Петрески: Просветарите заслужуваат повисока плата – нивниот влог е во иднината на оваа држава


Универзитетскиот професор Марјан Петрески во емисијата 24 анализа смета дека секој заслужува да има повисок животен стандард и тој се гледа преку платата. – Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава. Вложувањата треба да ги направиме сега преку образовниот систем за да имаме ефект по одредено време. Пред да […]

ОН со дебата за ограничување на ветото на постојаните членки на Советот за безбедност


Лихтенштајн треба да го свика Генералното собрание на ОН денеска, за да дебатира за нацрт резолуцијата, поддржана од Вашингтон, со која се бара од петте постојани членки на Советот за безбедност да го оправдаат користењето на ветото, јави АФП, пренесе Франс 24. Старата идеја, што има за цел да ги натера постојаните членки на Советот […]

Статуа на Ленин повторно во Хеническ, украински град близу Крим – окупиран од Русите


Статуа на поранешниот Советски лидер, Владимир Ленин, повторно е поставена во украинскиот град Хеническ, окупиран од Русија. Информацијата е потврдена од фотографии, објавени на социјалните мрежи, а Си-Ен-Ен ја утврди нивната веродостојност. Речиси седум години поминаа откако статуа од Ленин се отстрани, како дел од напорите за „декомунизација“. На фотографиите објавени на Фејсбук, може да […]

Човекот одговорен за смртта на Мек Милер, осуден на 11 години затвор


 Жител на Аризона (САД), вклучен во снабдувањето апчиња препишани со фалсификуван рецепт што доведе до смртта на раперот Мек Милер од предозирање во септември 2018 година, е прогласен за виновен од Федералниот суд вчера, јави ДПА. Според обвинителството во Лос Анџелес, Мек Милер мислел дека купува лек против болки – „оксикодон“, но подоцна се открило […]

Околу 30 проценти е зголемен извозот на флаширано вино годинава


Околу 30 проценти е зголемен извозот на флаширано вино годинава. Радува што се зголемува процентот на извоз на флаширано вино, тоа покажува дека во тој правец треба да се фокусираме. Да се зголемува вредноста на извозот, а паралелно, со низа мерки, да го поддржуваме секторот.   Ова го соопшти синоќа во Кавадарци министерот за земјоделство […]

Макрон: На ​​Франција не ѝ треба руски гас


Франција ќе поддржи целосно ембарго на нафта и гас за Руската Федерација, соопшти претседателот на Франција Емануел Макрон во интервју за ТВ каналот Франс 5. Макрон, исто така, ги негираше информациите дека на негова иницијатива е одложено прашањето за руското ембарго за нафта до крајот на француските претседателски избори и потсети на неговиот став дека […]

Денеска е Велики вторник


На Велики Вторник верниците си спомнуваат за настаните што се случиле на тој ден. Црквата определила на богослуженијата во овој ден да се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните од Христово време што се случиле токму на Велики Вторник. На овој ден, Господ Исус Христос изрекол многу поуки и параболи, меѓу кои […]

Десетици необјаснети случаи на воспаление на црниот дроб кај деца во Велика Британија


Англија – Здравствените власти во Велика Британија истражуваат десетици необјаснети случаи на акутен хепатитис и воспаление на црниот дроб. Случаите се претежно кај деца. Слични случаи на хепатитис кај деца се пријавени и во САД и Шпанија. Некои од заболените деца во Велика Британија биле толку болни што морале да бидат подложени на трансплантација, соопшти британската […]

Ќучук: Бугарија треба да ја ревидира позицијата кон Македонија


Софија треба да ја ревидира позицијата кон Скопје, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Според него, евроинтеграцијата на С Македонија и другите балкански земји може само да придонесе Бугарија и целиот регион да се чувствуваат посигурни, особено во ситуација на воен конфликт на европскиот континент. „Стратешки интерес на […]

На Бајден не му е во план да ја посети Украина и покрај апелот на Зеленски


САД– Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден. – Нема такви планови, одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. Владата на САД се […]

Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


САД– Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. Претседателот на Советот на министри Дејвид Малпас објави дека банката ја намалила прогнозата за раст за 2022 година од 4,1 отсто на 3,2 отсто, при што забавувањето на растот е главно во Европа и Централна Азија. Претходно овој месец, институцијата соопшти […]

Државно првенство на бармени


Во организација на Здружението на бармени на Македонија денеска во Скопје ќе се одржи 13-то Државно првенство на бармени. Натпреварот ќе се одвива во ресторанот Фор при што квалификациите започнуваат во 11.30 часот а финалето е предвидено за во 16.30. -Истиот ден ќе се одржи и финалето на првиот Giffard Bartender Cup кај нас. Победниците […]

Од денеска нов ковид-протокол во Собранието


Согласно здравствените протоколи од денеска во Собранието новинарите ќе можат да ги следат седниците на собраниските тела во салите каде што се одржуваат, а се враќа во функција Прес-центарот во Парламентот. За ова вчера на координација претседателот на Собранието Талат Џафери ги известил координаторите на пратеничките групи, -Покрај тоа, се враќа во редовна работа и […]

Премиера на куклената претстава „Во детска соба“ во Театар за деца и младинци


На сцената на Театар за деца и младинци вечер премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Во детска соба“ на режисерката Милена Миланова од Република Бугарија, која живее и работи во Франција. Како што информираат од Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје, станува збор за куклена претстава работена по различни современи методи. Еден од […]

Традиционален Велигденски концерт на „Танец“


Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, вечер, во Националната опера и балет, со почеток во 20 часот, ќе го одржи традиционалниот голем Велигденски концерт. На овој гала концерт ќе биде изведена атрактивна играорна и вокално-инструментална програма од различни региони на земјата, на кои се создавало македонското фолклорно богатство. Со учество на целиот […]

Македонија ќе аплицира за користење на Макро-финансиска поддршка на ЕУ


Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 39-та седница, што се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави. Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално […]

Променливо облачно со подолги сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 19 април 2022 година, 105-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 260 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 49 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути. Денов трае 13 часа и 28 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Почна битката за Донбас, објави претседателот Зеленски


  Русија ја започна својата долго најавувана, целосна офанзива за да ја преземе контролата врз источниот дел на Украина, објави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Сега веќе можеме да констатираме дека руските трупи ја започнаа битката за Донбас, за која се подготвуваа долго време“, рече тој во видео обраќањето. Зеленски рече дека „значаен дел […]

На бродот „Москва“ загинаа 37 лица, 100 се повредени и непознат број исчезнати


  Загинаа 37 членови на екипажот на потонатиот ракетен крстосувач „Москва“, изјави за независниот руски медиум „Медуза“ извор близок до командата на Црноморската флота. Според него, на 15 април нивните тела биле донесени во Севастопол. Претходно, „Нова газета.ру.Европа“ објави дека на „Москва“ загинале околу 40 морнари повикувајќи се на мајката  на еден од преживеаните членови […]