Украина соопшти дека од почетокот на инвазијата се убиени 40.670 руски војници


Украина ги објави најновите податоци за бројот на загуби што Русија ги претрпела од почетокот на војната. Украинците тврдат дека загинале 40.670 руски војници, а уништени се 3.995 оклопни возила. Официјален Киев тврди дека се уништени и 190 руски хеликоптери, 1.759 тенкови и 222 авиони.

Кина спроведува воени вежби во близина на Тајван по најавата за посета на Ненси Пелоси на островот


Кина денеска соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија. Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ […]

Стоилковски: Милионски тендер, a повторно единствен понудувач фирма блиска на СДСМ


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави дека според информациите од Јавни набавки се добива впечаток дека во Македонија има само една градежна фирма којашто се интересира за расчистување на одрони по патиштата. „Вчера објавивме дека за одронот на автопатот Миладиновци – Штип, работата ја добива единствен понудувач, компанија блиска на СДСМ, битолски „Стентон“. Ова е […]

Демонстрантите во Багдад упаднаа во зградата на Парламентот


Стотици следбеници на влијателниот шиитски верски лидер Моктада ал-Садр денеска упаднаа во парламентот по вторпат оваа недела во знак на протест против напорите за формирање влада на проиранските партии. Ирачките безбедносни сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на парламентот користејќи солзавец и димни бомби. На протестот во зелената зона во Багдад каде се наоѓаат институциите има […]

Подарените тенкови на Украина се купени од Украина


ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, а појасни неколку работи за да, како што нагласуваат , не се создаваат непотребни забуни. -Под услов да се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги […]

Коцарев ќе има илинденско обраќање во Трново


Претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев на 2 август, на големиот христијански празник Свети Отец Пророк Илија – Илинден, ќе има илинденско обраќање во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, во потпелистерското село Трново. Инаку Коцарев вчера во интервју за 24 Вести негираше дека има амбиции да биде претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ  иако неговото […]

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници


Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници. – Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници, напиша Хочул на Твитер. Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, што исто така […]

БГНЕС: Властите во Скопје наредиле претрес во Центарот за култура „Иван Михаилов“


    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на  Македонија ќе изврши претрес во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, јави репортерот на БГНЕС.   Официјален допис за ова денеска беше доставен до претседателот на здружението Лупчо Георгиевски. Во писмото од Комисијата за антидискриминација за претстојниот претрес во него се вели дека на […]

Виц од ВМРО-ДПМНЕ: Со нив на власт ќе немало поскапување на струјата и гасот


ВМРО-ДПМНЕ и натаму тврди дека, ако тие се на власт, нема да има криза со струјата и со гасот и дека нема да има поскапување, иако цел свет тврди обратно. „Заради Ковачевски народот ќе плаќа поскапо парно и струја, над 1.000 денари повеќе секој месец за овие две давачки. Со одлука на РКЕ на Марко […]

Во Шпанија прв смртен случај од мајмунски сипаница во Европа


Министерството за здравство на Шпанија вчера го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници во земја, што е прв смртен случај во Европа и втор надвор од Африка. Претходно Бразил го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент. Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и […]

Бизнисот предупредува: Ако не им се помогне на компаниите за струјата, ќе нема кој да ја плаќа


По одржаната работна средба на Стопанската комора и Владата, предводена од заменик-претседателот на Комората и претседател на МЕА, Кочо Анѓушев и  министерот за економија,  Крешник Бектеши,   Анѓушев ги објави 5-те барања кои биле констатирани и подржани од сите членки на МЕА : 1.Имајќи предвид дека сите земји во Европа преземаат мерки поради тешката и неизвесна […]

На Табановце сега се чека 40 минути за влез


 На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата денес е околу 40 минути, а на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената […]

Само 0,03 отсто од возилата во Македонија не загадуваат


 Автомобилот е омилено превозно средство за над една третина од жителите во земјава. На патиштата низ државата има над 477 илјади автомобили со просечна старост од 19,3 години. Околу 57 проценти од нив возат на дизел, а само 0,03 се електрични. И додека улиците и тротоарите навидум се преполни од возила, сепак сме под просекот […]

Шкотска – европската „престолнина“ на умирања од дрога


ЕДИНБУРГ – Најмалку еднаш месечно, во просек, во малата шкотска област Фајф, на зависник од хероин или други дроги  му е ампутирана ногата – резултат на инјектирање на нелегална супстанција директно во препоните. „Препоните се многу тешко место за безбедно и чисто инјектирање“, објаснува Герет Балмер, кој раководи со  добротворната организација за зависност од дрога […]

Либан негира дека бродот што пристигнал во земјата превезувал товар со украдено жито


 Либански царински службеник го оспори претходното тврдење на украинската амбасада во Бејрут дека сирискиот брод Лаодикеја, кој неодамна пристигна во Либан, превезувал товар со украинско жито украдено од Русија. Висок царински службеник, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека царината го прегледала товарот и оти со него „се е во ред“ и дека документацијата на бродот […]

Земјата во жолта ковид зона, засега нема нови мерки


 Во земјава моментално се активни над пет илјади случаи со Ковид-19 и таа се наоѓа во жолта зона, а Комисијата за заразни болести засега не препорачува нови мерки. Според министерот за здравство Беким Сали, ако се земат предвид моменталните бројки во сите инфективни одделенија во државава и искуствата од минатото, ситуацијата со пандемијата во државава […]

Прв разговор на Блинкен и Лавров од почетокот на војната


  Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петокот на највисокиот познат контакт меѓу двете страни откако Русија ја нападна Украина, при што Блинкен ја повика Русија да го прифати договорот за ослободување на американските затвореници Бритни Грајнер и Пол Вилан. Руските официјални лица не дадоа […]

Милиони Американци во исчекување за добитното ливче на Мега милионс вредно над милијарда долари


 Кој ќе го добие џекпотот од над милијарда долари вечерва на извлекувањето на Мега милионс, најголемото лото во САД. Ова е главното прашање во Америка деновиве, откако во вторникот не беше продадено добитно ливче со сите шест погодоци вредно 830 милиони долари. Со тоа, можниот џекпот вечерва би чинел приближно 1.025 милијарди долари, трета по […]

Мајка во Германија ги фрлила своите две деца од балкон, а потоа и самата скокнала


Семејна трагедија се случила ноќеска во германскиот град Сарбрикен, откако мајка, од тераса на прв спрат, ги фрлила своите деца на возраст од една, односно три години, а потоа и самата скокнала во обид да изврши самоубиство. Тригодишното девојче им подлегнало на повредите во болница, нејзината едногодишна сестричка минала без посериозни повреди, додека нивната мајка […]

Ѝ рекол дека ако вложи пари во странска банка ќе добие награда од 1 милион долари


На 28.07.2022 во Полициската станица Кавадарци, 40-годишна жена од Кавадарци пријави дека во периодот од 2019 до 2022 година од едно лице била доведена во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од  милион долари, информираат од МВР Според пријавеното, таа му дала пари на рака, а потоа […]