Изведба на операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети во НОБ


Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена денеска со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. „Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. […]

НАТО испраќа војници во Норвешка на воена вежба


Белгија – НАТО соопшти дека во понеделник ќе испрати војници во Норвешка каде ќе се спроведе воена вежба. Околу 30.000 војници, 200 авиони и 50 пловни објекти од 27 земји се очекува да учествуваат во вежбата Студената реакција 2022, најголемата вежба во која учествуваат трупите на НАТО оваа година. Вежбата ќе се одржи на неколку стотици километри од руската граница. – Оваа […]

Утринските температури насекаде под нулата, најстудено на Шапка и во Маврово -16


Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврово каде што се измерени -16 степени, во Берово и Крушево -12, Крива Паланка -10, во Охрид о Прилеп – 9, Битола -8, Тетово, Штип и Виница -7, во Скопје, Демир Капија и Струмица -6, Дојран -3 и во Гевгелија -2 степена. УХМР информира и дека на […]

Концерт на „40ЕСДЕНА“ и „Dead Man’s Hat“ во МКЦ


Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржи концерт на бендовите „40ЕСДЕНА“ и „Dead Man’s Hat. Бендот „4ЕСДЕНА“ го сочинуваат Јоана Ристеска, Венцислав Смаќоски и Саша Павловиќ. Нивниот албум „И ноќи“ ќе биде издаден како USB flash издание на 12-ти март. „Dead Man’s Hat“ е инди/dream pop/алтернативен фолк рок бенд од Софија, Бугарија, предводен […]

Променливо облачно и студено со северен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со услови за провејување на слаб снег во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 12 март 2022 година, 71-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 294 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 53 минути, а ќе зајде во 17 часот и 35 минути. Денов трае 11 часа и 42 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

Собранието ги донесе измените на законите за ДДВ и за акцизи


Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, Собранието доцна вечерва ги усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден „против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по […]

Америка воведе санкции против жената и децата на Дмитриј Песков


  Американските власти воведуваат санкции за најблиските роднини на прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков. Ова за време на брифингот за новинарите го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс. „Исто така, воведуваме санкции за 12 членови на руската Државна дума кои ги водеа напорите за признавање на таканаречените народни републики Донецк и […]

Валентина Тасева од „Семос“ избрана за креативна претприемачка на Западен Балкан


Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во Тирана организираше избор на жени преприемачки на Западен Балкан за 2021 година во шест категории и воедно ја промовираше првата Регионална мрежа на жени претприемачки во регионот. Меѓу лауреатите беше и Валентина Тасева, сопственичка на фирмата „Семос Едукејшн“ која беше избрана за „креативна претприемачка“. Другите наградени претприемачки се […]

Што значи укинување на статусот Најповластена нација за Русија


САД, Европската унија, Велика Британија, Канада и Јапонија заеднички ќе го го укинат статусот на Русија „најповластена нација“ (МФН) поради нејзината инвазија на Украина. Што е статусот МФН и што значи неговото укинување? СТАТУС НА НАЈПОВЛАСТЕНА НАЦИЈА Членките на Светската трговска организација (164) се обврзуваат да ги третираат другите членки еднакви за да можат сите […]

Три лица, од кои две тешко, повредени во сообраќајна несреќа кај Прилеп


Три лица се повредени, од кои две со тешки телесни повреди, во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари. Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп. Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен […]

ОН: Голема е веројатноста дека Русите користат касетни бомби во населени области


 Канцеларијата за човекови права при ОН соопшти дека има „веродостојни извештаи“ кои покажуваат дека руската војска постојано користела незаконски забранети касетни бомби во населените области на Украина, нагласувајќи дека оваа практика се смета за воено злосторство. Агенцијата на ОН има десетици свои набљудувачи во Украина, а повеќе треба да пристигнат кога ќе почне со работа […]

Трет руски генерал е убиен од украинските сили, соопштија западните власти


Западните власти соопштија дека украинските сили убиле и трет руски генерал. Станува збор за генерал-мајор Андриј Колесников, јави Си-Ен-Ен. Според веб-страницата на руското Министерство за одбрана, Колесников бил командант на Источниот воен округ. Официјален претставник на западните одбранбени сили, за да обезбеди контекст, информира дека само тројца руски офицери на генералштабот биле убиени за време […]

Пендаровски: Ние сме предмет на пропагандна војна, нашето небо го чуваат сојузниците од НАТО


Ние сме предмет на пропагандна војна, лажни вести и хибридни напади, кои се зголемени на „енти-степен“ од почетокот на конфликтот во Украина, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „Том тема“ на телевизија Телма. – Од 2018 година, кога го организиравме референдумот за името, ние сме под постојан бараж на напади, кои во […]

Седум правни субјекти во Скопје казнети за непочитување на владините одлуки


Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки. – Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките […]

Украина: Белорусија вечерва може да почне инвазија против нас


Украинскиот центар за стратешки комуникации соопшти дека не ја исклучува можноста вечерва Белорусија да ѝ се придружи на Русија во нападот врз Украина, по денешната средба во Москва помеѓу претседателите на двете земји Александар Лукашенко и Владимир Путин. „ Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вклучени во инвазијата на 11 март во […]

Зеленски до Полјаците: Се бориме и за вас


Варшава– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека одговорност на Алијансата е конфликтот од Украина да не се прелее во други земји. – Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО, рече Столтенберг во видео обраќањето до полските пратеници и сенатори на свечената седница на двата дома во Варшава на годишнината од […]

ОН нема сознанија за постоење на програма за биолошко оружје во Украина


  Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина. Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина. Накамитсу се осврна и на […]

Хрватските радарски системи го следеле беспилотното летало што се урна во Загреб


Хрватска– Хрватските радарски системи го регистрирале и следеле беспилотното летало што се урна во Загреб, од неговиот влез од Унгарија околу 22 часот и 57 минути се до падот. Тоа се движело со брзина од 700 километри на час и во хрватскиот воздушен простор било седум минути, изјави денеска на вонредна прес-конференција хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ. Прашан зошто немало реакција […]

Османи: Целосното интегрирање на регионот е од директен политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ


Шефот на дипломатијата Бујар Османи во рамки на учеството на Анталија дипломатскиот форум, денеска се обрати на панелот насловен „Дијалог за помирување на Балканот“, на кој говореше за влошената безбедносна и гео-политичка ситуација на во Европа по инвазијата на Русија врз Украина, што, како што оцени, претставува дополнителен фактор зошто ЕУ треба итно и без […]