Советот на јавни обвинители на Македонија  едногласно одлучи жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска да се отфрли како неоснована. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, рече дека Советот со ова го потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција. Седницата на […]

(Галерија) Украина по шест месеци војна


  Шест месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди руски војници да влезат во соседна Украина, крвавата војна не покажува знаци дека наскоро ќе заврши. Илјадници украински цивили се убиени во инвазијата, според Канцеларијата за човекови права на ОН. Украинците кои одлучија да не бегаат од земјата се соочија со предизвици од недостиг на вода […]

Чешка планира да организира вонреден самит на ЕУ поради цените на струјата и на гасот


  Чешка која претседава со Европска унија, планира да организира вонреден самит на ЕУ, изјави денеска чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела. – Пазарот е надвор од контрола, флуктуациите на пазарните цени престануваат да реагираат на добри вести и се акумулираат само лоши вести, а тоа ги турка цените нагоре. Ова е проблем […]

Јолевски: Суспензијата на Рускоска нема да трае долго


Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски изјави дека врз основа на фактите и околностите, Советот одлучил дека, додека се води кривичната постапка за постапувањето при претресот во Управата за финансиска полиција и по предметот отворен по анонимната пријава, јавната обвинителка Вилма Русковска би требало да биде оддалечена од работа со цел да не […]

СВП заради невреме се дислоцира на Летната тераса на хотел „Дрим“


  Свеченото отворање на 61. издание на Струшките вечери на поезијата утревечер ќе се одржи на летната тераса во хотелот „Дрим“, најави денеска дирекцијата на фестивалот. Одлуката за промена на локацијата од платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, според информацијата на националата установа „Струшки вечери на поезијата“ е поради најавата за поројни дождови. – […]

Евростат: 72 отсто од македонските граѓани читаат вести онлајн


Седумдесет и два отсто од корисниците на интернет во Северна Македонија читаат вести онлајн, покажува истражувањето на Евростат. Од земјите во регионот, повеќе од македонските граѓани, вести на интернет читаат Грците (90 отсто), Црногорците (80) и Србите (77), а помалку Албанците (58 отсто). Во ЕУ, девет од десет луѓе на возраст меѓу 16 и 74 […]

Дизелот поскапува за три денари, цените на бензините остануваат исти


Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за три денари, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 89 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 91,50 денари, додека […]

Италијанска енергетска компанија откри значајно наоѓалиште на гас на Кипар


  Италијанската енергетска компанија „Ени“ откри важна и голема резерва на гас на околу 160 километри од брегот на Кипар. Тие рекоа дека прелиминарните проценки укажуваат на приближно 2,5 TCF (трилиони кубни стапки) гас, со значителен дополнителен потенцијал што треба да се процени со дополнителни истражни бунари. Дупчењето доведе до голем гасен столб во низа […]

Како Ричард Бартон во своите „Дневници“ ја опиша средбата со Тито


  Прославениот британски актер Ричард Бартон во своите дневнички записи го забележал патувањето во Југославија во 1971 година и средбата со Тито на Бриони како подготовка за снимањето на филмот „Битка на Сутјеска“. Бартон на ова патување беше со неговата сопруга, легендарната актерка Елизабет Тејлор. Во филмот, кој беше завршен во 1973 година, Бартон го […]

Левица: Стевчо Јакимовски решава дали некоја седница постои или не


Претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов  од  Левица реагираше денес на одбивањето на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ја прифати одлуката за  стопирање на изградбата на 28-катницата во близина на клиниката „Жан Митрев“, третирајќи на седницата на која е донесена – за непостоечка.  -Одлуката го задолжува градоначалникот и општината да запре со издавање дозволи […]

Раст од 20,4 проценти во патничкиот патен превоз, најмногу во меѓународниот


  Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во вториот квартал годинава изнесува 11.467.000 и во однос на истиот период лани е зголемен за 20,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 10,8 проценти, во приградскиот превоз за 29,4 […]

 Бугарија издржа само четири месеци без Русија


Очекуваното стана неизбежно. По кратка мимикрија, преодната влада на Бугарија направи решителен пресврт кон Русија. Бугарија издржа само четири месеци како целосно независна земја. Петтата колона на Кремљ, поттикнувана со децении од руската енергетска валута, се врати во живот со државниот удар на 9 септември. При објавувањето на неизбежноста од купување на рускиот гас побарана […]

Комуналните претпријатија ќе ги променат цените на услугите ако не добијат помош од Владата


  Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територија на целата држава, денеска повторно упати апел за средба до Владата од која бара помош поради зголемените трошоци со поскапувањето на струјата. Доколку нема помош, најавуваат промени на цените на услугите. АДКОМ во соопштение денеска информираше дека од Владата […]

Пороен дожд и грмежи попладне и навечер денеска и во наредните денови


  Попладне денеска, во вечерните и ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, доцна попладне и во вечерните часови […]

Лукашенко ѝ го честиташе на Украина Денот на независноста


  Белорускиот претседател Александар Лукашенко, по малку изненадувачки, му го честиташе на украинскиот народ Денот на независноста. Белорусија е главниот сојузник на Русија во нејзината инвазија и им дозволи на руските трупи да влезат во Украина преку нејзината граница. „Убеден сум дека денешните несогласувања нема да можат да ги уништат вековните темели на искрени, добрососедски […]