Од Карл Орф до Гершвин – Охрид ќе го памети концертот на Стефан Миленковиќ


Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија синоќа на  Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот.  Публиката во исчекување на инструменталната верзија на „Кармина Бурана“  на музика од Карл Орф, ги доби за „музички […]

Остри осуди од ОН и ЕУ на руското ракетирање на Одеса


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш,  и повеќето западни земји денеска експресно го осудија ракетниот напад на Русија врз пристаништето Одеса, само еден ден откако беше потпишан договорот за деблокирање на извозот на украинското жито преку Црното Море. „Генералниот секретар недвосмислено ги осудува денешните ракетни напади врз украинското пристаниште Одеса. Вчера сите страни презедоа јасна […]

Селаковиќ: Отворивме конзулат во Охрид за да покажеме почит кон македонскиот народ и јазик


 Со отворањето на нашиот Конзулат во Охрид покажуваме почит кон македонскиот јазик и култура и кон братскиот македонски народ, изјави денеска во Охрид министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ. – Нема култура без јазик. Минатата година Македонија ја одбележа 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во знак на почитување кон тој голем јубилеј […]

Тупанчевски ќе го спречува „затворскиот туризам“


Министерот за правда, Никола Тупанчески, во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека во неговиот ресор се размислува за законски измени со што ќе се спречи т.н. „затворски туризам“. Терминот и праксата станаа актуелни во последниве месеци, откако високопрофилни осуденици (Сашо Мијалков и претходно Орце Камчев) почнаа да ја користат законската можност да го менуваат […]

Во Охрид отворен Конзулат на Србија


Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев. На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска […]

Орбан како портпарол на Москва, бара мировни преговори место санкции


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека на Европската унија и е потребна нова стратегија околу војната во Украина, бидејќи санкциите против Москва немаат ефект. -Потребна е нова стратегија што треба да се фокусира на мировните преговори и како да се дојде до добар мировен предлог…место до тоа како да се добие војната, рече Орбан […]

Костадиновска Стојчевска: За јазикот не преговараме


Ставот на Владата е конзистентен, а тоа е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме, што значи дека нашиот јазик е заштитен, изјави денеска во Охрид министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. -Она што јас можам да ви го кажам, не сакам да коментирам ставови на други држави. Но, сакам да го искоментирам  на Република […]

ХРВ: Руските сили вршат тортура врз воени затвореници и цивили во Украина


Организацијата за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ги обвини руските вооружени сили за тортура врз воени затвореници и цивили во Украина. Интервјуата со десетици луѓе во окупираните јужни региони Керсон и Запорожје открија 42 случаи во кои руските сили произволно затворале цивили или цивилите исчезнале. Некои немаа никаков контакт со надворешниот свет, а многумина беа жртви […]

Државата даде на земјоделците 13.758 хектари земјоделско земјиште


Во година во која цената на храната и земјоделските производи постојано расте, Владата преку седум јавни огласи стави на располагање 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целтата територија на државата со површини до и […]

Стоилковски: Владата да не бега од референдум ако постигнала успех


Стоилковски: Владата да не бега од референдум, ако навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие, порача денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.  „Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива […]

Што пишува во „Македонскиот синдром“ – тајниот извештај на ЦИА од 1971


(Колумна за Дојче веле) Лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ пред три дена во текст околу почнувањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија пишува дека бугарските услови за нашата земја се причина за загриженост околу плановите на Унијата за проширување на Балканот. Во овој текст се наведува и документот изработен од офицерите на ЦИА на […]

Бугарија четврти пат ќе оди на избори заради Слави Трифонов


„Има таков народ“ (ИТН) четврти пат за 1,5 година ја урива владата во Бугарија, изјави за БНТ претседателот на пратеничката група на „БСП за Бугарија“ во Народното собрание, Георги Свиленски. Тој додаде дека поради ИТН Бугарија четврти пат ќе оди на избори. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Свиленски, ГЕРБ, Движењето за […]

Лавров ја оцени како разумна одлуката за евхаристичко единство на СПЦ со МПЦ-ОА


Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров позитивно ја оцени одлуката на Архиерејскиот собор на Српската Православна Црква (СПЦ) и Патријархот Порфириј за евхаристичко единство со Македонската Православна Црква-ОА, јави дописникот на МИА од Белград. – Ова (обновување на евхаристиското единство меѓу СПЦ и МПЦ-ОА) го оценувам само позитивно. Мислам дека тоа е разумна […]

Русија им плукна во лице на ОН, го ракетираше пристаништето во Одеса


Украина го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги „плукна в лице“ Обединетите нации и Турција со гранатирањето на Одеса и најави дека Москва ќе сноси „целосна одговорност“ за неуспехот на Договорот за извоз на жито потпишан вчера во Истанбул. – Со истрелување проектили врз пристаништето Одеса, Путин им плукна во лице на генералниот секретар […]

Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на Софија за македонскиот јазик


Во посебна позиција, бугарските членови на Клубот за бугарско-македонско пријателство го изразуваат својот став за документот на бугарското Министерство за надворешни работи, во кој експлицитно се нагласува дека Бугарија продолжува да не го признава македонскиот јазик, јавува дописникот на МИА од Софија. Според нив, ваквата декларација непотребно го усложнува и го попречува процесот на зближување […]

Самостојна изложба на Наташа Попоска-Карче на „Охридско лето“


Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче. Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе биде поместена  во Предворјето на црквата „Света Софија“. Ликовната поставка e компилација од  дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост. Преточени во боја,навидум […]

Македонскиот јазик повторно се изучува во Лондон


 Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура. Курсот по македонски јазик веќе три академски години по ред, се одржува на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет во соработка со Меѓународниот семинар за македонски […]

Зајкова: Пратениците да апелираат до граѓаните да бидат внимателни во шумите


Ги повикувам сите пратеници во Собранието да потпишеме Апел до граѓаните за зголемено внимание и претпазливост при движење на отворен простор, планински и шумски места како и истиот да биде јавно објавен на сите социјални мрежи со цел да ја зголемиме свеста на граѓаните за овој реален, се присутен проблем и да дадеме свој придонес […]

Словенија сè уште гори


Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта“. Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.Во гаснењето на пожарот денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер. – Се надеваме дека пожарникарите со поддршка од воздух утрово ќе успеат да […]

МВР предупредува на зачестена појава на компјутерска измама со криптовалути


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна […]